• Latest

Спасовски: ЕУ не може да биде цела доколку ги нема земјите од Западен Балкан

June 15, 2023
Кијив, 29 ноември 2026 (извор: ДСНС)

Студот – руско оружје на теророт: Над 1.960 дронови за една недела, жртви и разурнати домови во Украина

November 29, 2026

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски: ЕУ не може да биде цела доколку ги нема земјите од Западен Балкан

June 15, 2023 11:49
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Миграциите се европски предизвик за кој е потребен европски одговор,  преку заедничка политика, соработка и координација, а стабилноста на европскиот континент може да се заокружи само со приклучување на Западниот Балкан во Европската унија, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на сесијата „Управување со миграциите на релација ЕУ-Западен Балкан: солидарност и споделени обврски“, во рамки на третиот Преспа форум за дијалог што се одржува од денеска во Струга.

Миграцијата, потенцираше министерот, единствено може да се превенира и менаџира само доколку постои силно партнерство и соработка на сите европски држави без исклучок.

Само европскиот одговор на целиот овој предизвик, потенцираше Спасовски, може да биде вистинскиот одговор и да ги вклучи сите земји коишто и географски и природно припаѓаат на Европа. Европскиот одговор вклучува одговор и соработка со сите страни – и земјите на дестинација и земјите на транзит и земјите на потекло, бидејќи тие се упатени едни на други.

– Се ова што го правиме заеднички и секој предизвик, кој е заеднички за целиот регион мора да ја прати силната порака до земјите членки на ЕУ дека ЕУ не може да биде цела доколку ги нема земјите од Западен Балкан. Само на тој начин  можеме да ја заокружиме стабилноста и безбедноста на целиот европски континент, рече Спасовски.

Тој оцени дека прашањето со миграциските политики, особено по настаните од 2025 година што директно ги почувствуваме сите и во годините пред нас ќе биде една од приоритетните теми на општествено политичките агенди, бидејќи претставува еден од најголемите предизвици со кој  ќе се соочува светот.

– Тоа е не само поради тоа што од нашето соседство ни пристигнува најголемиот дел од мигрантите туку и поради фактот што и регионите од каде и се случи силниот миграциски бран, пред се, Блискиот и Средниот Исток, надополнети со инвазијата на Русија врз Украина и денес се далеку од реална стабилизација, оцени Спасовски.

Министерот посочи дека мигрантскиот бран што ја зафати Европа, а во кој Северна Македонија беше дел од т.н. Западно балканска рута покажа низа слабости и неподготвеност, не само кај земјите од регионот, туку генерално и во Европа.

Според него, огромна улога во справувањето со миграциите коишто се глобален проблем имаше и се уште има координацијата како незаобиколна точка без која мора да признаеме не можеме да претендираме пред се кон квалитетни системски нормативни решенија.

– Во делот на нелегалната миграција поради својата географска положба  Северна Македонија е дел од западно балканскиот коридор и е земја на транзит. За овој коридор карактеристични се мешани миграциски движења вклучувајќи бегалци помеѓу земјите на потекло, земјите на Блискиот  Африка, Азија и земјите на дестинација тука пред се земјите членки на ЕУ.   Тие се составени од ранливи категории на лица меѓу кои се непридружувани деца, жртви на трговија со луѓе, бегалци и лица на кои е потребна меѓународна заштита. Меѓународните криминални мрежи ги користат мешаните миграциски движења за криумчарење на мигранти и жртви на трговија со луѓе од земјите на потекло па се до земјите на дестинации, информираше Спасовски.

Тој потсети дека пресрет на мигрантската криза во 2015 година без европско присуство на границите, нашето МВР иницираше и како што рече, многу успешно спроведе билатерални акции преку специјална мерка односно заедничка операција која од почетокот на кризата и непосредно до самото распоредување на персоналот на Фронтекс беше наш индикатор за успех, за учинок и напредок кон европските напори за безбедни граници, менаџирање и борба против илегалната миграција.

– Осум земји од географска Европа беа дел од овој подвиг, упатуваа полициски службеници на македонско грчката граница иако самите се справуваа со прилив на илегални мигранти на своја територија и со ковид кризата зашто искрено сакам да се заблагодарам на Чешка, Словачка, Полска, Унгарија, Словенија, Хрватска, Австрија и на Србија, посочи Спасовски.

За МВР и за Северна Македонија, како што рече, е од исклучително значење потпишувањето и на Договорот  со Фронтекс, не само поради тоа што беше потпишан на македонски јазик, туку и од оперативен аспект,

Клучна активност на нашиот пат во одржливото управување со миграциите во Западен Балкан, како што посочи, претставува напредокот во реализацијата на меѓународната и прекуграничната соработка, зацврстена меѓународна доверба, зголемена размена на податоци на информации, која што е најдобриот показател за нашата подготвеност да го направиме безбедносниот амбиент да биде уште поповолен, а секако дека напредокот кон европските интеграции да биде уште побрз, не само за Северна Македонија, туку за сите држави во овој регион.

– И гледајќи во перспектива хронолошки, сега веќе сите страни, секоја организација и европска и меѓународна на миграцијата гледа како европски предизвик и кој бара европски одговор. Тоа е најважната работа што се случи во овој период – да разбереме сите дека не можеме ништо да направиме самостојно и дека справување со последиците со миграцијата е можно само ако имаме заедничка политика, порача Спасовски.

Tags: Преспа Форум ДијалогСпасовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ