• Latest
Војо Маневски

Дебата како нужен лек

March 27, 2023

Скопје домаќин на тридневна меѓународна конференција демократија и хибридни закани

October 6, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Израел и Хамас на преговори во Египет за прекин на огнот во Газа

October 6, 2025

Втора недела изборна кампања

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дебата како нужен лек

March 27, 2023 12:23
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Најмалку половината од светската историја се случила затоа што некој имал храброст да каже нешто кога другите молчат. А она што на секое општество му е нужно за да биде заедница на граѓани а не на поданици, е разговорот со себе и внатре во себе, да дебатира за да не мора да молчи, да дебатира за да може да се каже она што без дебата никогаш нема да биде кажано. Отсекогаш сум сметал дека суштината на новинарската професија не е само пренесената точна вест туку и поттикнувањето на дебата за најважните работи меѓу граѓаните за да не ги замолчи некој што состојбата кога има власт или моќ му дава право да се слуша само неговиот глас. Затоа во мојава колумна го ставам текстот на група интелектуалци кои очекуваат дека нивните согледувања ќе доведат до дебата која ќе донесе нови идеи за излез од состојбата во која се наоѓа нашата заедница.

 РЕВОЛУЦИЈА НА СВЕСТА КАКО РЕШЕНИЕ ЗА МАКЕДОНИЈА  (Прв дел)

Не треба да се биде многу мудар за да се заклучи дека состојбата во Македонија е лоша од секој аспект. Практично нема област во која македонскиот граѓанин може да биде задоволен.

Најмногу загрижува бесперспективноста, чувството дека сме немоќни и дека многу тешко ќе излеземе од  политичката и економската криза. Дополнителен товар додава и фактот што довербата на граѓаните во сите институции во државата е под секое ниво. Таа недоверба го убива секое чувство на оптимизам. Зошто е тоа така и дали воопшто може да се направи нешто?

Носители на сите активности во сите институции се луѓе, но, за жал, очигледно е дека тие луѓе не ја работат работата за која се поставени. Причините за тоа се повеќе, но најголем виновник е долгогодишната неконтролирана партизација на целото општество. Критериумите за поставување на партиски кадри кои ни од далеку не ги имаат потребните квалитети и знаења за соодветната функција се главниот генератор за сите понатамошни негативни последици. Некомпетентноста на раководителите ја елиминира мотивираноста на вработените, кои или не работат како што треба или ја напуштаат работата, оставајќи можност на нивно место да дојдат други, кои се уште помалку квалитетни.

Неколкуте последни владејачки гарнитури во Македонија не прават ништо во насока на решавање на оваа состојба. Напротив, секоја власт, како ќе стапи на функција, уште повеќе ги полни институциите со свои партиски војници. Најголем дел од нив, освен партиското, немаат никакво друго животно искуство, а за квалификации (реални) и личен квалитет воопшто да не зборуваме.

Ако се скенираат политичките партии кои имаат значење во политичкиот живот во државата, и позиција и опозиција, се гледа дека самите тие функционираат на тој начин. Поточно, партиите се изворот на ограничувањето на квалитетните кадри да дојдат до израз. Демократијата во нивното делување е само мисловна именка и постојаното истакнување на демократијата е само параван за покривање на токму спротивното – потполна автократија. Статутите на политичките партии, без исклучок, се декларирани како демократски, но тоа е само за замајување на членството. Реалноста е сосема друга.

Како пример ќе го споменеме Статутот на ВМРО-ДПМНЕ. Уште од самиот почеток од 90-тите е со лимитирана демократија, со секоја следна измена станува сѐ помалку демократски. Последниот Статут од 2020-та година беше промовиран како најдемократски, европски статут, по терк на европските конзервативни партии. Но, од внимателно читање на истиот ќе се заклучи дека во суштина, тој Статут е правен за да му се овозможи на претседателот да ја има потполната контрола во партијата, негово смена е практично неможна и никој во партијата не може да биде поставен на која било позиција без негова согласност. Резултат од ова е целосна приватизираност на партијата и целата кадровска политика е во негови раце. Секој кој нема да се вклопи во неговите планови и идеи, може да биде сменет без никаква пречка. Од друга страна, за сопствените погрешни чекори, тој не одговара пред никој. Отсуството на коригирачки фактор го прави да се чувствува семоќен и без контрола, оди од грешка во грешка, без чувство за одговорност.

Поради тоа, воопшто не изненадува што целокупното раководство е безидејно, без концепција, донесува одлуки од ден за ден, ги менува ставовите за иста тема по повеќе пати, зависно од расположението на претседателот. Стратегија за малку подолгорочно делување не постои и често постапките се контрадикторни со претходни ставови.

Поради организационата поставеност, во врвот на партијата се останати лица кои немаат капацитет да преземат одговорност, кои се појавуваат само во моменти кога сакаат да претстават некоја „идеја“ на претседателот, без сопствени ставови и без јасна цел за резултатите од спроведување на таа идеја.

Делувањето на актуелното раководство на најголемата опозициона партија придонесува членовите и поранешните поддржувачи на истата кои имаат личен интегритет, да се повлечат и повеќе да не се обидуваат да направат промени бидејќи со секој чекор кој не е во согласност со врвот ли на кој било начин искажуваат критика, се соочуваат со синхронизирана канонада на напади во медиумите и на социјалните мрежи.

Обичните членови не можат да донесат објективен заклучок бидејќи до нив стигнуваат само фабрикувани и филтрирани информации кои ги насочуваат во погрешна насока. Самоуништувачко за партиите е што самите партии ги сатанизираат и прогласуваат за непријатели сопствените членови кои искажуваат ставови различни  од раководството. Како цел да е сите кои размислуваат поинаку да бидат отстранети од партијата за истата да стане уште послаба.

Се поставува прашањето, на пример, доколку опозицијата дојде на власт, кои ќе бидат структурите кои ќе ја организираат таа власт? Дали таа  партија би имала капацитет да постави способни луѓе со кредибилитет, интегритет и авторитет да донесат вистински промени во институциите во кои ќе бидат поставени?

Поблиску до вистината е дека состојбата од партијата, која и да победи, ќе се преслика и на државно ниво, поточно нема ништо да се смени на подобро, или дури ќе биде и уште и полошо – да се продолжи со надолниот тренд започнат поодамна.

Состојбата не е многу различна и во владејачките партии. Затоа мора да се започне со вистинско решавање на проблемите….

*

Ова е прв дел од текстот. Остатокот ќе го пренесам во следната колумна.

Засега идентитетот на групата нема да го обзнанам за да биде поттик за дебата а не да биде мета за лично дезавуирање на авторите на социјалните мрежи и партиските медиуми. Целта е да се разговара за идеите и за предлозите а не за личностите без разлика на која страна од дебатата ќе бидат.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Војо Маневскиколумнапартизација
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ