• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Формирана работната група за уставните измени, Владата ги зголеми замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот, Џејмс Рубин во Скопје ќе разговара со властите за борбата против дезинформациите

April 11, 2023
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Формирана работната група за уставните измени, Владата ги зголеми замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот, Џејмс Рубин во Скопје ќе разговара со властите за борбата против дезинформациите

April 11, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Министерството за правда ги објави имињата на учесниците во работната група за уставни измени

Министерството за правда денеска ги објави имињата на учесниците во работната група за уставни измени предложени од парламентарните политички партии и од институциите. Рокот што им беше даден од Министерството за правда на институциите и политичките партии во дописот за номинирање свој претставник во работната група истече ноќеска на полноќ. 

Цветанка Иванова од СДСМ, Арбр Адеми од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партија на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партија за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократска партија на Турците, се предлозите од парламентарните политички партии за членови во работната група.

Од институции се предложени Александар Спасов од Кабинет на претседател на Република Северна Македонија, Драган Тилев од Секретаријат за европски прашања и Шпенд Садики од Министерство за надворешни работи.

Од Министерството за правда велат дека експертите кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе се соопштат до крајот на неделава.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Килограм домати и краставици ќе чини максимум 95 денари, килограм пипер до 100 денари, килограм грав 95. Кромидот поскапува за десет денари и ќе биде 70 денари, а само леќата, истакна Бектеши, ќе биде над 100, односно ќе се продава по 110 денари за килограм. Килограм банани ќе чини до 75 денари, килограм портокали до 60, килограм мандарини до 65 и килограм лимони до 60 денари“, изјави министерот Крешник Бектеши, согласно Одлуката на Владата со која се корегираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

БОРБА ПРОТИВ ДЕЗИНФОРМАЦИИ Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, по посетата на Подгорица, се очекува да дојде во Скопје на разговори со македонските власти за борбата против дезинформациите.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба.

ОДБРАНА Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска го проследи на натамошна постапка во Собранието Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2023-2032 година.

ГРАД СКОПЈЕ Иако според најавите овие денови се очекуваше градоначалничката Данела Арсовска да соопшти кому се доделени трите пакет-линии за превоз на 16 автобуски линии, со што конечно би се нормализирал јавниот превоз во Скопје, таа денеска објави нов јавен оглас, односно го повтори оној што беше објавен на 6 март, со истите побарувања и услови како во претходниот, пренесува Градска.мк.

МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ Четириесет и четири основни и 16 средни училишта низ државава ќе добијат средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција за учебната 2022/2023 година.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Главниот заменик портпарол на Стејт департментот на САД, Ведант Пател, ги коментираше изјавите на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, кој тврдеше дека Украина треба да исчезне од светската мапа, соопшти прес-службата на Стејт департментот, пренесува Укринформ.

*

Руската управа во Снижне, регионот Донецк ги отпушти вработените во локалната болница кои одбија да земат руски пасоши што им беа наметнати, стои извештајот на Генералштабот на вооружените сили, пренесува Укринформ.

АЛ-ПРЕС

На северот на Косово, во местото Лепосавиќ синоќа со оружје е повредено едно лице од српска етничка припадност, а медиумите информираат дека со изјавата на директорот на српската канцеларија за пропаганда против Косово, Петар Петковиќ, дека во него пукала косовската полиција, започнала антиалбанската пропаганда. Косовската полиција се огради од вооружениот инцидент.

Во продолжеток се темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Универзитетското образование е супериорно во однос на специјализираните курсеви понудени од профитните групи бидејќи обезбедува темели, престижен акредитив, можности за вмрежување, можности за истражување и поширок опсег на можности за кариера. Иако специјализираните курсеви може да изгледаат привлечни поради нивното пократко времетраење и пониска цена, тие можеби нема да го обезбедат истото ниво на образование и можности како универзитетската диплома. Затоа, инвестирањето во универзитетско образование е мудра одлука која може да исплати дивиденда во текот на животот на поединецот“, пишува Леон Бакрачевски, во колумната „Роди ме мајко и прати ме на курс“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ