• Latest

Директорот на ТВ Алфа, Бојаџи со експлицитен говор на омраза и повик за линч на неистомислениците

May 2, 2023
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Директорот на ТВ Алфа, Бојаџи со експлицитен говор на омраза и повик за линч на неистомислениците

May 2, 2023 16:01
in ГОВОР НА ОМРАЗА, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Ѕверови“, „крвници“, „човечки изроди“, „исфрустрирани ко***иња“, „ѓаволска сила“, „лажговци“, „умноболни“, „болно семе“ – е дел од вокабуларот со експлицитен говор на омразата што доаѓа од директорот на ТВ Алфа, инаку режисер и универзитетски професор, Јани Бојаџи, во колумната „Да не се лажеме, јас не простувам“, објавена во Нова Македонија на 29 април. Тој во својот текст повикува на одмазда и линч на политичките неистомисленици, изразувајќи ја желбата да ги види расплакани мајките, сестрите и жените на членовите на владејачката гарнитура во државата.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ издвои неколку делови од овој текст за кои посочува дека се експлицитен говор на омразата.

„Нема да простам, сакам да видам како лелекаат и проколнуваат до бес. Јас сакам да ги видам нивните мајки, нивните сестри, нивните жени и нивните ќерки како лелекаат, кубат коси и кинат кошули од болка…

Тој во колумната не изостави да го брани ликот и делот на бегалецот од правдата во Будимпешта, поранешниот премиер Никола Груевски.

„Груевски им го отстапи беа јавниот живот, образованието, културата, уметноста и медиумите, со чија помош девет години подоцна нелегално и нелегитимно истите тие на кои им прости, го симнаа од власт! Точка по „простувањето“! За една година започна прогон на Македонци од страна на комуњари, сдсмовци, а подоцна и северџани по идеолошка и политичка припадност“.

Бојаџи ги наброја најголемите успеси на македонската политика по кои земјата стана членка на НАТО и ги отвори перспективите за членство во ЕУ по повеќе од една деценија тапкање во место.

„Во меѓувреме, наспроти противењето на најголемиот број Македонци по род, ги потпишаа договорот со Бугарија и договорот од Преспа и направија нови политички отстапки, водејќи ја државата кон нови поделби и политички антагонизам“, напиша Бојаџи во колумната.

На самиот крај, Бојаџи „ветува“ дека, додека е жив, тие ќе живеат во немир.

Додека сум жив ќе живеете во немир. Помирете се со тоа. Мир нема да имате. Единствен начин да се спречи ново предавство и ново зло е да живеете обележано, во немир и страв“, пишува Бојаџи.

ЦИВИЛ остро го осудува овој експлицитен говор на омраза и повик за политички реваншизам, што го шири директорот на ТВ Алфа, Бојаџи, криејќи се зад правото на слобода на говорот. Неговите општествени и професионални позиции, како директор на телевизија со национална концесија, но и како универзитетски професор, подразбираат и повисока одговорност за неговото однесување во јавната комуникација и медиумите.

Непотребно е да се потсети јавноста дека со говорот на омразата, особено кога доаѓа од оние што имаат високи и одговорни позиции во општеството и/или институциите, може да се поттикне и да предизвика и дела од омраза.

Извештајот го подготви: Мониторинг тим на ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ