• Latest

Ковачевски: Двотретинските реформи не смее да се уценуваат, обврските кон ЕУ не се за дневна политика

March 16, 2023
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Двотретинските реформи не смее да се уценуваат, обврските кон ЕУ не се за дневна политика

March 16, 2023 20:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во Сител телевизија кажа дека до целосно зачленување во ЕУ нашата држава, како и секоја друга држава, треба да донесе одредени одлуки коишто се однесуваат на исполнување на критериумите предвидени од ЕУ како и обврските од  преговарачката рамка, којашто е усвоена со заклучоци од страна на македонското собрание со мнозинство гласови.

-Од тие обврски не може да се прави дневна политика, бидејќи ние и до крајот на зачленувањето ќе имаме уште одлуки коишто ќе треба да се  носат со двотретинско мнозинство во Собранието, реформи на јавната администрација, реформа на децентрализацијата, реформа на судскиот систем, реформа на обвинителскиот систем, тоа се се реформи кои се носат со двотретинско мнозинство. Тие двотретински реформи не можат да бидат предмет на уцена, тие се предмет на стратешка определба на државата, исто како што биле и во други држави коишто пристапувале во ЕУ, кажа Ковачевски.

Според него двотретинското мнозинство кое е потребно за уставните измени е потребно за државата, бидејќи ако досега 17 години земјата имала вето од други земји за отпочнување на преговорите со ЕУ или за зачленување во НАТО, сега за првпат можеме сами себеси да се блокираме.

-Не преговараме со Бугарија, ние преговараме со ЕУ, ние преговараме врз основа на критериуми и скринингот кој што кога ќе заврши, целата јавност ќе се увери што се ние како држава треба да направиме како реформи во сите области со цел да ги спомнеме критериумите во однос на зачленување во ЕУ. Тука се однесува и на владеењето на правото, и на реформите на јавната администрација, и на владеењето на демократијата и на акцискиот план за заштитата на малцинските права, кажа Ковачевски.

Тој информира дека Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу нашата држава и ЕУ за првпат се одржува во Скопје.

-Првиот состанок е одржан пред 22 години, ова е прв состанок којшто се одржува во Скопје, на овие годишни состаноци се разговара за темите кои што биле клучни во текот на изминатата година а ние имаме што да кажеме за изминатата година, бидејќи после 17 години чекање ги отпочнавме преговорите со ЕУ, скринингот оди според планот и според сите извештаи од Брисел нашите тимови исклучително подготвено ја презентираат и претставуваат државата во Брисел, го потпишавме договорот Фронтекс каде што јасно .. дека македонскиот јазик е на едно ниво со сите јазици во ЕУ, без никакви додавки , придавки, појаснувања и така натаму и жал ми е што опозицијата излезе од салата кога се гласаше договорот Фронтекс, бидејќи досега ништо не поддржале сметам дека овој ќе го подржат, меѓутоа .. сила ниту ова да го поддржат, на тој состанок нормално дека ќе разговараме и затоа што претстои, ќе разговараме и за севкупните односи кои што ги имаме со ЕУ, со соседните држави секако и за чекорите кои што треба да ги направиме во текот на периодот кој што е пред нас, вклучително и уставните измени меѓутоа и на реформите во сите области кои што се потребни со цел унапредување на државата и правење на државата на ниво која што ќе одговара на земјите членки на ЕУ, истакна Ковачевски.

Tags: Димитар КовачевскиЕУреформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ