• Latest

МОСТ: Крајно време е да им се спротивставиме на руската пропаганда, влијание и дезинформации во Северна Македонија

July 28, 2023
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МОСТ: Крајно време е да им се спротивставиме на руската пропаганда, влијание и дезинформации во Северна Македонија

July 28, 2023 14:52
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

МОСТ денеска одржа прес-конференција на која ја презентираше студијата за руската пропаганда, влијание и дезинформации „Една година од руската агресија врз Украина“ работена во текот на 2022 и 2023 година. ВО студијата е опфатен период од март 2022 до февруари 2023.

„Студијата откри масовно пренесување и присуство на претставници на Кремљ во онлајн просторот во Северна Македонија, користење на медиумите под контрола на руската држава како извори во статиите, проруски пораки од политичари од регионот па и пошироко кои се руски сојузници, како и повеќе случаи на координирано масовно ширење на содржините на Фејсбук преку добро воспоставена и координирана проруска инфраструктура. Употребата на правилен јазик и фрази кога се известува за војната претставува суштинска карактеристика во спротивставувањето на пропагандата, влијанието и дезинформациите. Се чини дека голем број портали едноставно ги пренесуваат руските функционери или медиумите контролирани од Русија, и покрај тоа што тие најчесто лажат. Со ова медиумите ги поддржуваат руските напори и ги засилуваат пораките кои користат фрази и јазик што создаваат заблуди и погрешни перцепции кои придонесуваат руските наративи и пропаганда да бидат подопадливи од една страна, а публиката поподложна на истите од друга страна. Медиумите треба да бидат свесни дека зборовите се оружје во рацете на Кремљ за ширење дезинформации“, изјави Росана Алексоска од МОСТ; авторка на студијата.

Алескоска посочи дека според истражувањата се чини дека Србија со нејзиниот претседател Вучиќ е вистински руски сојузник во регионот и ги засилува руските дезинформациски наративи и манипулации со информации, при што српските провладини и проруски медиуми/портали служат како извори на такви дезинформации, кои ги преземаат од медиуми контролирани од руската држава.

Студијата е дел од  програмата „Борба со лажни вести и наративи“ што МОСТ ја спроведува од  2019 година. Во рамките на студијата обработени се повеќе од 4.000 статии и повеќе од 10.000 објави на Фејсбук. Статиите се анализирани со примена на концептот 5Д преку рамката AMITT (Тактики и техники за непријателски дезинформации и влијание).

Дел од препораките на МОСТ се дека властите, политичките партии, академската заедница, приватниот сектор, медиумите и сите други засегнати страни треба да го препознаат присуството на руското малигно влијание во земјата. Откако ова ќе се направи, треба да се изработи, усвои и доследно да се имплементира долгорочен стратешки план за спротивставување на странското малигно влијание, како и долгорочен стратешки комуникациски план.

МОСТ потенцираше дека и државата треба да почне да работи на формирање на независна единица/ентитет за стратешки комуникации што ќе ги штити националните интереси и евроатлантските
интеграции и ќе се справува со предизвиците кои произлегуваат од дезинформациите и странското
малигно влијание. Ова треба да се направи во тесна соработка со стратешките сојузници на Северна Македонија, со што ќе се искористат веќе постоечките искуства и најдобри практики во НАТО и ЕУ и соодветните земји-членки.

Студијата е втемелена во научните концепти поврзани со столбовите на руските операции на влијание, концептот на „sharp power“ како и концептот на руска пропаганда кој ги опфаќа обемот, каналите на влијание, фреквенцијата на дезинформациите како и недостаток на објективност.

Повеќе: https://tinyurl.com/48ejejbk

Tags: дезинформацииМОСТРосана Алексоскаруска пропагандастудија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ