• Latest

Ковачевски: Писмото на Агелер е пратено секаде каде што е потребно, има случаи кои се одолговлечени, опозицијата да се праша за законите блокирани во Собранието

April 26, 2023

24 ЧАСА: Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари; Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, реагира Силјановска Давкова; Нетанјаху сака „целосно освојување“ на Газа

August 5, 2025

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Писмото на Агелер е пратено секаде каде што е потребно, има случаи кои се одолговлечени, опозицијата да се праша за законите блокирани во Собранието

April 26, 2023 14:23
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Писмото содржи одредени случаи коишто, за жал, можам да кажам навистина се одолговлечени. Постапката оди со враќање од повисоки кон пониски инстанци во повеќе наврати. Сепак, тоа се прашања за судиите коишто работат и за оние кои управуваат со работата на судиите, одговори премиерот Димитар Ковачевски запрашан за  коментар на писмото на американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер кое таа на 11 април го испрати до судските и извршните органи, изразувајќи загриженост поради одлуката на Апелацискиот суд – Скопје да врати во првостепена постапка на повторно судење неколку предмети од, како што наведува, високи профили.

Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Самит Македонија2025, Ковачевски рече дека мора да се разграничи дека во државата има поделба на власта на извршна – Владата, законодавна – Собранието и судска власт –правосудните органи и дека писмото се однесува на правосудството.

На прашањето дали тоа значи дека писмото е пратено на погрешна адреса, одговори дека е „пратено секаде каде што е потребно“ и дека Владата стои на располагање за унапредување на законите, обезбедува услови за функционирање на судовите – во делот на буџетот, во предлагање законски решенија за унапредување на судската пракса итн. Но дека низа предлог-закони во Собранието се блокирани од опозицијата.

По донесениот нов Кривичен законик пред неколку месеци,  подготвен е, рече, и нов закон за Судската академија, нови закони се подготвени за ренумерација на судии и обвинители.

-Но голем број од нив се блокирани во Собранието и тоа е прашање за опозицијата, а не за мене, бидејќи опозицијата ги блокира и мора да ги каже причините поради кои ги блокира –   платите на судиите, реформа на Судската академија, тоа е се блокирано во Собранието, изјави Ковачевски.

Посочи и дека во време на кризна година Владата во ниту еден момент, како што рече, не ги намалила финансиите за правосудството со кои подоцна самите управуваат со нив, а и капиталните инвестиции се на ниво на предвиденото.

-Дел од судниците се дигитализираат, првата е веќе пуштена во употреба, веќе функционира и дел од системот за интероперабилност меѓу институциите, со оглед дека по електронски пат се забрзува комуникацијата на судовите со институциите со кои најмногу разменуваат информации. Се е тоа што Владата може да го направи во делот на унапредување на судството. Но, она што дополнително треба да се направи е повеќе да се вклучи Собранието, политичките партии, во делот на комуникација со судовите, зашто и по Устав, и по закон, судиите, членовите на Судскиот совет се избираат во  Собранието, рече премиерот.

Смета дека треба да се воведат подетални, мерливи показатели на секој поединец од правосудната фела бидејќи, како што рече, „не би генерализирал дали нешто комплетно не функционира или комплетно функционира“.

-Сепак, се работи за систем во кој постојат поединци од кои дел, веројатно, добро ја извршуваат својата работа, дел помалку добро, дел треба да го унапредат своето работење, а дел треба да бидат освежени со нов кадар. Но, сепак, тоа не е во ингеренции на Владата. Тоа што е во надлежност на Владата ние секојдневно го правиме на многу транспарентен начин, додаде Ковачевски.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Анџела АгелерДимитар КовачевскиМакедонија 2025писмоСамит
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ