• Latest

Запленета дрога вредна половина милион евра, откриена лабораторија за производство на амфетамин во Скопје

March 17, 2023

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Запленета дрога вредна половина милион евра, откриена лабораторија за производство на амфетамин во Скопје

March 17, 2023 14:13
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера (16.03.2023) во Скопје од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и со поддршка од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал лишeни се од слобода пет лица, и тоа Д.Т.(25), Е.М.(35), Ж.П.(46), С.Ч.З. (38), Б.Ф (44), сите од Скопје, изјави Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

 

„Извршени се претреси на седум локации во Скопје и при тоа била откриена лабораторија за производство на амфетамин, како и дрога со вредност од околу половина милион евра, доколку била продадена преку уличните дилери. Имено, пронајдени се синтетичка дрога амфетамин во количина од околу седум килограми, еден килограм кокаин, околу 22 килограми марихуана, околу 3.000 таблети екстази, автоматска пушка „калашников“, 667 куршуми различен калибар, рамка за автоматска пушка, две рамки за пиштол, повеќе дигитални ваги со остатоци од амфетамин, опрема за производство на синтетичка дрога амфетамин, калапи за амфетамин, поголема количина на течност за производство на синтетичка амфетамин, евиденции, тетратки и листови со прибелешки за должници односно лица кои купувале дрога, пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога и четири патнички возила.

Претходно, во текот на месеците јануари, февруари и март 2023 година, по наредба на Јавен обвинител од ОЈО Скопје, беше спроведено криминалистичко истражување насочено кон лица улични дилери, кои вршат продажба на синтетичка дрога амфетамин и на марихуана од Скопје при што веќе беа лишени од слобода три лица Д.Т. (33) , Д.М. (37) и Ј.С. (41) сите од Скопје кои набавувале синтетички дроги и кои се веќе кривично процесуирани.

Приведените лица подолго време биле инволвирани во улична продажба на синтетичка дрога амфетамин на подрачјето на Скопје за што изнајмиле повеќе станови во центарот на Скопје, како и во населбата Ѓорче Петров, кои ги користеле како депо за чување, производство и пакување на синтетички дроги и во нив преземале мерки на заштита со инсталирање на видео надзори.

Дрогата ја продавале по 2.000 денари за грам амфетамин, 3.000 денари за грам кокаин, 600 денари за таблета екстази, а пакување марихуана за 1.000 денари.

Од страна на СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје денеска ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Вакви активности полицијата спроведува и во другите градови од државата. Од почетокот на оваа недела извршени се 36 претреси, приведени се 32 лица, при што запленет е амфетамин, екстази, марихуана и други видови дрога.

Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со преземање на засилени мерки и активности во борбата против недозволената трговија со дрога и наркотични и синтетички дроги со цел заштита на граѓаните. Овие дроги претставуваат голема опасност по здравјето на луѓето и сузбивањето на ваквата појава е еден од приоритетите на МВР“, истакна Ангеловски.

Не добивме конкретен одговор дали помеѓу уаспените дилери е и наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ од Општина Аеродром. Во врска со оваа информација, на својата Фејсбук страна се огласи градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

„Утрово примив информација дека поради постоење основани сомневања за сторено кривично дело, припадниците на Министерството за внатрешни работи привеле наставник кој подолг временски период работи во основното училиште „Александар Македонски“. Како градоначалник, родител и универзитетски работник, но и како човек кој преку активностите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, директно е поврзан со правото и е дел од образовниот процес цврсто стојам на ставот дека наша обврска е да дадеме се од себе за на децата да им овозможиме училишните денови да ги поминуваат во здрава средина. Процесот на социјализација и едукација на дечињата не смее да се поврзува или да биде обременет со било каква нелегална активност која е во спротивност со законот“, објави Муцунски.

Д. М.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ