• Latest
Фото: миа.мк

Црвен крст одбележува 78 години постоење, собрани над 960 илјади евра за настраданите подрачја во Туркије и Сирија

March 20, 2023

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Црвен крст одбележува 78 години постоење, собрани над 960 илјади евра за настраданите подрачја во Туркије и Сирија

March 20, 2023 12:18
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваме да ја покажуваме нашата солидарност на дело преку помошта која ја обезбедуваме за настраданите подрачја во Туркије и Сирија. Добра е веста дека досега се собрани над 960 илајди евра помош за настраданите подрачја, а целта е да се стигне до еден милион евра, нагласи премиерот Димтиар Ковачевски на денешниот настан по повод одбележување на 78 години постоење на Црвениот крст на Република Северна Македонија кој годинава е посветен на хуманоста и солидарноста со настраданото население во Туркије и Сирија.

Премиерот посочи дека Владата издвои околу 100 илјади евра за помош на настраданите, при што беа задолжени повеќе институции за испраќање тимови и други типови помош.

–Минатата година донесовме и одлука за одобрување буџетски средства во износ од  243 илјади евра за Црвениот крст како финансиска помош за делување при итни состојби. Во рамки на општата помош годинава донесовме одлука за финасирање на годишната програма на Црвен крст за која е предвиден износ од над 130 илајди евра, како и средства за обезбедување на трошоци за проектни активности од близу 98 илјади евра и срества од над 32 илајди евра за реализација на проект за одмор за деца од социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за летен распуст за 2023, истакна Ковачевски.

Тој својот говор го заокружи со пораката на првото движење на хуманост што се формира во Женева, Швајцарија.

-Да го спречиме и ублажиме човековото страдање, како и да го заштитиме здравјето, да обезбедиме почит и достоинство на човековото битие, особено во време на вооружени конфликти, несреќи и катастрофи и да работиме на превенција на болести, да поттикнеме доброволно ангажирање и постојано подготвени за давање помош како универзално чувство за солидарност и хумансот, нагласи премиерот.

Турскиот амбасадор во земјава изрази благодарност до македонскиот народ потенцирајќи дека веднаш се мобилизиравме во овие тешки и тажни денови на Туркије.

-Обединети во едно срце, јавните институци, невладиниот сектор, бизнис заедницата, образовните институции, млади и возрасни, сите помогнаа за настраданите од погодените региони. Не може да ги вратиме назад изгубените животи, но со сета можна сила ќе работиме на закрепнување на раните на оваа природна катастрофа. Одново ќе ги изградиме разурнатите градови и училиша, истакна амбасадорот.

Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити нагласи дека хуманоста не се кажува, туку покажува и докажува, таа не се импровизира туку до срце се практикува. Нашите граѓани, како што потенцира, докажаа хуманост на дела изминатиот период и сочувство со населението во Туркије и Сирија.

-Животот често е исполнет со болка, тага, незадоволство, тешкотии и не тера да рамзислиме дали има причина и колку може да бидеме хумани и човечни, но останува за миг да заборавиме на себе и да помислиме на другите, само така ќе ја дознаеме потребата од тоа да се биде добар. Многу поблиску до човековата природа се добрите дела, а не злото и затоа не смееме да веруваме дека живееме во нехумано општество. Во наредниот период продолжуваме да рбаотиме на обезбедување подостоинствен живот на оние на кои им е потребна поддршка, рече Саити.

Tags: СиријаТуркијеЦрвен Крст
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ