• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: ВМРО-ДПМНЕ прифаќа влез во Влада без ДУИ; Интегративците ќе излезат од Влада ако опозицијата гласа за уставните измени; „Паркот Украина“ промовиран во општина Чаир

June 7, 2023
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: ВМРО-ДПМНЕ прифаќа влез во Влада без ДУИ; Интегративците ќе излезат од Влада ако опозицијата гласа за уставните измени; „Паркот Украина“ промовиран во општина Чаир

June 7, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Премиерот Димитар Ковачевски по лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, укажа дека е добро што опозициската партија го промени ставот, односно не е против уставни промени и дека му дал понуда од пет позиции во Владата. Мицкоски, пак, нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да влезе во Влада со СДСМ и останатите партии, но без ДУИ.

„На средбата предложив да го направиме следниот чекор, заедно, и да ги излагасаме заедно уставните измени. Тоа е вистинското решение кое граѓаните го очекуваат од нас. Дадов предлог до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, доколку се сложат, заеднички да пристапиме кон остварување на оваа цел и заедно да ги гласаме уставните измени. Ако заедно ги изгласаме уставните измени – отворањето, подготвување на амандмани, затворањето, тогаш предложив, веднаш по последното гласање, може да одиме на избори. Тоа е став од претходните месеци кој го имам кажано. Меѓутоа во текот на изминатиот период слушајќи ги изјавите од политичките субјекти, сфатив дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е важно да бидат дел од власта. За да покажеме дека ние како Влада не сме ориентирани кон добивање политички поени само за себе и дека не сме водени од партиски интерес, дека не сме фокусирани само на резултатот на следните избори, предложив да го изгласаме отворањето на Уставот со 2/3 и веднаш, утре дента, ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Влада при што СДСМ ќе ослободи половина од своите места за претставници од ВМРО-ДПМНЕ. Така ќе обезбедиме Влада која ќе обединува“, рече Ковачевски.

Мицкоски, по лидерската средба, рече дека понудата на премиерот е неприфатлива со ДУИ во Влада и побара брзи предвремени избори.

„ВМРО-ДПМНЕ е подготевена да учества во истата Влада, а избори подготвува Техничка влада. Евентуални уставни измени да важат од денот кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол на 27 земји членки на Унијата. Тој тоа го протолкува како кршење на преговарачката рамка. Тогаш му реков во ред да одиме на предвремени парламентарни избори, и да формираме влада на широко национално единство без ДУИ“, изјави Мицковски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“, напиша Бујар Османи на својот Фејсбук-профил, по лидерската средба меѓу Ковачевски и Мицкоски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Продолжување на политичкиот дијалог и имплементација на Договорот за пријателство, се согласија  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи по телефонски разговор со заменик-претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел.

ТЕХНОЛОГИИ Компаниите за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Гугл и Фејсбук, беа повикани од ЕУ „веднаш“ да започнат со етикетирање на содржините и фотографиите генерирани од вештачка интелигенција, како дел од низата чекори за борба против лажните вести и дезинформациите што доаѓаат од Русија, јавува „Гардијан“.

ПОДДРШКА Во општина Чаир денеска со пригодна церемонија се отвори Паркот Украина, пред општинскиот објект, во организација на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, во соработка со украинската Амбасада во Република Северна Македонија.

На настанот присуствуваше и украинската Амбасадорка, Н. Е. Лариса Дир со делегација, претседателот на „Лесја Украинка“,  пратеници, советници од Општина Чаир, а на зелените површини од паркот седеа ученици од основните училишта со украински и македонски знаменца, во знак на поддршка на украинските деца.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

По неколкуте напади со беспилотни летала на руска територија, вклучително и врз Москва, прекугранични акции на проукраинските руски доброволци, како и напредувањето на украинските сили на источниот фронт околу Донецк, Запорижја како и на периферијата на Бахмут, како увертира за долгоочекуваната контраофанзива која сега се засилува – Русија во обид да го одвлече вниманието и да го дестабилизира својот непријател, ја дигна во воздух браната Каховка на реката Днипро.

*

Украинската офанзива се одвива во неколку правци, уништувањето на браната Каховка нема да ги спречи украинските сили да напредуваат.

МУЛТИКУЛТУРА

Претседателот на Совет на Општина Гостивар, Валбон Лимани на почетокот на своето обраќање на јавниот настан  „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, вели дека пораснал во мултиетничка средина и зборува три јазици кои се зборуваат во неговата Општина.

Советничката во општина Гостивар, Афердита Хамза, на почетокот на своето излагање на јавниот настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, вели дека пролета не доаѓа со едно цвеќе, туку мора да има повеќе цвеќиња.

Советничката во општина Гостивар, Ема Нешковска  во своето обраќање на јавниот настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, вели дека мултикултурализмот и едно општество за сите нема никогаш да излезе од мода и дека треба постојано да ја негуваме и надградуваме.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Путин рече деновиве дека очекува дека на Балканот ќе додје до нова војна. Тоа е негова битна цел, покрај обезбедувањето на доволен број сојузници во светот за војната која тој ја води против Украина. Нему му треба растоварување и пренасочување на вниманието на своите непријатели. Во исто време, Вучиќ гледа со „четири очи“ кон руските шпионски служби, Додик му асистира, а очајните обиди на Радев да не овозможи создавање на владина коалиција на прозападни основи во Софија, исто така, ги држи над водата интересите на Кремљ во земјата која е и НАТО сојузник и член на Унијата. Каде се гледа тука ролјата која Мицкоски ја игра во Македонија со својот бесмислен и тврд став кон правото на земјава да оди кон Брисел?“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Гаснење на балканските огнови од кремљовските пиромани“.

„Велат – чувај Боже од политичари кои не си го менуваат ставот и мислењето и покрај тоа што сите аргументи кои не им биле предочени пред да го формираат првиот став, сега им се дадени на тацна. Тоа се онаков тип на политичари, како Бранко, Љубчо и Грујо кои за да си го заштитат егото, ни ја кочеа државата со празни реторики и стравови последниве 30 години, пишува Јане Ѓоргиоски во колумната „Ќе смогне ли сили Мицкоски да се надмине себеси?“.

„Ќе има ли уставни промени и со тоа почеток на реформи кои се нужни? Не ги плашат политичарите идентитетските обележја што ќе бидат во опасност, не ги плашат новите барања од соседот. Ги плаши негарантираната иднина за нив поради реформите во целиот систем. Систем кој тие го градеа и чиј производ се самите. Е такви гаранции бараат од Европа и од нивните политичари“, пишува Војо Маневски во колумната „Самар“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ