• Latest
Олесја Стасјук, доктор по историски науки, раководител на Националната асоцијација на истражувачи на Гладоморот- геноцид врз Украинците (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стасјук: Геноцидот што Русите го вршат денес во Украина има поинаков лик од Гладоморот од 1932-1933-убивање деца, жени, стари лица

June 9, 2023
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Стасјук: Геноцидот што Русите го вршат денес во Украина има поинаков лик од Гладоморот од 1932-1933-убивање деца, жени, стари лица

June 9, 2023 14:30
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Олесја Стасјук, доктор по историски науки, раководител на Националната асоцијација на истражувачи на Гладоморот- геноцид врз Украинците (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Олесја Стасјук, доктор по историски науки, раководител на Националната асоцијација на истражувачи на Гладоморот- геноцид врз Украинците (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадата на Украина во Северна Македонија организираше настатан и изложба за одбележување на Меѓународниот ден за заштита на децата и 4 јуни, ден кој Украина го одбележа во спомен на децата што загинаа како резултат на руската агресија во Украина. Настанот се одржа во Музејот на макеоднската борба за самостојност.

Во продолжение обраќањето на докторката по историски науки и раководителка на Националната асоцијација на истражувачи на Гладоморот- геноцид врз Украинците, Олесја Стасјук:

„На 24 февруари 2022 година, Руската Федерација започна неиспровоцирана воена инвазија од големи размери на нашата земја. Цинизмот на ваквите постапки лежи во фактот дека тоа се случи на 90-тата годишнина од Гладоморот- геноцидот врз Украинците извршен од комунистичкиот тоталитарен режим во 1932-1933 година.

Точно 90 години подоцна, веќе во 21-ви век, Русија повторно врши геноцид врз Украинците пред очите на целиот свет. Како можеше да се случи вакво нешто? Зошто денес, како и во времето на Сталин, од кабинетите на Кремљ се издаваат наредби за убивање Украинци и уништување на темелите на независното постоење на цела нација? Одговорот на ова прашање е очигледен: злото можеше да се врати само затоа што не било казнето во свое време.

За жал, имаше многу малку луѓе кои во советско време ја носеа светлината на вистината и борбата за човекови права. За време на комунистичкиот тоталитарен режим, основан од Ленин и изграден од Сталин, секое противење на главниот наратив значеше саможртвување и голем ризик. Луѓето кои се дрзнуваа да кажат збор вистина избираа тежок пат на борба, полн со опасности. Највообичаен начин да се преживее во време на тоталитаризмот беше молкот и ропската покорност. Но, молкот на милиони води и до милиони жртви.

Украинците се еден од оние народи кои во текот на 20-тиот век целосно ги искусија сите методи на тоталитарно угнетување и масовно истребување. Овој трагичен пат започна за нашиот народ во моментот кога комунистичкиот болшевички режим се воспостави на дел од територијата на поранешната Руска империја есента 1917-тата година. На почетокот, руските болшевици не успеаја да ја прошират својата власт на украинските земји. Во времето на распадот на Руската империја, Украинците, исто како и Литванците, Летонците, Естонците, Полјаците и Финците, се ослободија од руското владеење и почнаа да создаваат своја држава. Во Кијив беше прогласена Украинската Народна Република, која во следните години дури доби дипломатско признание од неколку големи држави од Европа и Азија. Меѓутоа, како резултат на трите руско-украински војни од 1917-1920 година, руските болшевици можеа да го окупираат најголемиот дел од украинските земји.

Веднаш по воспоставувањето на нејзиниот режим во Украина, тука, по наредба на Кремљ, започна создавањето на „армија за храна“, која запленуваше жито и го извезуваше од Украина во Русија. За конечно да го потиснат партизанскиот отпор и да воспостават „монопол за леб“, окупаторите употребија крајно подмолно оружје за масовно уништување – вештачко гладување.

Резултат на таквата агресивна политика за храна и присилното одземање на житото од регионите на Украина кои гладуваа, беше првиот масивен вештачки глад од 1921-1923 година, кој им ги одзема животите на 3,5 милиони Украинци. Болшевиците успеаја да го сокријат поврзувајќи го со вистинскиот глад што во почетокот  на 1920-тите го погоди регионот на Волга и некои други региони на поранешната Руска империја.

Искуството од инструменталната употреба на гладот ​​од 1921-1923 година, како и прикривањето на неговиот вистински тек, болшевиците го искористија во подготовка за нивното следно злосторство – многу поголем напад врз темелите на постоењето на украинската нација. Откако ја уништија социјалната структура на украинското општество преку колективизација и децентрализација, во 1932-1933 година комунистите го организираа злосторството геноцид во Украина, кое имаше за цел да ја уништи украинската нација како целина, што, од своја страна, требаше да ја елиминира потенцијалната можност Украина да го напушти СССР. Создавањето на предуслови за геноцид врз Украинците започна на крајот на 1920-тите години. Вклучително, во пресрет на Гладоморот-геноцид, болшевиците започнаа широка кампања на репресија против украинската интелигенција и украинската национална Црква. Целта на Гладоморот-геноцид беше да се елиминираат основните темели на национално-ослободителното движење на Украинците и да се спречи обновувањето на Украинската држава.

За време на Гладоморот-геноцид од 1932-1933 година, комунистичкиот режим истреби 10,5 милиони Украинци во Украина и на украинските етнички територии во границите на тогашниот СССР. Долго време, болшевиците го негираа самиот факт на гладот, забранувајќи дури и употреба на зборот „глад“ за да се опише она што го направија во Украина. Би сакала да го обратам вашето внимание на фактот дека на ист начин, современиот политички режим на путинова Русија забранува нејзината инвазија на нашата земја да се нарекува „војна“. Во 90-те години што поминаа од првиот геноцид врз Украинците, Кремљ воопшто не се промени. Прикривајќи ги злосторствата на раководството на СССР, неговиот правен наследник, РФ, продолжува да му наметнува на светот митови за „општо-советски глад“, кој, наводно, независно од намерите на руските болшевици, ја погоди територијата на Советскиот Сојуз во раните 1930-ти години.

Истребувањето на украинската интелигенција продолжи за време на „Големиот терор“ и другите големи репресивни кампањи од 1930-тите години, што резултираше со смрт на околу 600.000 луѓе.

Веќе есента 1939-тата година, комунистичките репресии беа раширени на западно-украинските земји, кои Црвената армија ги зазема во текот на спроведувањето на тајните договори од пактот Молотов-Рибентроп. Во текот на 1939-1941 година, десетици илјади жители на овие земји беа одведени во концентрациони логори и населби во оддалечените региони на СССР, илјадници беа затворени и стрелани. Додека по завршувањето на Втората светска војна, наместо повоено закрепнување, во 1946-1947 година, комунистичкиот режим организираше трет вештачки масовен глад, кој ги одзема животите на 1,5 милиони Украинци.

Само со таков инструмент за масовно истребување како гладување, комунистичкиот режим на Кремљ уништи 15,5 милиони Украинци кои загинаа со маченичка смрт во 1921-1923, 1932-1933 и 1946-1947 година. За споредба, ова е приближно ист број на луѓе колку што моментално живеат во Данска, Норвешка и Финска заедно. Внимателни пресметки за демографските загуби на Украинците како резултат на дејствијата на рускиот комунистички режим беа извршени во 2019-2021 година во материјалите од предистражната истрага на Службата за безбедност на Украина во врска со Гладоморот-геноцид врз Украинците.

Во 2003 година, 64 земји во светот, вклучително и Руската Федерација, потпишаа заедничка изјава во ОН, во која признаа дека Гладоморот во Украина ги одзема животите на 7 до 10 милиони невини жртви и стана национална трагедија за целиот украински народ.

А во 2019-тата година, врз основа на мојата изјава, Службата за безбедност на Украина покрена кривично дело против сторителите на геноцидот. Според заклучоците од сложените судски експертизи спроведени во овој случај, истражителите утврдија дека комунистичкиот режим во 1932-1933 година уништил 10,5 милиони Украинци, од кои 4 милиони деца.

Русија отсекогаш ја сметала Украина за главен предмет на својата геноцидна политика. Ова се должеше на фактот дека Кремљ, негирајќи го правото на постоење на Украинците и истребувајќи ги, истовремено се обиде да ги присвои културата и историјата на нашиот народ. Постоењето на Руската империја (вклучувајќи ја и нејзината комунистичка верзија) е невозможно без Украина. Токму затоа, Москва ги менуваше периодите на директно физичко истребување на Украинците, пред се претставници на националната култура, со условно „мирните периоди“ кога Русија вршеше духовен и морален геноцид. Во тие моменти кога растеше силата на украинскиот отпор кон русификацијата, Кремљ повторно прибегнуваше кон физички геноцид врз Украинците.

Денешната агресија на Русија против Украина не беше исклучок. Пропагандата на Путин не се ни обидува да сокрие дека нападот врз нашата држава е извршен поради чувството дека „Украинците си заминуваат засекогаш“. Рускиот лидер никогаш не се заморува да повторува дека Украинците и Русите се наводно една нација и затоа за него лично не постои посебна украинска нација. Прогласената „деназификација“ од страна на Путин всушност значи „деукраинизација“ и геноцид.

Таквата реторика не се разликува од онаа на Хитлер. Нацистичкиот режим на Третиот Рајх го изврши Холокаустот, истреби милиони луѓе од други националности и доведе до страшно уништување на цели земји, вклучително и Германија, која всушност го роди овој режим. Германскиот нацизам беше осуден, а нацистичката идеологија – забранета. Најголемата грешка на светските демократии во 20-тиот век беше тоа што не му го направија истото на комунистичкиот режим на Советскиот Сојуз. Задоволен од поразот на СССР во „Студената војна“, колективниот Запад не бараше посткомунистичките држави од Источна Европа, а пред се Русија, да извршат вистинска и доследна декомунизација, како и правно да ги осудат злосторствата на комунизмот. Така, проблемот е префрлен во 21-виот век. Само поединечни држави кои се појавија по распадот на СССР извршија декомунизација на своја иницијатива.

Во меѓувреме, во Русија се случуваа дијаметрално спротивни процеси. Путин, кој е де факто наследник на комунистичкиот режим, ги трансформираше неговите остатоци во нов вид тоталитарно владеење, кое некогаш се нарекува путинизам, а понекогаш рашизам (симбиоза на фашизмот и сталинизмот). Под закрила на лажни разговори за заштита на рускиот јазик и култура, Москва им ја наметнува својата идеологија и правила на игра на жителите кои што зборуваат руски во различни земји во светот. Главната цел на Кремљ е да ја претвори Русија во суперсила. Путин воопшто не го интересира цената што ќе треба да се плати за ова.

Кога ги зомбира руските граѓани, пропагандата на Путин користи вистински орвеловски „измислен јазик“ во кој убиствата на Украинците се нарекуваат „ослободување“. Милиони Руси ја повторуваат оваа лага, без воопшто да се обидат да размислат од кого или од што тие ќе не „ослободат“ нас? очигледно од животот? За време на руската агресија против Украина, загинаа илјадници цивилни жители на нашата земја, меѓу кои и деца – убиени и киднапирани. Градовите кои цутеа пред војната, како Мариупол, Ирпин, Буча, Бахмут и Харкив се претворија во урнатини. Повеќе од десет милиони Украинци беа принудени да ги напуштат местата на постојано живеење, а повеќе од осум милиони од нив заминаа во странство.

Злосторството геноцид што Русија го врши денес во Украина е особено сурово и цинично по природа. На пример, во еден од ослободените градови на Украина, руските окупатори застрелаа млада мајка, а нејзиното живо дете беше врзано за веќе мртвата жена и меѓу нив беше прикачена мина. Кога ги одврзуваа, мината експлодираше. Слични ѕверства поддржуваат и значителен дел од жителите на РФ, кои се напумпани од рашистичката пропаганда на телевизија.

Според анкетите на социолозите на компанијата Active Group, на мнозинството Руси не би им пречело доколку нивните војници нападнат и други земји. 86,6% од Русите поддржуваат потенцијален напад врз земјите од Европската унија.

Со сигурност може да се констатира дека Путин немаше да застане на Украина, Украина едноставно стана за него коска во грлото.

Вооружените сили на Украина и доброволните формации на Територијалната одбрана денес се борат не само за постоењето на Украина, туку и за целиот демократски свет. Во оваа борба, Украинците демонстрираат исклучителна самопожртвуваност. Украинскиот граничар Игор Дашко, за време на борбите за Мариупол, со цел да ги спречи руските напаѓачи да ја заземат радио станицата се разнесе себеси со граната заедно со станицата. Последните зборови на Херојот на Украина беа „Слава на Украина!“

Вториот од стотиците примери на херојство е маринецот, Херојот на Украина Виталиј Скакун. За да се запре напредувањето на непријателската тенковска колона, беше одлучено да се разнесе патниот мост Генически. Самиот Виталиј доброволно се пријави да ја исполни оваа задача. Мостот го разнесе заедно со себеси. Неговиот херојски чин значително го забави напредувањето на непријателот, што им овозможи на Вооружените Сили на Украина да организираат одбрана.

Ние победуваме и задолжително ќе победиме благодарение на поддршката од целиот демократски свет. За нас денес е важна не само материјалната, туку и моралната поддршка на нашата држава. 30 земји веќе го признаа Гладоморот како геноцид. 30-та, на 25 мај, Велика Британија го призна Гладоморот од 1932-1933 година како геноцид кој ги одзема животите на 10,5 милиони Украинци, а парламентите на Украина, Естонија, Латвија, Канада, Литванија, Ирска и Полска усвоија одлуки во кои ги признаа дејствијата извршени од политичкото и военото раководство на Русија за време на сегашната руско-украинска војна како геноцид на украинската нација. Украина е многу благодарна за таквата морална солидарност.

Геноцидот што Русите го вршат денес во Украина има поинаков лик од Гладоморот од 1932-1933 година. Овој пат не се работи за гладување, туку за убивање жени, деца, стари лица. Многу жртви на руските окупатори се пронајдени со рацете врзани зад грб, со траги од брутално мачење и малтретирање.

Геноцидот денес е масовно силување; целосно уништување на имотот и инфраструктурата на градовите и селата, што доведува до појава на ситуација на хуманитарна катастрофа; принудување за наставата во окупираните територии да се префрли на руски јазик; уништување на културни споменици и вредни предмети, споменици на историјата и архитектурата, украински книги итн.; уништување на луѓе без кои нацијата не може да постои, кои се чувари на културата, традициите и јазикот; убиства на воспитувачи и учители; насилно преселување на деца во Руската Федерација (илјадници деца беа нелегално преселени од окупаторите на територијата на Русија); кражба на медицинска опрема од болници лоцирани на окупираните територии на Украина итн. На крајот на краиштата, денешниот геноцид е уништување на украинската земјоделска механизација и лифтови, со цел да се наруши кампањата за сеидба, за повторно да се искористи гладот ​​како инструмент за угнетување и уништување.

Брутални и сурови меѓу постапките на руските окупатори се примерите на тортура врз цивили и украински војници на окупираните територии, каде што руските џелати им сечат коски на живи луѓе и наместо нив им ставаат бодликава жица. За овие и за други злосторства тие самите им раскажуваат на своите роднини. Сличен разговор пресретнала и Службата за безбедност на Украина. Најнеморално е тоа што нивните роднини го поддржуваат ова и жалат што не можат и тие да учествуваат во истото.

Ова е сè што треба да знаете за државата-агресор и нејзиниот народ.

Откако Украина се стекна со независност, Русија продолжува да врши притисок и уценување на земјите за тие да не го признаат Гладоморот како геноцид врз украинската нација. Во последните децении, „Кремљ“, користејќи ја „петтата колона“ во Украина, ни ги наметнуваше темите за конференции, форуми и тркалезни маси, обидувајќи се да го контролира историското минато. За време на руско-украинската војна се открива вистината за злосторствата на комунистичкиот режим. Светот го признава Гладоморот како геноцид врз Украинците.

Победата на Украина и Украинците заедно со целиот цивилизиран свет над путинизмот истовремено ќе биде конечна победа на демократскиот свет и над комунизмот. Само заедно ќе успееме да му судиме на политичкото и военото раководство на РФ во Хаг и да го спасиме демократскиот свет.

Слава на Украина!“

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГладоморДецаОлесја Стасјукруска агресија врз УкраинаУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ