• Latest
МТСП (фото: А. Ангеловски/ЦИВИЛ)

МТСП за ЦИВИЛ: Насилството врз децата остава последици за цел живот, имаме координиран пристап за заштита на децата жртви

May 5, 2023

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Молдавската проруска партија не ги признава резултатите од изборите и се заканува со протести

October 8, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација

October 8, 2025

Меџити: Владата го раскина договорот за концесија за експлоатација на варовник во Скопско Страчинци

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски до СДСМ: Папагалски повторувања и очај маскиран во политика – нема да поднесам оставка

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

МТСП за ЦИВИЛ: Насилството врз децата остава последици за цел живот, имаме координиран пристап за заштита на децата жртви

May 5, 2023 16:06
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
МТСП (фото: А. Ангеловски/ЦИВИЛ)

МТСП (фото: А. Ангеловски/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика и Националното координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје се заложи за сеопфатен пристап во заштита и превенција на децата од насилство поради што се донесе одлука за систематски пристап и развивање на Стратегијата за превенција и заштита на децата од насилство (2020-2025) и Акцискиот план (2020-2022).

„Во креирањето на стратегијата беа вклучени сите релевантни институцуии, граѓански и меѓународни институции. Притоа се тргна од тоа дека насилството врз децата остава последици за цел живот и честопати се пренесува од една генерација на друга и оттука итноста за справување со системските недостатоци кои се во насока на спречување на насилството и заштита на децата од занемарување, злоупотреба и насилство“, велат за ЦИВИЛ од Министерството за труд и социјална политика.

ЦИВИЛ како организација која во својот Статут ја има определбата да спроведува акции за превенција од конфликти, ефективна контрола на оружјето и надминување на култот кон оружјето, а во контекст на настаните во Србија, достави прашања до МТСП:

– Дали и на кој начин се вклучени образовните установи во превенцијата од насилство, оружено насилство и култ кон оружјето кај децата и младите? 

– Дали институциите преземаат превентивни мерки за да не се случат инциденти со масовно пукање и убиства и во нашата земја?  

Од МТСП велат дека во стратегија се содржани визијата, целите, стратешкиот пристап на државата и дејствата што треба да се преземат и подобрат при превенција и заштита на децата од сите видови на насилство.

„Заштитата на децата е процес кој е комплексен и обединува повеќе ресорни министерства во заедничкото постапување. Предвидените активности во Акцискиот план (2020-2022) се насочени кон обезбедување на координиран пристап во заштита на децата жртви како и нивно соодветно и навремено и згрижување, превентивни активности во насока на спречување децата да бидат жртви на насилство, подигање на јавната свест за овој проблем како и јакнење на капацитетите на стручните лица кои работат во оваа област“, велат од МТСП.

Како дел од Акцискиот план во надлежностите на Министерството за труд и социјална политика, се активностите: подготовка на програма за едукација на деца за ненасилна комуникација, препознавање на сите видови насилство, права на децата, во рамки на предучилишните установи. Исто така се работи и на развивање и спроведување програми за унапредување позитивни родителски практики и вештини.

Во тек е ревизија на спроведените акативности од Акцискиот план 2020-2022 и подготовка на нов 2023-2025.

„Министерството е предводник на социјалното и емоционалното учење, бидејќи уште во 2019 година во соработка со УНИЦЕФ и со поддршка на Британската амбасада почнавме со реализација на оваа програма во градинките. Во нашите напори да го унапредиме квалитетот на предучилишното образование, од петте домени кои се клучни за раното учење и развој на детето, почнавме токму со социјалниот и емоционалниот развој, кој е основа за развојот на сите останати домени. Веќе четири години успешно го реализираме социјалното и емоционалното учење, сите воспитувачи се обучени и поддржани да го реализираат во нивните воспитни групи, а исто така, тоа е дел од Програмата за раното учење и развој.

За децата да изградат силни социјални и емоционални конекции значајна е средината во која живеат. Свесни сме дека не можеме да влеземе во секој дом, преку програмите за родителство се трудиме да дадеме поддршка на родителите на коишто тоа им е најпотребно“, потенцираат од МТСП.

МТСП со поддршка на УНИЦЕФ спроведува Кампања за позитивно родителство како најсоодвентен начин за воспитување и грижа за децата. Изготвена е Национална Стратегија за родителство 2023-2030 и Акциски план за 2023-2025 за подигнување на свеста за одговорно родителство, со цел промоција и поддршка на добросостојбата на децата.

„Она што може да го направиме е да создадеме безбедна и стимулативна средина за учење и развој во градинките, преку воспитувачи коишто го разбираат и поддржуваат емоционалниот развој на децата. Затоа инвестираме во зголемување на просторните капацитети со цел да го зголемиме опфатот на децата од 3 до 5 години во квалитетно, инклузивно предучилишно образование и веруваме дека до 2025 година ќе стигнеме до 60% вклученост. Но нема да запреме тука, ќе продолжиме да работиме на зголемување на овој процент со цел да го стигнеме стандардот на ЕУ, а тоа е 95% опфат“, нагласуваат од МТСП.

Уште еден податок кој што покажува колку сме посветени на социјалниот и емоционалниот развој, велат од МТСП, е тоа што оваа година со поддршка на УНИЦЕФ продолживме да ги јакнеме капацитетите и на негувателите коишто се грижат за децата во градинка и, исто така, придонесуваат за нивниот севкупен развој. Преку професионалните заедници за учење ќе продолжиме добрите практики да ги пренесуваме и на тој начин да го негуваме социјалниот и емоционалниот развој кај сите вработени во установите за рано учење и развој.

„Во текот на 2022 година во рамки на Континуирана професионална едукација од страна на Заводот за социјални дејности беа обучени вкупно 986 стручни работници.

Во овие обуки вклучени беа сите 30 центри за социјална работа установи за социјална заштита и други даватели на социјални услуги. Покрај овие беа реализирани и активности со други установи и организации во рамки на континуираната професионална едукација“, велат од МТСП.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека со сите свои капацитети продолжуваат да вложуваат во зајакнување на капацитетите и професионалните компетенции на стручниот кадар, затоа што со тоа директно влијаат на квалитетот на социјалните услуги и услугите во областа на детската заштита.

Д. М.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: деца и младиМТСПоружено насилствоЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ