• Latest

Министерот Бујар Османи не поседува компании во Велика Британија

August 14, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Министерот Бујар Османи не поседува компании во Велика Британија

Несомнено постојат повеќе луѓе со име Бујар Османи, а оваа објава на Фејсбук манипулира со тој факт. Намерата е да се претстави лажен наратив дека министерот за надворешни работи Бујар Османи поседувал 10 фирми. Со пребарување на интернет со податоците на Османи наведени во неговата биографија, не најдовме ниту една фирма која може да се поврзе со него

August 14, 2023 11:35
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Објава на социјалната мрежа Фејсбук, заедно со фотографија со листа од наводни регистирани имоти на име Бујар Османи во Велика Британија го тврди следното:

AKO E OVA AVTENTICHNO KAZHUVA MNOGU ZA TOA KOJ E POZADI SITE SR*NJA OVDE . ALBANEC VO OBEDINETOTO KRALSTVO MOZHE DA IMA VOLKU IMOT SAMO AKO PEE OPERSKI ARII ILI IGRA SHOTA KAJ MI – 6

Но, според дадената фотографија, во прашање  не се имоти, туку регистрирани компании. При пребарување на фирмите на веб-порталот на Централниот Регистар на Велика Британија, прво што забележавме е постоењето на четри лица со име и презиме Бујар Османи.

Извор: Companies House

Потоа во пребарувањата употребивме 3 информации од биографијата на министерот за надворешни работи Бујар Османи

  • Првата е неговата националност, тој е држјаванин на Република Северна Македонија.
  • Според неговата биографија, Бујар Османи е роден на 11 Септември 1979.
  • Од јавните документи, го имаме неговиот потпис.

Со овие податоци пребаравме за секој од лицата и регистрираните фирми.

 

1. Бујар Османи – Роден: Септември 1978

Извор: Companies House

Ова лице е државјанин на Велика Британија и роден една година пред министерот. Лицето било директор на фирмата. Фирмата била предводена заедно со FRIMPONG, David Nana Agyin, исто така, британски државјанин, со секретарката Nektare Osmani со која Бујар Османи од Британија ја делат истата адреса. Фирмата е затворена во 2010 од страна на Бујар Османи.

Од споредбата на потписите на министерот и британскиот Бујар Османи, се гледа дека потписите не се совпаѓаат, односно се сосема различни. Министерот Бујар Османи не ја поседувал PRISTINE CAR VALETING CENTRE LIMITED.

2. Бујар Османи – Роден: Јануари 1959

Втората личност со име Бујар Османи е родена во јануари 1959, 20 години пред министерот. Лицето поседува 2 компании и е директор на двете фирми и единствен вработен. И овој Бујар Османи е британски државјанин и неговата професија е електричар. B ELECTRICAL LTD е основана на 2 март 2015 година и и овде единствен вработен е Османи.

И овие потписи не се совпаѓаат, односно тие се сосема различни.

За другата компанија обележана како 06025160 не можевме да пронајдеме повеќе информации.

3. Бујар Османи – Роден: Септември 1976

Извор: Companies House

За разлика од претходните личности, овој Бујар Османи има државјанство во Албанија и е жител на Велика Британија.  Овој  Бујар Османи е роден 3 години пред министерот Османи. Директор е на фирма, O. C. FLOOR SCREEDING LTD и работи како градежник. Како придружник на Бујар спаѓа и CONNELL, Aoife, чија позиција е секретарка.

Според страницата на бизнисот, станува збор за семејна компанија. Не беа пронајдени дополнитлени информации за овој Бујар Османи или неговото семејство на дадената страница.

Не беа пронајдени потписи за споредба со овој Бујар Османи и министерот Бујар Османи.

 

4. Бујар Османи – Роден: Септември, 1978 на различен ден.

Извор: Companies House

Овој Османи е државјанин на Велика Британија и поседува една активна фирма, а останатите се затворени. Роден е во септември 1978 година, што не се совпаѓа со датата на раѓање на министерот.

Активната фирма е основана на 11 мај, 2022 заедно со KUTLLOVCI, Ismail, британски државјанин. Според потписот и останатите информации за лицето, можеме да потврдиме дека не станува збор за министерот Бујар Османи.

Османи бил единствен директор во ABSS CAR VALETING LTD и A6 VALETING LTD. Заедно со KUTLLOVCI, Ismail и QORROLLI, Shpend биле директори на ISB PROPERTY LTD, а во EXPRESS CAR WASH LTD со KUTLLOVCI, Mimoza биле директори.

 

Информации од Македонски извори

Дополнителни информации за тоа дали министерот Бујар Османи е сопственик на компании и каков имот поседува може да се добијат од податоците од анкетните листови за имотната состојба на избраните и именуваните функционери, кои се доставуваат во Комисијата за спречување на корупцијата . Министерот Бујар Османи до Комисијата го доставил следниот извештај.

Од тоа што можеме да видиме, министерот пријавил како недвижен имот куќа со површина од 400 метри квадратни, а како подвижен имот едно моторно возило.

И од кабинетот на министерот Османи ни беше официјално потврдено дека станува збор за дезинформација.

Според проверката на сите личности прикажани на постот и од увидот во анкетниот лис на министерот Бујар Османи,  можеме да заклучиме дека податоците изнесени во објавата на Фејсбук не се однесуваат на  македоснкиот шеф на дипломатијата.  Со оглед на сето ова, постот го оценуваме како невистинит.

Tags: дезинформацииОсмани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ