• Latest

Коста К. и Урош Б.: Докази за машкост исковани во праисторијата

May 11, 2023

Со обете нозе во една чевла

May 21, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

(ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

May 21, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Google

Google го забрзува развојот на ВИ: Џемини Омни и новата генерација на интелигентни агенти

May 21, 2026

ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

May 21, 2026
Фото: Министерство за правда

Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

May 21, 2026

ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

May 21, 2026
Фото: МИА

ЕУ го активира Планот за раст: Северна Македонија доби најголема транша од новата европска поддршка

May 21, 2026

ССМ: Минималната синдикална кошничка за мај изнесува 68.743 денари

May 20, 2026
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Собранието заглавено поради нов заем: Власта бара итна постапка, СДСМ предупредува на раст на јавниот долг

May 20, 2026

Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

May 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

    Фотографија: Скриншот од видео на Google

    Google го забрзува развојот на ВИ: Џемини Омни и новата генерација на интелигентни агенти

    Фото: Министерство за правда

    Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

    Фото: МИА

    ЕУ го активира Планот за раст: Северна Македонија доби најголема транша од новата европска поддршка

    ССМ: Минималната синдикална кошничка за мај изнесува 68.743 денари

    Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

    Собранието заглавено поради нов заем: Власта бара итна постапка, СДСМ предупредува на раст на јавниот долг

    Илустрација ВИ

    Брисел и Вашингтон со привремен трговски договор до 2029 година

    Фото: Скриншот од видео на CNBC

    Правен удар за Маск: OpenAI ја доби клучната битка

    Протест, Скопје, 6 април 2026 (фото извор: ФБ)

    Политички реакции и институционални дилеми по протестите за правосудниот испит на албански јазик

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Со обете нозе во една чевла

    Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

    ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

    Фото: Министерство за правда

    Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

    Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

    Собранието заглавено поради нов заем: Власта бара итна постапка, СДСМ предупредува на раст на јавниот долг

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    Протест, Скопје, 6 април 2026 (фото извор: ФБ)

    Политички реакции и институционални дилеми по протестите за правосудниот испит на албански јазик

    Гордо – назад и надолу

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Со обете нозе во една чевла

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    ИН МЕМОРИАМ | За кривите линии на Коракс

    Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Коста К. и Урош Б.: Докази за машкост исковани во праисторијата

Процесот со кој во најголем дел од историјата стекнувањето на самоодржливост на машкиот поединец го мереле преку успехот во ракување со оружјето, стручњаците го нарекуваат иницијација. Со оружје кое е на дофат на рацете речиси на секој чекор, традиционалниот лов на дивеч се претвора и во убивање на луѓе и без никаков мотив.

May 11, 2023 08:42
in АНАЛИЗИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Во прекрасниот филм „Алфа“ на авторот Алберт Хјуз (2018 г.) имаме приказ за тоа како првото одење во лов на момчето кое живеело во племе од крајот на ледената ера, некаде пред 20 илјади години, завршило неславно. Племето кое го води – што би рекле денес – својот тинејџер, по неговата проба на осамостојување како ловец, го остава во дивината мислејќи дека е мртов, после неуспешен обид за пресметка со бизон.

Филмот успешно ја лоцира приказната во времето кога ловот на диви животни е единствен извор на храна, бидејќи, идните полиња се под дебел мраз кој ќе се повлече после барем 15 илјади години! Ги има и оние додатни елементи на осамостојувањето (како самоизлекување, совладување на осаменоста со помош на припитомено диво животно и слично); a момчето Коди се враќа во племето како очеличен маж, способен за опстанок и во најтешки услови.

СЦЕНА ОД ФИЛМОТ „АЛФА“ Суровиот свет на растењето – ако не умееш да ловиш, ќе те остават да умреш

Дали таквата форма на транзиција од детството во постедиповскиот период на машките потомци го издржува товарот на совремието? Ова доаѓа од фактот што сме сведоци на нешто што покажа голема приврзаност на нови генерации кон современите оружја и нивното користење кон околината, без било какво оправдување. Факт е дека со децении наназад како знак на иницијацијата за синовите беше сметано одењето на служење на воениот рок, поврзано со потенцијална машкост.

ПУШКА НА РАМОТО

Момчињата кои даваа заклетва како завет дека ќе ја чуваат државата во која живеат (племето во проширен смисол), се ослободуваа и од мајчиното туторство (местење на креветот, грижа за предметите и хигиената), се враќаа дома со ореол на самостојни и зрели битија. Пушката на рамото на солдатот секако имаше своја симболика како централно место! Оние кои не одеа на отслужување на воениот рок се сметаа за лица со сомнително физичко и ментално здравје, имаа „пониска цена“ во девојчинските очи. Така барем беше додека воениот рок претставуваше обврска ама и во сите оние постјугословенски војни кои следеа во 90-тите, со униформите, некаде само маскирни или на паравоени единици.

ПРЕДИЗВИКОТ НА ЖИВОТОТ Иницијацијата треба да го подготви поединецот за самостоен живот, а често е тоа лавиринт во кој кандидатот може да се изгуби

Тринаесетгодишниот Коста К. кој уби осум ученици и училиштен чувар и рани шест ученици и наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, со вештините за ракување со оружјето се стекнал со активно тренирање три години на „airsoft“ – воена тактичка игра, симулација на војна во живо. Се практикува во легални организации, со свои правила.

Службеничката за давање на користење на оружје Ана Симоновиќ за „Политика“ вели дека момчето Коста К. и неговиот татко Владимир К. ги видела на полигонот за „ерсофт“ и дека момчето било обучено за ракување со оружје, но не на стрелиште, за што таа не знае, туку активно ја тренирало оваа воена тактичка игра.

„Неговиот татко го носеше на состаноци на полигонот „Ерсофт“, а момчето имаше своја реплика на оружје. Таму веќе научил како да ја менува рамката на пиштолот, како да пука и да се движи“, изјавила Симоновиќ.

ВОЕНИ ИГРИ

Учесниците на полигонот за „ерсофт“ играат војна, пукаат во цели и едни кон други, носат заштитна опрема, заштита на очите… пишува белградска Политика. „Ерсофт“ е сличен на некогашниот „пејнтбол“, но е понапредна и пореална верзија на играта.

РЕКЛАМА Ерсофт полигоните се популарни, а рекламите за нив ги има насекаде

„Репликите од пиштоли се идентични со вистинското оружје, ние обично ги користиме за снимање на филмови, бидејќи се занимаваме и со оружје за филм. Официјално, децата до 18 години не можат да учествуваат на airsoft, но момчето цело време беше придружувано од неговиот татко“, додала споменатата. Инаку, таа има сертификати за ракување со речиси сите видови огнено оружје. Објасни дека има поевтини и поскапи верзии на пиштоли „ерсофт“ и дека момчето веројатно имало поскапа верзија на пиштолот, таканаречена целосна метална реплика која е идентична со вистинската.

Кутијата за муниција на пиштолот „airsoft“ е како вистинска и е наполнета со пелети. Полнењето е исто, а се пукаат метални топчиња со пречник од шест милиметри.

„Ерсофт не е арсенал или полигон за терористи, потенцијални психопати и слично. Овој тип на обука се користи и во армијата. Во Белград има неколку продавници кои продаваат „ерсофт“ оружје. Тоа е игра на теренот за обука, првенствено за да се оддалечат луѓето од екраните и видео игрите. Не можам да кажам ништо лошо за „ерсофт“, но не можеме ни да предвидиме како некој ќе ги искористи своите вештини“, заклучува Ана Симоновиќ.

ДЕЦА НА СТРЕЛИШТЕ

Душко Илиќ, генерален секретар на Националната асоцијација за оружје на Србија, за „Политика“ вели дека не постои законска регулатива кога станува збор за испраќање деца на стрелишта, а таквите случаи во пракса се многу ретки.

„Оружјето на стрелиштето е достапно на самото место (истото било во рамки на стадионот на Спортско друштво Партизан – н.з.), под надзор на инструктори, а возраста на тие корисници никаде не е дефинирана. Практика е стрелиштето да избегнува издавање оружје на децата. Во спортското стрелање, пионерите и кадетите можат прво да пукаат со воздушна пушка од десетгодишна возраст, кога можат да ја расклопат и склопат пушката и под строг надзор на тренер.

ИГРА КАКО ВОЈНА Коста К. бил член на клуб кој не е наменет за малолетни – играта ерсофт е посурова и од пејнтболот

„Исто така, јуниорите можат да пукаат од 16-годишна возраст во категоријата спортско стрелање од пиштоли со централно палење“, вели Илиќ.

Таквите родители всушност сакаат да му покажат на детето дека пиштолот не е играчка, шега и игра, туку дека е многу опасна и сериозна алатка. Има стрелишта кои апсолутно им забрануваат на малолетниците, дури и во придружба на нивните родители, да користат оружје, изјави Урошевиќ за Танјуг.

Коста К. бил извонредно обучен – го застрелал портирот со 10 куршуми и од растојание од 14 метри! Испукал 56 куршуми, сменил во одење три вонсериски шаржери (повеќе од вообичаен број на стреливо), а престанал да стрела кога го изгубил здивот во еден миг.

Него обуката го претворила во некој друг, во некој кој можеби ги измешал сликите од школото со полигоните за пејнтболот или ерсофтот, каде учесниците на игрите само ќе ги соблечат униформите ишарани со бои (резултат на истрели на „противниците“) и ќе ги дадат на перење. Како во цртаните филмови – сега си „мртов“, потоа веднаш „оживуваш“.

Овој пат, секако невините и ниту симболички наоружани врсници се цел врз која Коста К. имал некаква демијуршка моќ, како поединец кој минал низ посебно воспитување и која му дава привилегирана позиција да одлучува за животот и смртта на „обичните“ соученици.

Иницијацијата во историјата го имала и тој резултат, на иницијацијата освен овоземни (профани) им давала и својство на духовна супремација над оние кои не минале низ тој процес.

Адвокатот со македонско потекло Тома Фила, во гостување на една белградска телевизија (Нова) рече дека испитувањата врз Коста К. покажале дека тој има ум како за некој од 17 години и дека тој веројатно го поставил мобилниот со вклучена камера во собата каде е сефот за да го снима неговиот татко.

НЕСКРОТЛИВ КАБАДАХИЈА

Кога се работи за семејството на Урош Б., кој го изврши масакрот во две села кај Младеновац, при што уби осум лица и рани 14-мина, мислењата се поделени.

Оние кои ги фалат, за „Новости“, велат дека Радиша, таткото на Урош, по потекло е од селото Дубона. Тој е воено лице, полковник и работи во Генералштабот. Неговата мајка е Билјана, работи во ВМА како инструменталистка. Покрај Урош, кој е помлад, тие го имаат и синот Марко. Радиша и неговата сопруга доаѓале во селото само за викенди или кога се на одмор.

За Урош некои соседи велат дека бил добро момче, а има и такви кои го тврдат спротивното, па и за неговото семејство. Сакал пребрзо возење со мотоцикл, имало забелешки од полицијата на таа практика ама го чувал авторитетот на таткото.

Урош се запишал на Воената академија, но бил примен во пешадија, што не му се допаднало. Затоа одлучил, со оглед на тоа што неговите родители се многу богати, поседуваат речиси 100 хектари ниви, овоштарници, зеленчукови градини, дури шест трактори, четири комбајни и други приклучени машини, да се занимава со земјоделство. Наводно, тука се снашол добро, се разбира како претприемач, а не како човек кој го обработува земјиштето.

Соселаните го обвинуваат таткото Радиша дека бил неумерен во купувањето земјиште, секако во плоден крај ама со малку жители, главно отселени или починати. Таткото имал стан во Белград, а тука имал и куќи и викендичка во која живеел само во слободни викенди. Но, она што е посебно шокатно е фактот дека тој во Генералштабот работел во контраразузнавачката служба што е особено значајно откако шефот на државата – Вучќиќ го обвини неговиот син дека е симпатизер на фашизмот!

ПРОТЕСТ Белграѓани на улица – државата ги има испуштено конците на јавната безбедност

КОНФУЗИЈА ОКОЛУ РАДИША Б.

Јасно е дека оваа изјава создаде конфузија околу професијата на таткото. Таа беше прикриена неколку дена. Може ли така висок офицер кој се бори и против тероризмот, да има во својот дом приврзаник на фашизмот?! Решението е пронајдено во промена на биографијата – сега Радиша е одеднаш пензиониран припадник на Армијата (инаку, требало да се пензионира идната година, велат медиумите). Затоа во јавноста, во саботата, на 6 јуни, најпрво излезе вест дека Радиша починал од срцев удар, што беше пренесено и од македонски медиуми, а во средата, на 10 мај, осамна веста дека офицерот е уапсен заради незаконито поседување на цел арсенал на оружје и муниција.

Малку е тешко да се вклопи „обвинението“ од високо ниво, она на претседателот на државата, во реалноста, нели? Факт е дека Урош поседувал калашников, автоматска пушка и куршуми, а кога му се потрошиле посегнал по бомба со која се заканувал на таксистот со чија изнудена помош побегнал далеку од обрачот на полицијата. Ама таткото Радиша имал две дозволи од војската за носење (поседување) на оружје!?

Сеедно, во однос на вистинскиот мотив за сторените злодела и кај Коста К. и кај Урош Б. ги имаме истите елементи – обајцата се синови, предмет се на „спартанско“ воспитување, во духот на огништата во кои има сериозно оружје и дека својата машкост или влезот во периодот на зрелост ја докажувале преку визирот на она што им го покажувале татковците.

Урош Б. (21) бил постар од Коста К., ама тој најпрвин со желбата да стане офицер, требал да ги дисциплинира своите соништа и евентуални убиствени рефлекси. Но, потоа со одбивањето да влезе во регуларно школување покажал дека е разгален и дека, што би рекле психијатрите, сѐ уште не ја пребродил едиповската фаза! Но нивните родители секако сакале преку оружјето од овие наследници да направат „спартански производ“: да го носат штитот или да ги донесат на него после некоја битка.

ШТО ПРЕТСТАВУВА ИНИЦИЈАЦИЈАТА

Како што пишува добриот познавач на темата на иницијацијата, хрватскиот интелектуалец Петер Бујас, овој процес претставува низа обреди и усни учења кои водат до радикална и вистинска промена на оној што е подложен на тој процес. Тоа одговара на длабока промена во начинот на постоење; на крајот од иницијациските испитувања, преобратеникот живее сосема поинаков живот од порано: тој станува „поинаков“.

МАТУРА Во нормалните општество ова е вистинскиот испит на зрелоста

Самиот збор иницијација доаѓа од латинскиот збор initiare, што значи да се воведе во нешто или да се започне нешто. Првично, тоа значи влегување во процес кој означува психолошка транзиција од една, пониска состојба на постоење во повисока состојба.

Балканот е секако плодно тло на усни преданија кои даваат пожелна слика за користењето на оружјето како дел од созревањето на машкото дете, кое од „тоа“ треба да стане „тој“!

Зад ова стојат стотина приказни и митови, ама побитно е дека тука се водени толку многу војни. Како што се вели, тука има толку многу историја што таа се прелева и на околината. Српската стварност и во последните децении едноставно е дел од таквото продолжување на војничките приказни со масовно вооружување и поттикнување на решавањето на проблемите преку орозот.

Позната е онаа реченица на експретседателот на Србија Слободан Милошевиќ – „можеби не умееме да работиме, ама умееме да се тепаме“, дадена пред НАТО бомбардирањето (1999 г.), за која велат дека излегува од збирката на поговорки што постојат во Вујаклија од постари времиња.

Актуелниот претседател Вучиќ истакна пред камерите дека само во Белград 200 илјади лица се со дозволи да поседуваат оружје. Ако градот има два милиони жители, односно да упросечиме, тој има половина милион домаќинства. Излегува дека секое четврто домаќинство само во главниот град поседува дозвола да биде вооружено и тоа секако е искористено.

Згора, со една дозвола може да се поседуваат и до десет парчиња на оружје (!), па таа бројка е повеќе од загрижувачка. А на еден легален поседувач на куси или долги цевки доаѓа најмалку уште еден нелегален. Каков е тоа арсенал! Па и без да се земе предвид провинцијата каде од практични причини пушката која е вообичаено закачена на ѕидот таму стои во стилот „повелете“!

Според споменатиот Петер Бујас, не само праисторискиот човек, туку и „античкиот човек се стреми да живее митски живот бидејќи тоа е живот исполнет со битка… тоа истовремено значи реалност, вечност и делотворност. Токму овие карактеристики нѐ упатуваат на проширените можности за изразување на човечкото битие, како и на другите негови преокупации, освен борбата за обичен опстанок“.

Еве доказ – и Коста К. и Урош Б. не чувствуваат никакво каење за она што сториле. Дури, малолетниот Коста (13) постојано бара да биде пуштен на слобода, не заради тоа што знае дека не подлегнува на кривичен прогон заради годините, туку е убеден дека надвор од притворот ќе го пречека народ кој ќе го поздравува и ќе доаѓа под неговиот прозорец.

Исто како кога момчето Коди од филмот „Алфа“, приказната за доцното ледено доба, од пред 200 векови, се вратило после ловечката авантура во племето.

Ниту почетните искази на убиецот Урош, освен што го признаваат злосторот, не покажуваат ниту ронка желба за реалност, за вистинска мотивација за сторено кај него, ниту укажуваат на потреба тој да излезе од неговата „стварност“, што нема врска со она што постои во за него паралелниот свет! Нашиот свет во кој неговите сограѓани со денови се движат како зомби низ атмосферата на бесмисленост, исполнета со страв.

Дали се согласуваме дека од просветителството наваму полека, но сигурно зборот матура ја означуваше заменската форма на испитот на зрелоста? Но, дали се согласуваме дека и низ случувањата кај нас деновиве, таквата проверка на научените способности за самостојност го изгубиле здивот?

Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ