• Latest
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ(фото: Б. јордановска/ЦИВИЛ)

Секогаш ќе има платени насилници, вознемирени „патриоти“ и корисни идиоти

July 25, 2023
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Секогаш ќе има платени насилници, вознемирени „патриоти“ и корисни идиоти

July 25, 2023 10:56
in ДЕЗИНФО, ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ(фото: Б. јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ(фото: Б. јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Како функционираат пропагандните машинерии? Тие се служат со низа софистицирани методи што се невидливи за просечниот корисник на социјалните мрежи. Се работи за масивни и исклучително скапи операции, кои вклучуваат комплексен систем од средства за јавна комоникација, широка коруптивна мрежа и апаратус за принуда, заплашување и – елиминација. Затоа, имајќи го ова предвид, кога ќе погледнеме на тоа што пропагандата прави на социјалните мрежи, ни се чини како детска играчка. Сепак, тоа не е целосно точна констатација.

Тоа што може најлесно да се забележи е вештата (зло)употреба на емоциите и расположението на луѓето. Како функционира тоа? Гледано во целина, тоа ни оддалеку не е едноставна операција. Но некои делови од овие машинерии се толку видливи и разбирливи, колку што се грди.

Да ги погледнеме најистурените пешадинци во секоја пропаганда – троловите.

Троловите на социјалните мрежи се веќе одамна удобно вгнездени и „слеани“ со општата маса на корисници на социјалните мрежи. Тие не се во голем број, но затоа се добро организирани, а нивното присуство е интензивно.

Окупација

Доволен е еден површен поглед на социјалните мрежи, за да се заклучи дека, всушност, нема многу коментари од „нормални“ корисници на социјалните мрежи. Интернет просторот е окупиран од политизирани војски од тролови. Просторот за онлајн активност на „обичните“ смртници е стеснет на можноста да ги следат објавите и, евентуално, да кликнат на опциите за реакција.

Според сведочењата, и тој простор е ограничен, бидејќи онлајн „специјалците“ умеат и за обичен лајк на социјалните мрежи да се втурнат во груба и вулгарна директна комуникација со оние што, барем со лајк, реагирале на некоја содржина на социјалните мрежи. Тоа предизвикува страв и несигурност кај повеќето луѓе. Тие, едноставно, се откажуваат од интеракција на теми што може да бидат причина за напад од онлајн насилниците.

100 следбеници за 100 рубљи

Кога се потребни поголеми онлајн акции, се ангажираат трол фармите чии услуги, за одреден паричен надомест, се ставаат во функција на нарачателот. Но тоа не се многу комплексни, ниту прескапи операции.

„Инфлуенсер(к)ите“ можат, за навистина малку пари, да изградат големи мрежи на „следбеници“. Така, во Русија, за 100 рубљи (едно евро) можете да добиете 100 нови следбеници на вашиот профил на социјалните мрежи. Тие услуги се достапни насекаде. И не се забранети со закон.

Што се однесува до општествените и политичките теми, ситуацијата е далеку посложена. Но да се задржиме на поедноставните и полесно видливите и разбирливи методи – ширење на говорот на омразата и дезинформациите.

Таргет: ЦИВИЛ

Дел од топ фановите*[i] на ЦИВИЛ, на пример, се воедно и најголемите дистрибутери на говорот на омразата на социјалните профили на организацијата и нејзината медиумска платформа. Се разбира, тие своите пораки ги споделуваат и на низа други „специјализирани“ социјални профили, познати по нивната ноторна омраза и дезинформации. „Титулата“ топ фан, нашите „омилени“ тролови ја заслужиле поради редовноста и интензитетот со кои се „закачени“ речиси буквално на секоја објава на ЦИВИЛ. Релативно добро организирани, а нивната цел е да дискредитираат, релативизираат и да заплашат.

Опасност

Дали се опасни? Да. Може да бидат опасни. Пред сѐ опасни се затоа што внесуваат забуна и заблуди за фактите што ги објавуваме. Нивниот интензивен напад го загрозуваат кредибилитетот на Авторките и Авторите на анализи и колумни. И, не помалку важно, нивниот говор на омразата може да предизвика насилство и дела од омраза против новинарските екипи и експертите со кои соработуваат редакциите.

Тие постојано се обидуваат да им соопштат на сите, директно или индиректно, дека се способни да ја загрозат личната безбедност на луѓето што не мислат како нив.

Решение

Што може/треба да се направи? Иако вешто ја злоупотребуваат слободата на говорот и уживаат во заштитата на радикалните политички структури, сепак, нивните акти многу често се противзаконски. Точно. Институциите се должни да се грижат за безбедноста на оние што се мета на црните кампањи со говор на омразата и дезинформациите.

Што може секој од нас да направи? Ништо? Далеку од тоа. Прво, не треба да се влегува во директна конфронтација со нив. Второ, можеби уште поважно, луѓето не треба да се плашат од тоа да поддржат или да водат нормална, аргументирана дискусија за пораките и медиумските содржини на социјалните мрежи. Нема зошто да им се попушти на организираните онлајн насилници и да им се отстапи просторот што им припаѓа на сите. Само така може да се истиснат, барем делумно од главните авении на комуникациите.

Се разбира, секогаш ќе има платени насилници, вознемирени „патриоти“ и корисни идиоти. Но тоа не значи дека се мнозинство, како што (барем делумно) успешно се прикажуваат. Напротив. Тие се неспоредливо помалобројни од оние што се нормални, пристојни и интелигентни битија.


[i] За просечен корисник на социјалните мрежи лесно е воочлива разликата меѓу вистинските „топ фанови“ и оние што ја добиле оваа „титула“ затоа што имаат злонамерни цели. Затоа, организацијата ги охрабрува сите што не сакаат да им попуштат на овие насилници и да не се плашат да покажат дека се поддржувачи на вредностите за кои сите заедно се залагаме и ги застапуваме и практикуваме.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: говор на омразатадезинформациипропагандасоцијални мрежитролови
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ