• Latest

Анкета на ЦИВИЛ: Национализмот е доблест на злобните луѓе, говорот на омраза доведува до системско уништување на човештвото

July 10, 2023
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Анкета на ЦИВИЛ: Национализмот е доблест на злобните луѓе, говорот на омраза доведува до системско уништување на човештвото

July 10, 2023 15:01
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Национализмот и говорот на омраза се најлошите работи за уништување на луѓето. Поделбата на едни и други и секојдневно ширење говор на омраза доведува до системско уништување на човештвото. Нема потреба од пуштање Атомска бомба кога ние самите се уништуваме. Паролата „раскарај и владеј“ е нај присутна во денешнината“, вели Зоран Карановски, на прашањето на ЦИВИЛ поставено на Фејсбук – Што е посилно од атомска бомба – говорот на омраза, национализмот или корупцијата?

Насер Ајдини: „Најопасни се национализмот и говорот на омраза, тие се причина за употреба на оружје, па и на атомска бомба“.

Марко Цветановски: „Национализмот и говорот на омраза доведуваат до човечки трагедии, низ историјата има безброј примери. Ми се чини дека брзо се забораваат. Зборовите на омраза се почеток на секое зло. Погледнете ги говорите на националсоцијалистите во 30-тите год. во Германија пример. Тие говори на зло и омраза доведоа до 50 милиони мртви и невидени несреќи. Има една изрека која вели: еден будала да фрли камен во бунар сто паметни не можат да го извадат. Лесно е да запалиш тешко се гаси“.

Дарко Димитров: „Говорот на омраза е од простите луѓе, национализмот е доблест на злобните луѓе, а корупцијата е нормална работа“.

Гордана Крстиќ: „Првите три секојдневно го трујат и убиваат човекот, а атомската бомба, не дај боже, еднаш“.

Методи Костадинов: „Сите четири прашања се исти, сите го уништуваат народот, разликата е што атомската бомба ги уништува сите, останатите три го уништуваат народот на рати. И едните и другите се против човештвото, умоболни луѓе има насекаде во светот па дури и во Македонија“.

Ахмет Ламалари: „Нормално дека сите три се опасни, најопасно е лажен патриотизам, лажен национализам и лажни прес-конференции“.

Вера Србиноска: „Сите три не се споредуваат со атомска бомба, ама уништуваат како неа“.

Буба Гурева: „Корупцијата и расипани власти. Уништуваат сè и народ и држава без оглед на раса, вера или национална припадност“.

Лепа Димовска: „Сите три заедно, но сепак сметам дека национализмот е најлошо за едно општество, бидејќи тие што го поддржуват сакаат еднонационално општество и затоа доаѓа до меѓуграѓански војни и народот страда, а политичарите не“.

Младен Злембо Јанев: „Нема поопасно од религиите“.

Прашањето е поставено на Фејсбук профилот на ЦИВИЛ пред 5 дена, (05 јули) и до објавување на текстот има околу педесетина коментари.

ЦМТ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ