• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Гури и Алими од ДУИ повторно осудени на 3,6 години затвор за уништување изборен материјал; предвремени избори само ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени; говор на омраза и закани кон Дерала

July 14, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Гури и Алими од ДУИ повторно осудени на 3,6 години затвор за уништување изборен материјал; предвремени избори само ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени; говор на омраза и закани кон Дерала

July 14, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Основниот кривичен суд Скопје во повтореното судење за случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал на Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ им изрече затворски казни од по три години и шест месеци.

Пресудата денеска ја изрече судечки совет на чело со судијката Марија Клетничка-Марковска, која им изрече исти казни како и во март 2020 година. Пресуда не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелација, потврдуваат од Основниот кривичен суд.

Во март 2020 година Основниот кривичен суд обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, ги прогласи за виновни за уништување на изборен материјал во локалните избори во општина Чаир, во 2013 година и го осуди по три години и шест месеци затвор.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Предвремени избори може да има само, ако опозицијата се согласи да гласа за уставните измени и потоа да распишеме предвремени избори. Само тоа е опција што како Влада би прифатиле. Мислам дека не е време за предвремени избори, туку е време за понесување одговорност и имплементација на нашите обврски. Граѓаните ќе ни бидат благодарни доколку ја завршиме обврската пред изборите, за да не бидат изборите оптоварени, за тоа кој е ЗА а кој е Против уставните измени, затоа што тоа ќе не внесе во нов 10-годишен тунел, од кој не знаеме дали ќе може да излеземе порано од 10 години. Не е време за предвремени избори, време е за носење одлуки“, вели вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во Вашингтон во екскузивно интервју за Гласот на Америка.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Маричиќ-Ескобар: Поддршката од САД е тука, неопходен е национален консензус за европската шанса.

ЦУК изврши проверка на состојбата на 14 мостови низ државата, повеќето опасни по безбедноста на граѓаните.

СУД Нема приговори за изборите за Судскиот совет, Наќе Георгиев и Антоанета Димовска се нови членови.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Налогот за апсење на Пригожин веќе е во системите на ФСБ и МВР на Русија, ПВК Вагнер повеќе не војува во Украина.

*

На истокот ништо ново: Руските војници одат во борба издрогирани и пијани.

ГОВОР НА ОМРАЗА

Извесен Хасан Селмановски (од Охрид, со живеалиште во Дурен, Германија) на својот Фејсбук профил објави лаги, дезинформации, говор на омраза и потикнување дела од омраза кон претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Со неговите тенденциозни објави на Фејсбук очигледно сака да му наштети на честа и угледот на Дерала, но истовремено и на организацијата ЦИВИЛ.

АЛ-ПРЕС

На собраниска седница вчера во Приштина се случи инцидент, односно опозициските парламентарци предизвикаа физичка пресметка додека на говорница беше косовскиот премиер Албин Курти, додека во продолжение на седницата, претседателот на собранието, Глаук Коњуфца ги најави новите избори на северот. Во Албанија денеска во мандатниот Совет се гласа за одземање на имунитетот и апсење на избеганиот поранешен вицепремиер Арбен Ахметај, обвинет за перење пари и корупција.

Ова е дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Кои се елементите на примитивната уличарска постапка на Левица со таблата на Парк Украина во Чаир? (Во Чаир се отвори Паркот Украина на 7 јуни, пред општинскиот објект, на 12 јули едната страна од таблата со натпис Парк Украина беше ишарана со спреј, а на другата беше залепен натпис Парк АСНОМ.)“, пишува Џабир Дерала во колумната Кои се петте елементи на вандализмот на малите рашисти?

*

„Свесно, несвесно, со давање ексклузивен простор на кочничарите на нашите ЕУ интеграции, дел од македонските национални ТВ директно работат за бугарската негаторска кауза со индикативна намера Македонија да не се интегрира и билатерално да биде вратена, да биде препуштена на децениската софијска негаторска доктрина па овие национални ТВ наместо да едуцираат, да објаснуваат, тие – замајуваат!“, пишува Зоран Иванов во колумната „Актуелни ТВ уредувачки политики во една реченица“.

*

„Засега е доволно да не се враќаме назад кон диктатура. Не му требаат на општеството точки на моќ кои спијат залулкани во моќта на диктаторот и го оставаат организмот на општеството без можности за солидарна рецензија -„доктор“ – да пропаѓа. Зар да оставиме еден дикатор сам, без проверка и баланс, да ја игра играта на опстанок на целиот систем, најчесто – неспособно и малициозно? Во моментот кога ќе поверува дека е највисоко, тој самиот станува грешката која го убива системот“, пишува Емилија Целаковска во колумната „Брич за диктаторот“.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ