ЦИВИЛ – Центар за слобода ги информира медиумите и јавноста дека уште на 30 август 2026 година јавно побара политичка, морална и законска одговорност од владини и партиски функционери, како и од премиерот Христијан Мицкоски, во врска со случаите на величање на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ и негирањето и релативизирањето на воените злосторства и геноцидот во Сребреница.
Во продолжение ја објавуваме хронологијата на јавните позиции и барања на ЦИВИЛ.
30 август 2026
ЦИВИЛ објави опширно соопштение во кое побара политичка, морална и законска одговорност и предупреди дека глорификацијата на осудени воени злосторници, како и негирањето, релативизирањето и премолчувањето на судски утврдените злосторства, претставуваат напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок.
Македонски:
ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок
Албански:
CIVIL: Glorifikimi i Ratko Mlladiqit është një sulm ndaj viktimave, të vërtetës dhe rendit demokratik
Англиски:
CIVIL: The glorification of Ratko Mladić is an attack on the victims, the truth, and the democratic order
1 септември 2026
На 1 септември, ЦИВИЛ повторно го издвои прашањето за одговорноста на Владата, нагласувајќи дека величањето на осуден воен злосторник од страна на носители на јавни функции не може да се сведе на прашање на личен став или лична совест.
ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо
2 септември 2026
На 2 септември, ЦИВИЛ го прошири повикот и до Европската Унија, барајќи конкретни мерки против глорификацијата на воени злосторници и негирањето на геноцидот.
ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид
ЦИВИЛ ја објавува оваа хронологија за медиумите и јавноста да имаат прецизен увид во времето, содржината и континуитетот на јавно изнесените ставови и барања на организацијата.
Очекуваме медиумите да ги земат предвид овие јавно достапни информации при известувањето за реакциите, политичката и институционалната одговорност и понатамошниот развој на случајот.
ЦИВИЛ – Центар за слобода












