• Latest

Агелер: Итно да се дејствува за диверзификација на енергетските ресурси

May 30, 2023

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
Фото: Х

Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот е уапсен и четворица помагачи, сите турски државјани

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Агелер: Итно да се дејствува за диверзификација на енергетските ресурси

May 30, 2023 12:03
in ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

“Итно да се дејствува за диверзификација на енергетските ресурси“, порача американската амбасадорка во државава Анџела Агелер на отворањето на шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023.

Европа и Северна Македонија, рече Агелер, се на крстосницата на неколку горки енергетски прашања. Таа нагласи дека енергетската криза од изминатиот период што беше исклучително тешка, а поттикната од руската агресија во Украина потенцирала колку е важна енергетската независност, особено тука во Северна Македонија.

„Имавме напори секаде во Европа, кај американските партнери за да останат топли домовите во Северна Македонија, но овие прашања се уште не се решени. Зимата повторно ќе се врати и апелирам до сите итно да дејствувате за диверзификација на енергетските ресурси“, рече Агелер.

Таа истакна дека САД работат напорно на зајакнување на енергетската издржливост и отпорност и потсети дека неодамна и помогаа на Северна Македонија да има транспарентно и ефикасно тргување со електрична енергија.

„Апелираме да се склучуваат партнерства и со локалните бизниси каде што нашите американски партнери може да обезбедуваат производи и услуги за запазување на еколошките цели“, рече американската амбасадорка.

Тема на форумот што ќе се одржува денеска и утре е „Подобрување на триаголникот: Политики-Финансии-Енергетска технологија за енергетска отпорност и зелена транзиција“. Учествуваат претставници од Владата, функционери од регионот, домашни и странски енергетски компании, меѓународни организации и граѓански организации.

Клучната порака на учесниците на форумот е дека климатските проблеми се најголем предизвик за човештвото, а енергетската транзиција е клучна алатка во справувањето со тоа, пренесе МИА.

Климатската транзиција, беше  истакнато, мора да биде инклузивна, со вклучување на граѓаните и малите бизниси заради енерегетска демократија и инклузивен економски раст.

МЕФ Енергетскиот Форум 2023 е во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата и Делегацијата на ЕУ во Скопје, под покровителство на вицепремиерот Битиќи.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ