• Latest

Сплетка, сопка, ујдурма и срање

July 13, 2023

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Сплетка, сопка, ујдурма и срање

July 13, 2023 14:41
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Кога човек го слуша препукувањето на извесна Арсовска (што е таа госпоѓа во нашите животи, ама навистина што е?) и кога го слуша препукувањето на некој извесен Орце (Орце кој?), градоначалници кои по сила на (не)прилики се нашле тамо кајшто се нашле, што може човек на себе да си каже?

Политиката која е штетна, одвратна, грозна и губитничка, не само во практична, туку и во морална смисла – зачинета со патетични прокламации и реторички подјебавања – политика која во конечноста е длабоко „нихилистичка“, а скриена под маската на лицемерната принципиелност, кога-тогаш ќе акне в sид, ќе се судри со своите лимити, ќе се соочи со своите неизбежни консеквенци на стореното. И тогаш, така предвидливо, доаѓа до психотични реакции – повраќање на вербални и физички насилства на сите страни како една насобрана фрустрација која бара на нешто или на некој да се „ослободи“; едноставно, целата гадост бара некаде да се „емитува“, сè со цел да се загади што повеќе јавната околина.

Трагикомична и карикатурална политика на лумпен-патриотите која, денес, малку модификувана од времето на Мијалков и Груевски, ја наследи денешниот „локалносамоуправен естаблишмент“, овие денови совршено банкротира. Банкротира на начин што го прогласија за триумф: „Се каам што сум ја гласал Арсовска. О, Боже, колку се каам“. Вакви зборови неприличат ниту во брачни заедници, а камо ли во политичка јавност во Македонија. Тие, имено, разни орциња и останати мициња, мислат дека јавниот живот е брачен живот – па кога тоа еднаш ќе фати, не пушта, комшија, па оди ти потоа убиј се. А, ако евентуално и пушти – добивате неверојатна жолчна киселина низ јавноста на начин во кој се паѓа од вербална во физичка несвестица.

О, мајко Маријо, се каам со цело мое срце што ја земавме таа жена. О, мајко Маријо, грешни сме пред Бога и грешни сме пред гласачите. Кога не би било трагично, би било урнебесно сатирично.

Од друга страна, ниту скопската „градоначалничка Цвета“ не остана должна: „Орце е неписмен, не знае до каде одат неговите ингеренции“, или нешто слично во тој стил. На тоа, и „лумпен Орце“ не остана покусо: „Јас сум за тебе Блаже Конески“, или нешто слично во тој стил.

И што да ви правам, почитувани читатели, гледате и сами: што правиме ако од вакво ментално срање некој се отруе, кој тогаш ќе биде виновен? Ги следите ли тие реторички нагазни мини, расипани „паштети“ размачкани низ онлајн порталите слободни за консумирање. Скрши лепче, намачкај си паштета, мх, мх, мх, мљац, мљац, мљац. Треба да се внимава на начинот на кој зборуваат овие двајца: толку прецизно и немилосрдно себе се портретираат што не би можел тоа да го направи ниту нивниот најогорчен противник.

Додека, пак, ги типкам овие зборови, на вибер ми стигнува порака: „Мицкоски стои позади блокадата во Комуналното претпријатие во Скопје“. Зарем беше возможно друго сценарио? Практично, ништо не му смета на текстот од погоре: толку се предвидливи што станува одвратно и болежливо. Банкротот на опозицијата продолжува во целото свое „светло“.

Секој нормален човек сега би се прашал: има ли воопшто крај на ова лудило? Напротив, ваквото однесување се шири и продлабочува. И сега да ве прашам: мислите ли вие дека ВМРО-ДПМНЕ е проевропска партија? Мислите ли вие дека тие се спремни некаде да се соберат, а нешто да не „дрпнат“ за себе, да не предизвикаат некоја опструкција, сопка, сплетка…? Премногу е очигледно дека се воспитувани на пропагандна култура од нивните курири: кога би прочитале нешто – да речеме сериозна книга –  верувам дека би се шокирале од себе и од самата појава за себе.

А и зошто би читале важна литература, ионака знаат дека читањето ги расипува очите. Си знаат тие многу убаво, итри се пустите: сплетка, сопка, ујдурма и срање, тоа е животот мој, а и очите помалку страдаат.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline
Tags: АрсовскаМицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ