• Latest

Ковачевски: Граѓаните сакаат да живеат во ЕУ, но дома во нашата држава, потребни се храбри одлуки

March 28, 2023

Парада на победата во Москва, 9 мај 2025 година

May 10, 2025

Мастрафот си ти

May 10, 2025

Трамп соопшти дека Индија и Пакистан постигнале договор за целосен прекин на огнот

May 10, 2025
Министерот Тимчо Муцунски во Лвив, Украина, на Денот на Европа, 9 мај 2025 (фото извор: Профилот Х на Муцунски)

Министерот Муцунски беше дел од министерскиот состанок на Основната група за Специјалниот трибунал за злосторство агресија против Украина; Амбасадорката Дир се заблагодари за поддршката

May 10, 2025
A sculpture installation at the Lawn on D | Flickr (CC BY-NC-ND 2.0)

Револуцијата на градот во кој може да се живее

May 10, 2025
Фото: Zaporizhzhia RMA

Северна Македонија се приклучи на повикот на ЕУ за безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина

May 10, 2025

Љубомора и завист во антизападниот македонски политички блок

May 10, 2025
Потписот на Доналд Трамп (Wikimedia Commons)

Трамп преку проглас ќе промовира порака за „самодепортација“ на мигрантите

May 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан и Индија се движат кон тотална војна по новиот бран напади

May 10, 2025

Борел: Три пати повеќе експлозивна моќ е фрлена врз Газа отколку што беше употребена во бомбата во Хирошима, а ние снабдуваме половина од тие бомби!

May 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски: Граѓаните сакаат да живеат во ЕУ, но дома во нашата држава, потребни се храбри одлуки

March 28, 2023 15:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Приоритет во однос на Уставот е исполнување на нашата обврска од преговарачката рамка, која ја усвоија 27 земји-членки на Европската унија во делот на уставните амандмани за вклучување на други делови од народи кои живеат во Република Северна Македонија, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Приоритет се уставните измени со цел продолжување на европскиот пат на државата за што се определиле граѓаните. Ќе биде формирана комисија која ќе биде на високо стручно ниво и која ќе вклучува експерти, професори и практичари што ќе работат на овие уставни амандмани, кои ќе бидат ставени на јавна расправа. Во тој процес веројатно ќе се појават и идеи во однос на некои други делови од Уставот, каде треба да се направат унапредувања што повеќе се од процедурален карактер на функционирањето на одреден број на институции, прецизира Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Граѓаните, како што кажа, сакаат да живеат во ЕУ, но дома во нашата држава и тоа е она што го бараат од нас политичарите да го направиме.

-Во комисијата се повикани да учествуваат и претставници на опозицијата, рече Ковачевски и додаде дека конечно опозицијата треба да учествува во барем еден процес во државата што е стратешки и од клучно значење.

Порача дека политичарите треба да бидат одлучни и да носат одлуки кои гледаат кон иднината и обезбедуваат подобра иднина за граѓаните како што го направија тоа кога ја донесоа одлуката што и овозможи земјава да влезе во НАТО што, потенцира, се покажа клучно по руската инвазија на Украина.

-Ние сме на прагот на довршување на патот за членство во ЕУ. Верувам дека со вистински и со храбри одлуки, а не со криење зад народот како што досега се криеше опозицијата во сите важни процеси за државата, дека тоа ќе го направиме до 2030 година и ќе станеме членка на ЕУ, потенцира Ковачевски.

Истакна дека е убеден дека и во ВМРО-ДПМНЕ има политичари кои имаат европска визија, храброст и одлучност да го поддржат европскиот пат на државата и да не ја повторат грешката од порано заради која државава 11 години чекаше влез во НАТО, токму заради неносење на важни одлуки.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУКовачевскиуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ