• Latest

Спасовски: Нулта толеранција за корупција, борбата не е лесна ама вреди

July 12, 2023
Фото: Скриншот од видео на RFE/RL

Заедничка изјава на Меѓународната коалиција за враќање на украински деца: Ја повторуваме непоколебливата посветеност на заштитата на децата погодени од незаконската, неиспровоцирана и неоправдана целосна руска воена инвазија на Украина

August 6, 2025

Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

August 6, 2025
Фото: Скриншот МИА

Тешко болните деца ќе може да учат дома или онлајн

August 6, 2025

Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК

August 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

August 6, 2025

МВР во координација со Обвинителство за утврдување говор на омраза кај навивачите на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах

August 6, 2025
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Видеото од тортурата врз транс жената Сара Милереј ја шокираше Колумбија, но убиствата не застанаа тука

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

Спасовски: Нулта толеранција за корупција, борбата не е лесна ама вреди

July 12, 2023 11:59
in АНТИКОРУПЦИЈА, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостувајќи во Студио 10 на ТВ24 беше запрашан за соработката на МВР со институциите надлежни за сузбивање на корупцијата.

„Како МВР имаме нулта толеранција во однос на корупцијата, борба која мора да биде ригорозна и конзистентна, транспарентна и неселективна. Тоа подразбира дека за сето она што го работиме не смее да постои селективност, без разлика корупцијата и криминалот од каде доаѓаат, дал се на високо или ниско ниво, иако за мене таква поделба не постои. Корупција е коурпција, без разлика каде се јавува, таа треба да биде сузбиена. Секако дека ако се јавува корупција на високо ниво е попроблематична заради тоа што може да се има поголемо влијание врз системот, но сепак, мораме како институции, како систем, сите заедно да имаме добар одговор во однос на оваа состојба”, рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски потенцираше дека МВР има добра соработка со институциите надлежни за борба против корупцијата.

„Можам да сведочам за добра соработка и со јавните обвинителства и со Државната комисија за спречување на комисијата, со конкретни договори за соработка, меморандуми за електронска размена на информации. Направивме можност укажувачите да имаат побезбеден систсем. Секоја постапка треба да се води без разлика за кого станува збор, да се прибираат докази, секаде каде ќе се покаже криминал – да се носи одговороност. Не смееме да си дозволиме луксуз во којшто некој ќе биде изоставен од водење постапка за криминал или корупција. Само така граѓаните ќе имаат доверба во институциите”, рече Спасовски.

Образложувајќи дека корупцијата како феномен практично лишува многу услуги кои се потребни на граѓаните, Спасовски истакна дека преку корупцијата граѓаните се лишени од услуги во образованието, во здравството, таа ја јаде економијата и работните места, за сметка на богатење на групи и поединци. Затоа, како што посочи Спасовски, посебно е важно истрагите за корупција да биде проследени со финансиски истраги и конфискација на имот.

„Како МВР од моментот кога започнавме со финансиски истраги го формиравме Одделот за водење финансиски истраги во МВР и водиме паралелно финансиска истрага за секоја кривична постапка, со цел на крајот да не може тој имот кој е нелегално стекнат, да остане кај криминалот, туку да мора да се врати кај државата”, истакна Спасовски.

Истакнувајќи дека борбата против корупцијата е присутна секаде во општество, на секое ниво, министерот Спасовски рече дека таа никогаш не е лесна и не е ексклузивитет само за нашата држава.

„Борбата против криминалот и корупција не е лесна никаде во светот, дури и во најразвиените демократски држави. Еден од најголемите американски претседатели Рузвелт, би рекол – ‘Aко беше лесно немаше да вреди’. Така што и оваа битка којашто ја имаме против криминалот и корупцијата не е лесна, меѓутоа е вредно да се бориме против нив и да создадеме услови за развој на општеството, за такво какво што го посакуваат и, пред сѐ, заслужуваат граѓаните на државата”, рече министерот Спасовски.

Одговарајќи на прашањето дали има заштитени во однос на корупција, Спасовски рече:

„За кој сака нека се работи, тука нема ни внуци, ни браќа, ни сестри, ни функционери…. Не сакам да се создава илузија во јавноста дека некој заради тоа што е поврзан со врвот на власт или е во самиот врв на власта – нема да одговора. Апсолутно секој кој се бави со криминал и корупција мора да одговара! Нема поединец во оваа држава кој може да биде појак од државата и не смее да има во ниту еден случај. Националната припадност, верската припадност, политичката…, во ниту еден случај не може да биде основа за тоа дали има криминал или нема криминал. Тој што правел криминал е криминалец и треба да сноси одговорност. Криминалот и корупцијата не познаваат граници и веќе е транснационален криминал. Да не се надева некој политичар дека затоа што е политичар ќе биде заштитен за тоа што го правел незаконски во текот на работењето. Така што ова треба да биде порака до сите: секој еден којшто прави криминал, кој со умисла сака да биде дел од криминални структури и преку корупција да ја уништува државата, мора да излезе пред лицето на правдата и во тоа сме силно решени”, рече министерот Спасовски, додавајќи притоа дека системот за борба против корупција е комплексен.

„Тоа не е една институција, но граѓаните сакаат да го видат крајниот исход – дали тој што е криминалец и утврдил судот дека е криминалец – ќе ја изврши санкцијата, дали ќе се конфискува нелегалниот имот. Дали зајакнува системот?! Да, зајакнува. Тој систем не е ист систем како до 2017. Дали треба да биде подобар? Да, треба да биде уште подобар и да градиме сите доверба во институциите”, подвлече Спасовски.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: борба против корупцијаМВРнулта толеранцијаОливер Спасовски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ