• Latest
Архива

Ковачевски: Северна Македонија е фактор на стабилност и безбедна НАТО земја со поволен амбиент за инвестиции и повисоки плати во Армијат

May 29, 2023

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Северна Македонија е фактор на стабилност и безбедна НАТО земја со поволен амбиент за инвестиции и повисоки плати во Армијат

May 29, 2023 13:57
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Архива

Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на најголема мултинационална вежба оваа година во Република Северна Македонија „Брз одговор 23“, на која, покрај Република Северна Македонија учествуваат уште три НАТО земји членки Соединетите Американски Држави, Албанија, Црна Гора и како земја партнер на НАТО – Косово, со околу 1.850 учесници.

Вежбата е од особено значење за нашата Армија во однос на споделување на знаења, способности и вештини, подобрување на интероперабилноста и меѓусебна оперативна синхронизираност помеѓу армиите на НАТО и партнерските армии, низ широк спектар на речиси симултани операции, кои се изведуваат во повеќе зони, демонстрирање на обединетоста на НАТО Алијансата за безбедноста на секоја земја членка, како и потврда на можностите на „АП Криволак“ за изведување на разновиден вид на вежбовни операции и користење на разновиден вид на борбени средства и вооружување.

„Годинава реализираме уште една успешна заедничка вежба со нашите НАТО сојузници, каде преку разни вежбовни операции го демонстрираме единството на Северноатлантската Алијанса во име на безбедноста на секоја земја членка и во име на светскиот мир.

Бележиме уште еден успех во нашите здружени акции и заедно сите, ги покажуваме нашите вредности и нашите потенцијали.

А тоа е и вредноста и суштината на НАТО Алијансата-преку заеднички акции и со заеднички сили да се обезбеди индивидуалниот, а преку тоа и општиот мир за сите. Тоа е и причината зошто пред три години се приклучивме на најголемиот воено-политички сојуз – НАТО Алијансата, која денес обединува 1 милијарда луѓе во светот.

Со нашето членство во НАТО, Република Северна Македонија не е повеќе објект на гео-политичката сцена, туку субјект кој активно учествува во носењето на одлуки од светско значење, заедно, на иста маса со светски супер сили.

Ова е најдобрата потврда за исправноста на одлуките кои се носеа во државата пред 3 години и ова е најдобар демант за оние кои беа против тие одлуки, носени пред 3 години во нашата држава.

Ја докажавме нашата посветеност кон основните постулати на НАТО, а тоа се промоција на демократските вредности, градење доверба, спречување конфликти и соработка на полето на безбедноста и одбраната.

Преку негување на принципите на добрососедство и примена на политиката на дијалог наместо конфликт, Република Северна Македонија денес прерасна во земја фактор на стабилност, кредибилен партнер на ЕУ и НАТО, придонесувајќи кон зајакнување на регионалната соработка и градење на мир во регионот, а со тоа и мир во светот.

Со нашето членство во НАТО и учеството во заеднички акции, градиме силни партнерства со сојузниците и од нашиот регион и пошироко. За Северна Македонија, зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан е еден од врвните надворешно-политички приоритети.

Со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС и зачленувањето во големото НАТО семејство, ги заштитивме нашите идентитетски одредници, го заштитивме нашиот македонски јазик и нашата култура. Под штитот на НАТО и силната поддршка од сојузниците и нашите стратешки партнери, нашата држава е посилна и постабилна од кога било. И политички и економски, бидејќи почетокот на преговорите со ЕУ и стабилноста со членството во НАТО донесе поволен и предвидлив амбиент за странските директни инвестиции, кои во услови на криза, достигнаа рекорден историски износ од 753 милиони евра, што е највисоко ниво на вакви инвестиции во земјата, и тоа двојно повеќе во споредба со 2016 година.

Во големото НАТО семејство влеговме подготвени да отвориме ново поглавје во нашата историја, со чувство за споделена одговорност и обврска да дадеме придонес во одржувањето на мирот, безбедноста и стабилноста. Дел од таа обврска за секоја земја членка, па и за нас, е создавање на современа, модерна Армија која ќе знае да одговори на сите предизвици.

Покажавме дека можеме да одговориме на тие предизвици. Затоа инвестиравме во нашата Армија и ги подобривме условите за припадниците на Армијата на Република Северна Македонија.

Во 2022 година, со измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата, предвидовме подобрувања на стандардот на сите припадници на Армијата. Само за годинава, ги зголемивме платите на припадниците на Армијата за речиси 8.000 денари.

Ако нето платата на еден професионален војник во Армијата во 2010 година изнесувала 21.000 денари, денес, таа е над 46.000 денари, заедно со закупнината, која сега, за разлика од тогаш, ја земаат сите припадници на Армијата.

Месечната нето плата пак на професионален војник во нашата НАТО декларирана единица, заедно со закупнината е околу 51.500 денари а платите се и повисоки, зависно од чиновите на припадниците на Армијата.

Професионалните војници се стекнаа со правото на исплата на станарина од моментот на склучување на првиот договор за вработување во Армијата. И овој надоместок се покачува со растот на просечната плата. Предвидовме и поволни услови за стипендирање на млади и перспективни кадри од критични специјалности за Армијата.

Буџетот на Министерството за одбрана кој растеше изминатите десетина години, годинава достигна највисоко ниво и опфаќа 1,85 отсто од БДП. Нашите заложби за создавање на професионална модерна армија ги докажуваме и со одвојување на скоро 25 отсто поголеми средства за Армијата, споредено со лани, со што буџетот годинава е зголемен за близу 54 милиони евра. За реконструкција на објекти и инфраструктура во одбраната се предвидени 10 милиони евра повеќе од 2022 година.

Така се сака и се брани татковината. Со вложувањата во нашата Армија, вложуваме во нашата безбедност и нашата иднина и со градење на стратешки партнерства, сево ова сам не може да го направи никој, а посебно не државата со нашата големина и по број на жители. Затоа партнерствата со САД, со земјите членки на НАТО се од клучно значење за нашата држава. Нашата војска денес располага со најсовремена воена опрема која е тука благодарение на нашите партнерства со САД, Франција, Турција и со други земји членки на НАТО.

Пред нашата држава, Северна Македонија, во следниот период претстојат предизвици кои ќе ја одредат нејзината иднина-дали ќе тргнеме по патот на евроинтеграциите, стабилноста и просперитетот или ќе останеме заглавени самите со себе.

Еднаш раководството на државата во 2006 година реши да чека и чекаше од 2006 до 2016 година. Не донесе ниту една стратешка одлука за државата. 10 години на народот му продаваше реклами на ТВ на кои трошеа повеќе средства отколку што денес се трошат средства за изградба на градинки, нови школи, училишта или опремување на Армијата. На крајот поминаа тие 10 години сите сфативме дека сме останале сами и изолирани. Затоа од 2016 година се донесоа одлуки со кои државата стана земја членка на НАТО, со кои државата почна преговори со ЕУ. Благодарение на тие одлуки денес ние сме држава која претстава со ОБСЕ, ние сме држава која од корисник на мировни мисии, пред 30 години, денес е земја во која други држави преговараат за решавање на своите проблеми.

Јас како што кажав пред неколку дена ќе го предводам и ќе ги предложам сите потребни одлуки Северна Македонија да го продолжи својот пат во остварување на втората стратешка цел а тоа членство во ЕУ. Се надевам дека сите политички партии во државата, сите претставници на народот, сите пратеници ќе ја препознаат важноста на оваа одлука и својот глас ќе го дадат за народот, а не за лична кариера на било кој политичар во државата.

Уште еднаш одовде испраќам порака и повик за сплотеност, заедништво, обединување и издигнување над нашите политички, идеолошки разлики во име на поквалитетен живот и посигурна иднина за сите нас и за идните генерации“, изјави Ковачевски.

Припадниците на армиите кои учествуваат во вежбата презентираа комбинирани копнени активности: „Мултинационална чета во напад, подржана со артилериска, воздушна и противоклопна поддршка“.

Во предвидените вежбовни активности е предвидена употреба на роботизираното софистицирано возило т.н. “Project Origin”, кое е во пробна употреба на Армијата на САД и кое за прв пат ќе тестира во вежбовни услови испалување на противоклопна ракета од типот „Javelin“ која е дел од неговото вооружување.

Вежбата „Брз одговор 23“ е поврзана со комплексот на вежби „Defender Europe 23”, кои на годишно ниво редовно се реализираат на тлото на Европа, предводени од Армијата на САД за Европа и Африка. „Брз одговор 23“ ќе се изведува во 8 земји во регионот: Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ