Најголемите космополити и мигранти меѓу птиците, познати по својата лојалност и приврзаноста кон луѓето, штрковите, почнаа да пристигнуваат кај нас – или да се враќаат дома. Овие птици се познати во митовите како носители на добри вести, а некои народи ги негуваат приказните дека децата ги носат токму тие, штрковите.
Без оглед дали пристигнуваат или се враќаат дома, штрковите секогаш имаат импозантно гнездо. Некои гнезда можат да достигнат димензии и до два метри во пречник.
Камерата на нашиот читател од Кривогаштани го забележа овој шртк кој се врати во својот дом денеска и ни предложи да ја објавиме. Со задоволство ја прифативме идејата.