• Latest
Фото: ССК

ССК: Македонската винска индустрија е пример во кој правец треба да се развива македонската економија

August 12, 2023

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССК: Македонската винска индустрија е пример во кој правец треба да се развива македонската економија

August 12, 2023 16:30
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: ССК

Фото: ССК

Share on FacebookShare on Twitter

Делегација на Сојузот за стопански комори на Македонија – ССК предводена од претседателот Трајан Ангелоски, потпретседателите, Горан Ѓеорѓиевски, Орце Симов и Сашо Дукоски, заедно со директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, остварија посета на македонската винарија „Имако“ лоцирана во штипскиот регион.

Како што соопштуваат од Сојузот, менаџерот за развој на винаријата Никола Љуботенски, ги преставил производствените капацитети за произвоство на вино, дестилеријата за производство на традиционални ракии и вињаци.

-Ќе се согласиме дека не постои единствена формула за високо квалитетно македонско вино, бидејки треба да се има многу љубов и посветеност кон лозарството произведувајќи  врвна суровина, врвно грозје, сончеви денови, стручен експертски кадар и квалитетна технологија, што несомнено македонските винарии го имаат. На десеттото јубилејно издание на Балканскиот интернационален вински натпревар и фестивал (BIWC) осовоивме 7 медали за нашите вина, истакнал Никола Љуботенски од винаријата Имако.

Според Ангелоски, винската индустрија е потребно да добие уште повисоко место во македонската економија, бидејки во последните години бележи континуиран раст и извоз кој според истражувањата на World`s Тop Exsports ја вбројува нашата земја како производител и извозник на вино помеѓу 15-те земји во светот за 2022 година.

Од Сојузот наведуваат дека е забележан раст од 4,3 проценти и извоз од 60,365 милиони долари за 2022 година, со што македонската винска индустрија се најде во друштвото на Франција, Италија, Шпанија, Нов Зеланд, Чиле, Португалија, Аргентина, Австралија, Јужна Африка, Грузија, Молдавија, Унгарија кои заедно испорачуваат 92,4 проценти од вкупниот светски извоз на вино во 2022 година.

-Винскиот туризам, или попознат како „ено-гастро концепт“ е меѓу најпопуларните трендови во светот бидејќи претставува совршен спој на локално вино и хедонизам. Нашата земја со својата местоположба, клима и гостопримливост, се наметнува како една од земјите со најголем потенцијал за ено-гастро туризмот како клучен сегмент од туристичката понуда. На овој начин дирекно се овозможува зајакнување на локалната економија, производството на локална храна, новите зелени работни места кои ќе овозможат намалување на миграцијата, истакна директорот на Агеннција за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

Сојузот најавува ваквите посети да продолжат и во следниот период и дека нивната цел е запознавање со потребите и предизвиците со кои се среќаваат македонските компании во нивното работење.

-Потребна е уште поголема фокусираност за создавање на бизнис клима со која ќе се овозможи зголемување на условите за производство и стимулирање на извозот преку сет на мерки кои во следниот период ќе бидат подготвени и предложени на владата  од експертските тимови на ССК, информираат оттаму.

Tags: Македонската винска индустријаССК
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ