• Latest

Говор на омраза, лаги и закани кон Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ

July 14, 2023

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Говор на омраза, лаги и закани кон Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ

July 14, 2023 13:13
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Извесен Хасан Селмановски (од Охрид, со живеалиште во Дурен, Германија) на својот Фејсбук профил објави лаги, дезинформации, говор на омраза и потикнување дела од омраза кон претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Со неговите тенденциозни објави на Фејсбук очигледно сака да му наштети на честа и угледот на Дерала, но истовремено и на организацијата ЦИВИЛ.

„На сликава е Цабир Дерала озлогласен душман на Македонија и македонштината! Неговото потекло е од косовска Дреница…… неговите во Македонија се преселиле во 1960 година! Ниговите предтци по Качаник биле познати балисти за кои след 1945 година голем број од нивната фамилија се осудени на смртни пресуди од страна на тогашниот народен суд на Југославија….

Џабир Дерала е тајниот учесник на тиранскиот конгрес кој се одржува во 1995 година …….во тој конгрес се спремале стратешките подготовки на планови за голема Албанија односно целосно уништување на Македонија………..Џабир Дерала е директен учесник во масовното уништувае на Македонија и македонскиот народ!!!

Џабир Дерала преку својата сопруга која е со македонско потекло од Прилеп…..многу бргу се вклопува во нови контакти со македонски душмани….планот е разработен уште поодавна ….некои македонски кодоши на јавноста му се познати и тоа многу добро!!!

Сите информации се добивани од блиски извори кои комуницираат со Џабир Дерала!“, пишува Селмановски.

Шкиптарот Џабир Дерала масовно учествувал во распадот на Македонија…..овој шкиптар во брак е со наша Македонка потекло од градот Прилеп!!!

Џабир Дерала во прво место во ранг листата на најбараните државни злочинци кој давал голем допринос во уривање на македонската држава…..сите позиции на комуникации се познати кај оди каде руча итн.

„Шкиптарот џабир дерала  масовно како рок фелер 173.000,00 долари во кеш го уплатил Горан Михајловски кодошот за учество во продажбата на македонска држава….“, пишува Селмановски.

Не е првпат, напротив, ова е само уште еден од илјадниците објави од овој тип, со кои и личната безбедност на Дерала е под сериозна закана.

Извесен профил АлиБаба Галерија ја сподели објавата на Селмановски, со коментар „Копиле шиптарско, кој прв го сретне нека го реши“.

Објавата на Селмановски предизвика низа на коментари со говор на омраза. Извесна Васка Наумова Томовска пишива: „Ѓубре шиптарско, рани куче да те лае, овој треба на клоци да се протера од Македонија. Проклет“, пришто Добрица Костовска и реплицира на коментарот: „На кол да се надене“.

Јасно е дека со овие напади (Дерала не единствениот таргет) се насочени, колку лично (ад хоминем), толку и против организацијата ЦИВИЛ и нејзината медиумска платформа. Познато е дека ЦИВИЛ како организација ги промовира човековите права, демократијата, мултикултурализмот, европските вредности и евроатлантската ориентација на земјата. ЦИВИЛ е една од најрелевантните организации за борба против дезинформациите и пропагандата, како и угледна организација за мониторинг на изборните процеси и контрола на оружјето. Оттаму, ваквите оркестрирани напади се насочени токму против вредностите и делувањето на ЦИВИЛ, а со тоа се врши и притисок врз граѓанките и граѓаните, да не се осмелуваат да изразат јавна поддршка на организацијата.

За овој случај се известени и надлежните институции.

Мониторингот тим на ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ