• Latest
ПРетседателот Стево Пендаровски, извор: Твитер профил на Пендаровски

Пендаровски: Уставните измени не се недостижни ако опозицијата опстои на променетиот став

June 20, 2023
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Молдавската проруска партија не ги признава резултатите од изборите и се заканува со протести

October 8, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација

October 8, 2025

Меџити: Владата го раскина договорот за концесија за експлоатација на варовник во Скопско Страчинци

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски до СДСМ: Папагалски повторувања и очај маскиран во политика – нема да поднесам оставка

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на DER STANDARD

Баварија ќе ѝ дозволи на полицијата да соборува неидентификувани дронови по инцидентот во Минхен

October 8, 2025

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци Панчо Минов, носител на независна листа за Локалните избори 2025

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Уставните измени не се недостижни ако опозицијата опстои на променетиот став

June 20, 2023 11:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
ПРетседателот Стево Пендаровски, извор: Твитер профил на Пендаровски

Стево Пендаровски

Share on FacebookShare on Twitter

Опозицијата направи промена од 180 степени во однос на сопствените тврдења во изминатите месеци и на лидерската средба од нивна страна не беше спомнат бугарскиот диктат, ниту дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни промени и ако продолжат да се држат до овој нов пристап, без споменување на небулозните тврдења дека само како Бугари можеме да влеземе во ЕУ, тогаш бројката од 80 пратеници за усвојување на уставните измени не е недостижна, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Фактор“.

– Ако во нашиот Устав веќе 22 години имаме внесено седум народи и делови од народи, каква штета може да има за македонскиот народ и идентитет ако внесеме уште шест етнички заедници кои живеат тука. За жал, опозицијата реши да се грижи повеќе за својот рејтинг отколку за стратешките интереси на државата и само тоа е причината зошто е неизвесно дали ќе дојде до промената на Уставот, вели Пендаровски, потсетувајќи дека средбата на премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најголемата опозициска партија прифати да влезе во Владата и да предводат пет ресори, а единствено изрази противење само за учество на ДУИ во таквата Влада.

Претседателот Пендаровски наведува дека од првиот ден на усвојувањето на преговарачката рамка во Собранието, тој не бил ниту оптимист, ниту песимист, туку реалист „кој многу добро знае што содржи рамката и кои се позициите на двата спротивставени политички блока во однос на неа“.

Според шефот на државата, процесот на уставни измени нема ниту правна, ниту политичка поврзаност со евентуални предвремени парламентарни избори.

– Слична ситуација имавме и по завршувањето на последните локални избори кога опозицијата настапи со идентично барање, меѓутоа и тогаш и сега, освен аргументи, немаше мнозинство за распуштање на Парламентот, а тоа е единствениот начин да предизвикате предвремени избори, нагласува Пендаровски.

Во врска со законите поврзани со договорот со „Бехтел и Енка“, Пендаровски наведува дека клучен факт да одлучи да ги потпише било тоа што измените на Законот за работни односи не ја содржат одредбата што минатата година Уставниот суд ја прогласи за неуставна, а која предвидуваше дека работното време на секој работник може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината.

– Указите кои претседателот ги потпишува се однесуваат на законите кои се изгласани во Собранието, така што, во конкретниов случај, тие укази не се однесуваат на договорот меѓу Владата и конзорциумот „Бехтел и Енка“, не се однесуваат на тоа кој сѐ ќе биде дел од Надзорниот одбор којшто ќе ја надгледува изградбата на автопатиштата, ниту пак се однесуваат на кој било друг аспект од договорните односи меѓу државата и тие две приватни фирми, потенцира претседателот.

Коментирајќи го актуелните случување во Судскиот совет, Пендаровски наведува дека состојбите во правосудниот систем јасно укажуваат дека во блиска иднина ќе биде нужно некаков тип на кадровско прочистување во правосудството.

– Се разбира, концептот треба добро да се осмисли и да се спроведе со експертска поддршка од ЕУ, затоа што се сомневам дека само со употреба на домашните ресурси можеме суштински да ја промениме состојбата во таа област, смета претседателот на Републиката.

Оценувајќи го својот досегашен мандат на чело на државата, Пендаровски потсетува дека „во изминативе четири години имавме ситуации кои без сомнение излегуваа надвор од она што го нарекуваме рутинска или вообичаена политичка агенда и кои ја ставија на сериозен тест целата држава, пред се пандемијата со Ковид-19, кога неколкупати прогласуваше вонредна состојба затоа што Парламентот беше распуштен, а Владата во технички мандат“.

– Потоа, војната во Украина, каде што се вклучивме со активно помагање, како членка на НАТО, и се разбира, европската преговарачка рамка, која ја усвоивме во тензична атмосфера, но, со која ги заштитивме македонските национални интереси, идентитет и јазик и која ни овозможи после 17 години конечно да ги започнеме преговорите со ЕУ, вели Пендаровски.

Сепак, според него, за неговата работа во изминатите години во вакви услови, конечниот збор треба да го кажат македонските граѓани.

– Јас можам само да кажам дека во рамките на моите надлежности најчесно и најискрено се вложив со сето свое знаење и умеење за да донесеме одлуки кои ќе бидат во интерес на сите наши граѓани, додава шефот на државата.

Околу тоа дали планира да се кандидира за втор претседателски мандат, Пендаровски посочува сѐ уште рано за носење на таа одлука, со оглед на фактот што му преостанува уште без малку цела една година од мандатот, која, како што вели, сака да ја искористи максимално за работа во интерес на граѓаните.

– Уште и при првата моја кандидатура во 2014-та објаснував дека за вршењето на која било јавна функција е најмалку важно дали имате амбиции. Далеку поважно и на крајот пресудно е дали имате поддршка меѓу граѓаните, дали тие веруваат во дадениот збор дека тоа што го ветувате навистина и ќе го реализирате, додава Пендаровски во интервјуто за „Фактор“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ