• Latest
Новинарски екипи под оган, Украина, 2022

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Медиумите на првата линија на одбраната на човековите права; нов скок на Северна Македонија за 19 места на Глобалниот индекс за слободата на медиумите; Работната група за изборни измени почна со работа

May 3, 2023
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Медиумите на првата линија на одбраната на човековите права; нов скок на Северна Македонија за 19 места на Глобалниот индекс за слободата на медиумите; Работната група за изборни измени почна со работа

May 3, 2023 17:22
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Новинарски екипи под оган, Украина, 2022

Новинарски екипи под оган, Украина, 2022

Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ Светски ден на слободата на медиумите: На првата линија на одбрана на човековите права и слободи

„На 3 мај оваа година се одбележува и триесетгодишнина од Светскиот ден на слободата на медиумите. Руската брутална агресија против Украина и деструктивните последици од сите облици на хибридното војување против демократијата во Европа и во светот, ја истакнуваат важноста на медиумите повеќе од било кога досега. Овој јубилеј ја дочекува Северна Македонија со уште еден скок на индексите. Добрата вест е што нашата земја бележи скок од 19 места на индексот на Репортери без граници. Но причини за радост на овој ден има малку“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ по повод Светскиот денот на слободата на медиумите.

ОН годинава го одбележува овој ден со темата „Обликување на иднината на правата: Слободата на изразување како двигател за сите други човекови права“.

ЦИВИЛ во соопштението го повтори ставот дека дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права искажан и на Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември 2022:

Дезинформациите и пропагандата убиваат. Тие предизвикуваат недоверба во институциите, поларизација, несигурност, страв, тензии и насилство. Со заканите против медиумите, центрите на моќта нанесуваат ненадоместливи штети по економијата, политиката, целокупниот социополитички живот во општеството, стабилноста и безбедноста на државата“, е ставот на ЦИВИЛ.

Организацијата организираше и панел дискусија што се емитуваше во живо.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Лариса Дир: Русија изврши повеќе од 500 злосторства против новинарите – 57 украински и странски новинари беа убиени, десетици се во руско заробеништво

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на Светскиот ден на слободата на печатот на својот Твитер профил објави дека Руската федерација изврши повеќе од 500 злосторства против новинарите – 57 украински и странски новинари беа убиени, десетици се во руско заробеништво. Искрено им благодариме на македонските новинари кои вистинито ја покриваат руската агресија против Украина, останувајќи во одбрана на европските вредности. Духовен подвиг.“

ВОЈНА ВО УКРАИНА

РУСКИОТ АГРЕСОР ПРОТИВ МЕДИУМИТЕ „Ја повикуваме меѓународната заедница да го зголеми притисокот врз русија поради убиства, тортура и прогон на новинари, сузбивање на развојот на слободна и безбедна средина за работа на медиумите на привремено окупираните украински територии“, соопшти украинското МНР.

СТРАВ Најмалку шест руски региони ги откажаа парадите на Денот на победата поради страв од украински напади.

ПОМОШ Помошта на членките на ЕУ за Украина досега изнесува 68 милијарди евра, соопшти Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СКОК Северна Македонија е рангирана на 38. место од вкупно 180 земји во светот според Глобалниот индекс за слободата на медиумите на „Репортери без граници“. Земјава бележи скок од 19 места во однос на 2022 година и е најдобро позиционирана во регионот на Западен Балкан, пред Црна Гора (39), Хрватска (42), Косово (56), Босна и Херцеговина (64) и Србија (91) и Албанија (96).

ГЕРМАНСКА АМБАСАДА По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, и германската амбасада излезе со соопштение во кое се истакнува дека независното новинарство е најдобриот лек против кршењето на човековите права и злоупотребата на моќта.

АЛ-ПРЕС

Во денешното издание на АЛ-ПРЕС станува збор за средбата на косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ, по што нивните позициите остануваат далечни. Постигнат е успех по прашањата за исчезнатите лица од војната во Косово. Во Албанија, владата предложи албанскиот јазик повеќе да не биде услов за странците кои сакаат да добијат албанско државјанство, доколку родиле деца за време на нивниот редовен престој во земјата.

СЛОБОДНА ЗОНА

Антидемократските, воените и криминалните режими и центри на моќта се во офанзива. Тие ја препознаваат вредноста на медиумите и се плашат од нив. Затоа, служејќи се со своите судско-полициски и подземни структури, тие не се воздржуваат од примена на брутална сила, пишува Џабир Дерала во денешната колумна под наслов „Хероите и хероините без чија пожртвуваност светот би бил обвиткан во мракот и лагите на монструозните режими“.

Слободата и не умеам докрај да ја објаснам само знам дека за неа најубаво пеат „неслободните“, ама она „печатот“ ме следи од времињата кога се троумев кој пат да го фатам. Е сега ќе очекувате длабокоумни тези за слободата на новинарството и анализа за денешните состојби на тој план. Не почитувани, има многу поумни наши сограѓани и почитувани колеги што ќе ви беседат за тоа. Јас овој пат ќе пишувам за свежата боја на утрешниот печат и едни бели панталони ставени во ризична состојба од печатарската боја на вчерашните весници“, пишува Војо Маневски во колумната „Утрешни вести“.

Д. Тахири

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ