• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Условни пресуди за обвинетите во тетовската болница; ВМРО-ДПМНЕ шири лага и паника, храната е безбедна; во среда средба Ковачевски – Мицковски

June 5, 2023
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Условни пресуди за обвинетите во тетовската болница; ВМРО-ДПМНЕ шири лага и паника, храната е безбедна; во среда средба Ковачевски – Мицковски

June 5, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Условни пресуди за обвинетите директори за пожарот на модуларната болница во Тетово

Тетовскиот суд денеска изрече условна пресуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ за пожарот во Модуларната болница во Тетово. Ослободителна пресуда беше донесена за докторот Бобан Вучевски кој се товареше за делото „непостапување по здравствени прописи“, пренесе МИА.

Осудените добија казна една година и шест месеци, со услов во наредните три години да не повторат делото.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

-Регионот веќе направи позитивни движења, сега е време ЕУ интеграцијата да земе полн замав. Дојдено е време за сериозен план за проширување од страна на ЕУ. Конкретен план со кој ЕУ ќе покажи дека не само со зборови, туку и со дела е фокусирана на евроинтеграцијата на регионот. Ние ќе испорачаме реформи и тешки одлуки, а ЕУ да испорача членство до догледно време, вели Маричиќ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СРЕДБА Најавената средба на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски ќе се одржи во среда во Клубот на пратеници, соопшти владината прес-служба.

ИНТЕГРАЦИИ Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествува на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во Будва. Ова е последен министерски состанок во рамките на црногорското претседавање, пред преземање на претседавањето од страна на Република Северна Македонија, на 1 јули.

ПРАВДА Предлог-иницијативата за уставни измени изготвена од Работната група од Министерството за правда е испратена во Владата, која треба да ја разгледа на седница, а потоа и да ја достави до Собранието.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Резников вели дека Бахмут останува под контрола на Кијив, Пригожин потврдува дека Украинците ги задржуваат позициите во југозападниот дел на градот.

*

Руските доброволци од РДК и ЛСР извршија уште една ограничена акција во Белгородската област, заробените руски војници ќе ги испратат во Украина.

АЛ-ПРЕС

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), објави прирачник  со девет точки за постигнување нормализација, траен мир и стабилност во Косово. Во интервју за „The Geopost“, косовскиот премиер Курти посочи дека Ноќни волци и Вагнер биле на Балканот, додавајќи дека имаат информации дека во текот на месец декември биле и на северот на Косово.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Hi, bye avela nilaj, kertuke shema vazde to vas em vikin so shaj… (Здраво и чао, доаѓа лето, направи си шема крени ја раката и викни колку што можеш… декември 2021), ова се стиховите од амaтерското рапување на 19-годишниот Мемет Камбер, кој почина пред десетина дена во болница, без никакви лични документи, буквално како да не постоел. За жал неговото тело сѐ уште е во капелата во Бутел.

Avela nilaj em vikin so shaj, (доаѓа лето и викни колку што можеш), гласеше пораката на Мемет, летото тивко доаѓа, а ушто погласен е молкот на институциите и системот.

Да се вратиме на Мемет и „невидливите“ за системот како него. Мемет нема веќе можност да сонува дека некогаш ќе биде познат рапер, (преку рапување да ја презентира вистината, своето животно патешествие, инспириран од неисцрпните патеки на животот), но неговиот сон да ги смени работите на подобро, не смее и не може да заврши. И нема да заврши, бидејќи #СитеСмеМемет!“, пишува Дехран Муратов во колумната „Мемет ни на небо, ни на земја!“.

„Како ги дриблам, а?

Тој уште се надева дека ќе ги закопаме секирите и ќе пушиме луле на мирот. А бе тотален аматер!“, гордо нагласил Мицкоски.

„Шефе, алал вера! Сите научија каков финтаџија сте, нема муабет за тоа. Но, нели е добро да размислиме уште за инаетов што го тераме? Ние ништо не предлагале, само тврдоглаво НЕ кажуваме. Ќе си ја изолираме државата. Ќе го попушиме ние како што гледам… лулето на мирот“, констатирал близок соработник на Мицкоски.

Размислувајте си вие. Ете и затоа нема да бидете на средбата, потенцирал Мицкоски“, пишува Рибаро во АХА, Соработник на Мицкоски: Шефе, ќе го попушиме ние… „лулето на мирот“.

„Македонија и нивните подржувачи (политичари, професори, аналитичари, уредници), велат ќе сме се бугаризирале, ќе не стопирале на секој чекор на ЕУ интеграциите, а всушност сите здушно, сакале, не сакале, свесно, несвесно, одработуваат за службена Софија која едвај чека да запрат нашите интеграции, после децении и милијарди лева потрошени на асимилаторски кампањи, сега уплаф имаат Македонците да не им седнат на заедничката ЕУ маса зашто таму нема блефови со истории, прпа им е “македонизмот” да не им стапне на европското тло и таму да го доживеат историскиото фијаско со негирањето на нашиот одвајкада македонски идентитет, па вие, (паметњаковичи што спомнувате “кичми”, (патем на македонски е “рбет”, “грбник”), и сеете магли и стравови, всушност кукавици и лажни, умислени и набедени патриоти, погледнете подлабоко дали сте меѓу патриотите или меѓу предавниците, времето, ова време сегашно, го има одговорот“, пишува Зоран Иванов во колумната „Уценувачите на Македонија во една реченица“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ