• Latest

ЦИВИЛ го осудува вандалскиот чин на Левица во „Парк Украина“ во Чаир; жешка битка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска за неписменоста и неспособноста; Буџетот на одбраната ќе биде најмалку 2 отсто од БДП

July 13, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ЦИВИЛ го осудува вандалскиот чин на Левица во „Парк Украина“ во Чаир; жешка битка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска за неписменоста и неспособноста; Буџетот на одбраната ќе биде најмалку 2 отсто од БДП

July 13, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЦИВИЛ најостро ги осуди вандализмот и подмолните манипулации на Левица кои ја оштетија таблата на Паркот Украина во Чаир

ЦИВИЛ најостро го осудува вандализмот и манипулациите што ги предизвикува најновата, крајно подмолна провокација јавно поддржана од Левица, а која ја спроведе самонаречената „црвена младина“.

Украинската амбасада реагираше за вандалскиот чин во паркот „Украина“ во Чаир, нагласувајќи дека  желбата да се почитува споменот на своите херои не може да се поврзува со уцена и со вршење на вандалски чинови.

Во Чаир, членови на Левица вчера (12 јули 2023), пред сопствените камери, ја вандализираат табелата со натписот на новиот „Парк Украина“, кој беше промовиран пред еден месец на иницијатива на Општина Чаир, во соработка со Украинската амбасада, со поддршка од ЦИВИЛ и други граѓански и хуманитарни групи и организации. Овој чин е симбол на солидарноста со украинскиот народ во нивната борба за слобода од руската агресија и окупација.

Имено, оштетувањето и самоволното „преименување“ на Паркот Украина во Чаир, не претставува само еден обичен чин на вандализам.

Со јасна и груба злоупотреба на еден светол поим, како што е АСНОМ, политичките вандали од екстремната десница сакаат да предизвикаат омраза и поделби, наспроти благородниот мотив што стои зад именувањето на Паркот Украина. Воедно, тие не ја кријат својата намера да ја омаловажат волјата на локалната самоуправа, како и на граѓанките и граѓаните на општина Чаир и пошироко, да ѝ оддадат признание и почит на борбата на Украина за слобода.

Не е случаен изборот на локацијата и името на паркот, бидејќи Левица не ја кријат својата поддршка и приврзаност кон нивниот идол, воениот злосторник и диктатор Путин“, велат од ЦИВИЛ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Од самитот на НАТО во Вилнус, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во ексклузивното интервју за ЦИВИЛ Медиа открива дека поддршката за Украина ќе трае најмалку десет години.

Денеска, за прв пат се одржува Советот меѓу НАТО и Украина. Соработката со Украина се крева на уште повисоко ниво. Украина инсистира да добие датум за прием во НАТО, на што не се согласија САД и поголем дел од членките на Алијансата, одговори Петровска запрашана за коментар на барањето на Украина да добие датум за прием во НАТО.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Ако не ги прифати уставните измени и не продолжи да оди кон европскиот пат Северна Македонија се соочува со опасноста да биде изолирана, порача денеска од Скопје шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Бујар Османи и министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка, Јан Липавски и Мирослав Влаховски кои се во посета на земјава.

КУЛТУРА Филмскиот Фонд во мај 2009 година склучил договор за финансирање Проекти од национален интерес со „Сенка Милчо Манчевски ДООЕЛ“ за поддршка, дистрибуција и реклама на играниот филм „Сенки“ со износ од 1.197.667 денари (19.500 евра).

ПОЛИТИКА За неспособноста, неписменоста и нефункционалноста – ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска водат жестока битка.

СВЕТ Европскиот парламент усвои Патокози за зајакнување на Европската здравствена унија и за подобрување на капацитетите на националните здравствени системи на членките на ЕУ за справување со идните предизвици и евентуални нови здравствени кризи.

ТЕНДЕР Објавен е тендер за изградба на 10,5 километри од автопатската делница Скопје-Блаце, со кој се упатува покана за претквалификација за изведувач на активностите од втората фаза. Повикот е отворен до 21 август годинава.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Шефот на ослогласената платеничка група Вагнер, и самиот поранешен осуденик, Евгениј  Пригожин ја изгубил почитта од руските затвореници кои сега мислат дека е „предавник“, пренесува Бизнис инсајдер.

Руските затвореници, од кои многумина се бунтуваа во знак на поддршка на краткотрајниот бунт на групата Вагнер, сега се свртеа против водачот на групата, изјави Олга Романова, шеф на групата за правата на затворениците „Русија зад решетки“.

*
Украинските бранители погодиле касарна на силите на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров во фабрика за челик во Мариупол, изјави Петро Андриушченко, советник на украинскиот градоначалник на Мариупол во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.

АЛ-ПРЕС

Косовската влада постепено ја повлекува полицијата од северот, а изборите би се одржале наесен, како одговор на барањата на ЕУ. Во општината Лепосавиќ на северот на Косово, градоначалникот избран на локалните избори кои ги спорат косовските Срби, веќе 43 дена не излегол од општинскиот објект…

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Политиката која е штетна, одвратна, грозна и губитничка, не само во практична, туку и во морална смисла – зачинета со патетични прокламации и реторички подјебавања – политика која во конечноста е длабоко „нихилистичка“, а скриена под маската на лицемерната принципиелност, кога-тогаш ќе акне в sид, ќе се судри со своите лимити, ќе се соочи со своите неизбежни консеквенци на стореното. И тогаш, така предвидливо, доаѓа до психотични реакции – повраќање на вербални и физички насилства на сите страни како една насобрана фрустрација која бара на нешто или на некој да се „ослободи“; едноставно, целата гадост бара некаде да се „емитува“, сè со цел да се загади што повеќе јавната околина“, пишува Ненад Јовановиќ во колумната „Сплетка, сопка, ујдурма и срање“.

*

„Извесна националистичка елита во земјава, кога на власт не беше ВМРО ДПМНЕ, во раните 90-ти години, беше облечена во црни кошули. Не ги симнуваше, се додека не дојде промената во октомври 1998 година. Потоа носеа само  бели „ризи“. Се прашувам дали овој измачен народ, кој сега увидува некакви перспективи, за себе и поколенијата, ако не поминат уставните измени, од есенва масовно ќе ја внесе црната боја во својата секојдневна гардероба?  Оплакувајќи ја Европа…“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Ќе ја преболиме ли Европа?“.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ