• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанскиот парламент по 17 часовна расправа го одобри канабисот за медицински цели; Турција од септември ќе ја преземе командата на КФОР во Косово; во Призрен почнува меѓународниот театарски фестивал „Призренфест“

July 21, 2023

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанскиот парламент по 17 часовна расправа го одобри канабисот за медицински цели; Турција од септември ќе ја преземе командата на КФОР во Косово; во Призрен почнува меѓународниот театарски фестивал „Призренфест“

July 21, 2023 11:29
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По околу 17 часа расправа и тензии, албанскиот парламент  го одобри законот за „контрола на одгледувањето и преработката на растението канабис, за медицински потреби. Се очекува Турција да ја преземе командата со мировните сили предводени од НАТО во Косово во планираната ротација оваа есен, пишуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

РСЕ: Албанскиот парламент  ги одобри законите на кои се противи опозицијата

„По околу 17 часа расправа и тензија, Парламентот на Албанија го одобри законот за „контрола на одгледувањето и преработката на растението канабис и производството на неговите нуспроизводи за медицински и индустриски цели“.

Маратонската сесија започна во четвртокот наутро, а заврши во раните утрински часови.

Собраниската седница беше затворена со одобрување на уште неколку иницијативи на кои се спротивставија опозицијата и интересните групи.“, пренесе Радио Слободна Европа.

Клан: СПАК ја достави  потерницата за Арбен Ахметај во полиција

„Специјалниот суд го одобри барањето на СПАК за апсење на Арбен Ахметај. Веднаш по определувањето на безбедносната мерка „затворски притвор“ во отсуство на оваа одлука, Специјалното обвинителство го доставило налогот до полицијата и побарало информации за тоа каде се наоѓа поранешниот министер.“, пренесе Клан.

КОСОВО

Бота Сот: Турција ќе ја преземе командата на КФОР во Косово

„На почетокот на јуни контингент турски војници замина за Косово. Сето тоа во рамките на мисијата на мировните сили на КФОР, по последните настани на северот на Косово.

„Се очекува Турција да ја преземе командата со мировните сили предводени од НАТО во Косово во планираната ротација оваа есен“, се вели во одговорот на мисијата.

Поранешниот полковник на КБС, Африм Весели вели дека турската држава доста добро ги знае состојбите во регионот.“, пренесе Бота Сот.

Албеу: Денеска се состанува меѓуинституционалната група за Советот на Европа, ќе учествува и Курти

„Денеска ќе се состане Меѓуинституционалната група за Советот на Европа.

Според најавата, на оваа средба ќе учествуваат премиерот Албин Курти и вицепремиерката Доника Гервала.“, пренесе Албеу.

КУЛТУРА

Газета Експрес: Призрен го отвора второто  издание на Меѓународниот театарски фестивал

Меѓународниот театарски фестивал „Призренфест“ започнува на 22 јули и ќе трае до 28 јули. Околу една недела во градот Призрен ќе слетаат претстави од внатре и надвор од Косово. Помеѓу домашни и странски режисери, уметничката активност, било да е тоа претстави, конференции или работилници ќе се одржува на различни локации во градот.

Местата кои традиционално се познати како клучни точки каде се одвива уметничкиот живот во Призрен, годинава се домаќини на театарскиот фестивал. Локациите кои ќе бидат активни се: Кино Лумбарди, Синан Паша Кеј, Аби Чаршија, Кино Платон и Католичката катедрала „Богородица на вечната помош“, пренесе Газета Експрес.

КОЛУМНА

Јава Њуз: Страв од нашата елита?!

„Темата за една елита и потребата да се смени ,речиси вреска. Сепак, ни претстои уште долг пат. Училиштето, поединците, општеството, недостигот на меритократија и политика ставија пик на се. Во неколку случаи, се гледа дека дури и граѓанските организации се канализирани според интересите, додека се чини дека елаборираната научна мисла која ќе му претходи на развојот на земјата природно недостасува. Академијата на науките не може да ги предвиди случувањата во земјата. Има континентална утеха, затоа што недостатокот на елитата или нејзината активност се гледа и во земјите каде што имаше школи на мислата, се уште има моќни универзитети и сè уште имаме поединци од високи нивоа.“, пишува авторот Бен Андони во колумната „Страв од нашата елита?! Објавена во Јава Њуз.

Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ