• Latest

Зелените коридори на ЦЕФТА и Транспортната заедница кон ЕУ одбележуваат една година од имплементацијата

July 12, 2023

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Зелените коридори на ЦЕФТА и Транспортната заедница кон ЕУ одбележуваат една година од имплементацијата

July 12, 2023 09:49
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Првите зелени коридори на ЦЕФТА и Транспортната заедница кон ЕУ (Грција) одбележуваат една година од имплементацијата. Оваа иницијатива, овозможена преку системот за електронска размена на податоци SEED+, ја преобликува царинската соработка и ја забрзува трговијата меѓу ЦЕФТА и ЕУ.

Системот SEED+ кој е целосно финансиран од ЕУ, овозможува сигурна и ефикасна размена на податоци меѓу царинските администрации, подобрувајќи ги анализите на ризик и значително намалувајќи ги времето и трошоците на чекање. Неговата флексибилност и приспособливост обезбедуваат беспрекорна трговија и ги минимизираат административните оптоварувања.

„Иницијативата Зелени коридори ја покажува посветеноста на ЦЕФТА и ЕУ за унапредување на трговијата и градење поблиски економски врски меѓу нив. Таа не само што ја докажа својата ефикасност, туку ги постави и темелите за идна подобрена соработка, поттикнувајќи посилна поврзаност меѓу ЦЕФТА и ЕУ. Со оптимизирање на царинските процеси и обезбедување на ефикасно гранично управување, иницијативата ги поддржува бизнисите во проширувањето своите пазари и по пониски трошоци“, изјави Данијела Гачевиќ, В.Д. Директор на Секретаријатот на ЦЕФТА.

„Царинската управа на Република Северна Македонија е посветна на олеснување на трговијата во секој аспект, со што се зголемува конкурентноста на трговските друштва на меѓународниот пазар, а во исто време се обезбедува ефикасност и безбедност на граничното управување. Воспоставувањето на Зелените коридори во рамките на ЦЕФТА и проширувањето на оваа иницијатива кон земјите-членки на ЕУ, што започна со воспоставување електронска размена на податоци меѓу нашата земја и Грција во јули 2022 година, ја поддржува транспарентноста и предвидливоста на синџирите на снабдување, поставувајќи цврста основа за идните интеграции на ЦЕФТА страните со ЕУ“. – изјави Стефан Богоев, директор на Царинската управа на Република Северна Македонија.

„Сметаме дека нашето учество во иницијативата Зелени коридори е од големо значење. Нашата соработка со ЦЕФТА и Транспортната заедница, и со Царинската управа на Северна Македонија беше од корист за сите нас, бидејќи влијаеше на многу прашања од прекуграничната трговија. SEED+ е алатка со додадена вредност за подобрување на олеснувањето на трговијата, која истовремено обезбедува поефективни контроли“. изјави Џорџ Ј. Пицилис, гувернер на Независната управа за јавни приходи на Република Грција.

„Првата година од спроведувањето на Зелените коридори со ЕУ беше значајна пресвртница за поврзувањето и транспортот во регионот. Оваа иницијатива ги приближи економиите, рационализирајќи ги граничните процедури и намалувајќи го времето на чекање. Успехот на овие Зелени коридори ја нагласува нивната важност за подобрување на поврзаноста, олеснување на трговските текови и зајакнување на регионалната интеграција. Како што продолжуваме да го надградуваме ова достигнување, со нетрпение очекуваме дополнително да ги подобруваме транспортните врски и да негуваме поблиски економски односи со нашите партнери од ЕУ“, рече Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот  секретаријат на Транспортната заедница на ЈИЕ.

Податоците собрани во текот на првата година од иницијативата со Грција ќе послужат како основа за идните анализи. Зелените коридори во рамките на ЦЕФТА покажаа дека времето на чекање во првата половина на 2023 година се намалило во просек за 10 минути по камион, што резултира со вкупна заштеда од 5.459 дена во споредба со податоците во 2022 година.

Меморандум за разбирање за размена на податоци беше потпишан меѓу царинските администрации на Северна Македонија и Грција во јули 2022 година, по што следуваа Меморандуми за разбирање меѓу царинските управи на Албанија, Италија и Црна Гора потпишани во септември 2022 година, и Меморандуми за разбирање меѓу царинските управи на Албанија, Хрватска и Црна Гора. Воспоставената соработка служи како основа за целиот иден транспорт и трговија од сите ЦЕФТА страни до земјите-членки на ЕУ.

Tags: ЕУцаринаЦЕФТА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ