• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Се состана Советот за безбедност на Косово; засилени контроли на границите со Србија; се бараат информации од КФОР за косовските полицајци

June 15, 2023

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Се состана Советот за безбедност на Косово; засилени контроли на границите со Србија; се бараат информации од КФОР за косовските полицајци

June 15, 2023 10:45
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Косово денеска во утринските часови се состана Советот за безбедност, за состојбите на северот и вчерашниот инцидент со косовските полицајци. Косовската влада објави дека се засилени граничните контроли со Србија, со цел безбедност на границите.

Ова се само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Клан Косова: Се состанува Советот за безбедност, се разговара за случувањата на северот

Започна состанокот на Советот за безбедност , кој се одржува по киднапирањето на тројца косовски полицајци од страна на српската полиција, пренесува Клан Косова.

Европа е Лире: Косовската влада ја засили контролата на граничните премини со Србија

Владата на Косово објави дека се засилени граничните контроли со Србија, а премиерот на земјата рече дека „нашата цел е безбедноста, а безбедноста започнува од границите“.

„Од безбедносни причини, како непосреден и неопходен чекор, засилени се граничните контроли со Србија, со што се ограничува сообраќајот и се зголемуваат контролите на возилата кои доаѓаат од Србија, особено на транспортните“, изјави косовскиот премиер Курти.

Екипите на Радио Слободна Европа во Јариње и Мердаре јавуваат дека возилата со српски регистарски таблички без пречки влегуваат во Косово со зголемени контроли.

На границата во Мердаре од српска страна чекаат камиони со српски и косовски регистерски таблички. Од страната на Косово минуваат патнички возила, но од страна на Србија во правец на Косово речиси и да нема возила со српски регистарски таблички, пренесе Радио Слободна Европа на албански јазик.

РТВ 21 -Курти: Синоќа разговарав со Ескобар и Ховениер, ги замолив КФОР да ни даде информации за киднапирањето

Премиерот Албин Курти изјави дека синоќа контактирал со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескбар и со американскиот амбасадор Џефри Ховениер во врска со киднапирањето на тројца полицајци од Србија.

Курти рече дека побарал од КФОР да достават информации за киднапирањето пред состанокот на Советот за безбедност, но дека тоа не се случило.

„Синоќа имав телефонски разговор со Ескобар и Ховенје. Разговаравме за безбедносната ситуација. Им кажав дека очекувам КФОР да ми донесе информации пред состанокот на Советот за безбедност, но без никакви информации, па на состанокот отидовме само со наши информации, кои се точни“, рече Курти, пренесе РТВ 21.

РТК -Кандиќ: Косовските полицајци да бидат ослободени

Основачката на Хуманитарниот правен центар, Наташа Кандиќ, реагираше по киднапирањето на тројца косовски полицајци од Србија.

Кандиќ на Твитер напиша дека Србија треба да ги врати косовските полицајци на Косово.

„МУП треба да ги врати косовските полицајци на Косово, сметајќи дека не знаеле дека ја преминале границата и во спомен на судбината на браќата Битиќи, кои ја преминале границата помагајќи им на Ромите да преминат во Србија и никогаш повеќе не биле видени жив“. – напиша Кандиќ на Твитер, пренесе РТК.

Репортери – Поранешен портпарол на КФОР: Ако полицајците беа уапсени на Косово, прекршена е резолуцијата  1244

Поранешниот портпарол на мисијата КФОР на Косово, Винсент Грасо, реагираше по киднапирањето на тројца припадници на косовската полиција од страна на Специјалната полиција на Србија на територијата на Косово.

Според него, доколку се докаже дека апсењето се случило на Косово, Србија го прекршила Воено-техничкиот договор и Резолуцијата 1244, пренесе Репортери.

КОЛУМНА

Бота Сот: Дали се загрозени интересите на Албанците на Балканот?

„Не знам дали демократскиот свет разбра дека Вучиќ дијалогот го претвори во инструмент на политики со две лица и во инструмент за внатрешна политичка потрошувачка.

Српскиот претседател со своите политички маневри не само што не направи ниту еден чекор напред во процесите, туку направи ретроградно враќање во 90-тите години на минатиот век. Се чини дека западните земји не сакаат да преземат мерки против него за сите политички опструкции што ги прават и за воената криза што ја предизвикува со српските банди кои секојдневно го дестабилизираат северот на Косово.“, пишува авторот Скендер Мулиќи во колумната „Дали се загрозени интересите на Албанците на Балканот?“, објавена во Бота Сот.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ