Европа треба што поскоро да го прифати фактот дека регионот на Западен Балкан не е регион на проблеми и несреќи, туку на потенцијали што ги нема ниту еден друг регион во Европа, изјави денеска претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС) Марко Чадеж, јавува Танјуг.
Говорејќи на завршната конференција на Коморскиот инвестициски форум Западен Балкан (КИФ ЗБ6) во Приштина, тој истакна дека Европа треба да го искористи овој факт, особено имајќи предвид дека европската економија увезува од Кина повеќе од 90 отсто од суровините што и се потребни.
Овој регион не само што има суровини и резерви, туку и рудници кои функционираат, а има и преработувачи кои можат да го направат тоа, рече Чадеж.
Тој нагласи дека земјите од Западен Балкан мора што поскоро да се приклучат на европскиот пазар, додавајќи дека регионалните стопански комори ќе продолжат да соработуваат и во иднина.
Г. Т.