• Latest
Фото: МИА архива

Проф. Дујовски: Треба да се зборува за отворени кампањи за тоа дали граѓаните имаат потреба од оружје

May 13, 2023
Андриј Сибига. Фото: Фејсбук

Сибига: Украина ја поддржува иницијативата на Трамп за трилатерална средба помеѓу Украина, САД и Русија,

August 16, 2025

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски
Фото извор- официјален профил  на ФБ на Зеленски

Зеленски: Мора да се постигне траен мир, а не само уште една пауза, во понеделник ќе се сретнам со Трамп во Вашингтон

August 16, 2025
EU2017EE Estonian Presidency, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Европскиот совет вети поддршка за Украина во заедничка изјава за самитот Трамп-Путин

August 16, 2025

Пет месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“, денеска се одржува осумнаесеттиот „Марш на ангелите“ во Кочани

August 16, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

Пожарот кај Јажинце и понатаму активен, соопштија од ЦУК

August 16, 2025

Едно од пет деца во Газа страда од неухранетост, предупредуваат ОН

August 16, 2025

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, денеска гласање во Собранието

August 16, 2025

Албанската влада најави дека ќе ги обнови опожарените и изгорени куќи, а ќе ги обештети и земјоделците

August 16, 2025
Фото: Укринформ

Русија лансираше 85 борбени беспилотни летала и балистичка ракета насочена кон територијата на Украина додека траеше средбата Трамп-Путин

August 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Проф. Дујовски: Треба да се зборува за отворени кампањи за тоа дали граѓаните имаат потреба од оружје

May 13, 2023 12:19
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Последните случувања во соседна Србија каде малолетник пред два дена со пиштол уби и повреди соученици и 21-годишно момче со пиштол уби и рани повеќе лица, го отворија прашањето колку и како оружјето им е достапно на децата. Каква е состојбата со оружјето кое го поседуваат граѓаните во земјава и каква е законската регулатива, МИА побара податоци од Министерството за внатрешни работи и стручно мислење од професорот Никола Дујовски од Факултетот за безбедност во Скопје.

Појаснувајќи ја процедурата за набавка и поседување на огнено оружје во нашата држава која е регулирана согласно Законот за оружје, професорот Дујовски покрај одредената административна постапка за добивање на правото за набавување и поседување на огнено оружје нагласува дека една од работите што треба да се исполнат е да се докаже дека граѓанинот има оправдана причина да набави и да поседува огнено оружје.

-Тоа е особено значен дел бидејќи тука се регулира начинот на којшто државата може да контролира дали навистина граѓанинот кој поднел барање за издавање на огнено оружје има оправдана причина или не. Како оправдани причини може да се сметаат заканите по безбедноста на лицето. Доколку тој или членовите на неговото семејство се под одредена закана во остварувањето на својата работа или во приватниот живот може да се процени дека лицето има право да поднесе барање за поседување, односно набавување и поседување на огнено оружје, појаснува Дујовски.

Според него, проблем е нелегалното оружје и нагласува дека треба да се зборува за отворени кампањи за тоа дали имаме потреба од оружје.

-Многу ретко се случува да имаме проблеми со лицата кои имаат легално оружје, го поседуваат согласно законите на нашата држава и го користат на соодветен начин. Меѓутоа, бројот на нелегално оружје кое што се поседува во целата држава треба особено да не загрижи и веројатно сега е вистинското време кога треба да зборуваме за отворени кампањи дали навистина имаме потреба да поседуваме огнено оружје и дополнително да сме свесни колкави се опасностите од поседувањето на нелегално оружје првенствено затоа што МВР постојано спроведува акции во коишто се одземаат нелегални оружја. За тоа законот предвидел ригорозни казни и има многу граѓани кои заради незнаење, меѓутоа и заради тенденција да се прекршуваат законите, поседуваат огнено оружје и за тоа добиваат соодветни казни пропишани и во Кривичниот законик и во Законот за оружје,  истакна професорот за МИА.

Смета дека сега е вистинско време кога треба да сериозно да се зборува за отворена кампања за враќање на нелегалното оружје или за зајакната контрола на дозволите коишто се издадени за набавки и поседување на огнено оружје со цел, како што вели, да си се заштитиме себеси, особено нашите деца за кои, како што, за жал видовме во изминативе неколку денови во непосредното опкружување може да бидат загрозени од страна на поединци коишто лекомислено, на многу страшен начин употребуваат толку лесно и едноставно огнено оружје.  

-Како и да е, факт е дека барем во нашата држава досега не сме имале некои толку сериозни кривични дела коишто ќе бидат макар и близу до тоа што овие денови се случува во Република Србија. Меѓутоа, многу лесно може ваквите прашања да се прелеат во нашата држава. Затоа е важно сите заеднички и владините органи покрај МВР, се разбира тука се и припадниците на Армијата, меѓутоа и социјалните служби, МОН преку основното, средното образование, па и факултетите во своите дискусии да ги отвораат темите на потребата од дополнителна заштита и безбедност и да зборуваме отворено колкави се опасностите од оружјето, дека со оружјето можеме многу повеќе да изгубиме отколку што можеме да добиеме, нагласува Дујовски.

Тој порачува дека е потребно да се отвори сериозна дискусија во нашето општество и да се обидеме да превенираме и да го заштитиме сечиј живот.

– Да не ни се случува заради невнимание на лов или заради детска играчка да се доведуваме во ситуација да губите човечки живот, предупредува професорот Дујовски.

На 05.01.2020 во 19.30 часот во с.Арнакија, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Х.(31) од с.Арнакија, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена мариху

Според податоците на МВР во државата се регистрирани околу 180.000 парчиња на оружје, а согласно законските одредби предвидено е со една дозвола за оружје да се регистрираат најмногу 10 парчиња на оружје. Од полицијата напоменуваат дека се уште е во тек постапката за пререгистрација на оружјето од стари во нови дозволи, што треба да заврши заклучно со 4 јуни годинава.

-По истекот на овој рок, односно по извршената замена на старите дозволи ќе имаме поконкретни податоци за вкупно регистрираното оружје на територијата на нашата држава. Согласно одредбите од Законот за оружјето, одобрение за набавување на оружје на физичко лице се издава со наполнети 18 години живот, по исклучок одобрение за набавување на кусо огнено оружје со жлебена цевка и долго огнено оружје со жлебена цевка на физичкото лице се издава врз основа на претходно поднесено писмено лично барање ако физичкото лице има наполнето 25 години живот, освен ако лицето не е активен член на стрелачко друштво подолго од две години, појаснуваат од МВР.

Во текот на 2021 година издадени се вкупно 5719 дозволи за оружје за физички лица, во текот на 2022 година 5969 дозволи за оружје, а во текот на 2023 година издадени се 2125 дозволи за оружје.

Меѓутоа, во овој број на дозволи, според полицијата, не влегуваат само новорегистрираните парчиња на оружје, туку и пререгистрираното оружје. Во текот на 2021 година издадени се 3365 одобренија за набавување на оружје, во текот на 2022 година издадени се 2480 одобренија, а од почетокот на 2023 година до денес донесени се 1697 одобренија. 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Дујовскинелегално оружјеогнено оружје
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ