• Latest
Иранските дронови на воена вежба во 2022 (фото: Moustafa Tehrani, Wikimedia Commons)

(ЕКСКЛУЗИВНО) Снабдувањето на рускиот агресор со ирански дронови е спротивно на меѓународното право, одредбите од Повелбата на ОН и моралните норми на Исламот

August 14, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

(ЕКСКЛУЗИВНО) Снабдувањето на рускиот агресор со ирански дронови е спротивно на меѓународното право, одредбите од Повелбата на ОН и моралните норми на Исламот

August 14, 2023 12:19
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Иранските дронови на воена вежба во 2022 (фото: Moustafa Tehrani, Wikimedia Commons)

Иранските дронови на воена вежба во 2022 (фото: Moustafa Tehrani, Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Снабдувањето на оружје и воена техника од страна на Иран, вклучувајќи беспилотни летала (UAV) на државата агресор рф значи директно иранско вмешување во вооружената агресија во Украина на страната на агресорот и е грубо кршење на нормите на меѓународното право и Повелбата на ОН.

Иако властите на Иран во повеќе наврати на официјално ниво изјавуваа за „нивното неучество“ во злосторничката војна на рф против Украина, нивните фактички дејствија сведочат за тоа дека на меѓународно ниво, не може да му се верува на иранскиот режим, кој грубо го крши меѓународното право, одредбите од Повелбата на ОН и моралните норми на Исламот.

Иран се обидува да ги ослабне и укине меѓународните санкции токму за развој на нуклеарно оружје и средства за нивна испорака – ракетни технологии и ударни UAV, вклучително и за прекршување на барањата на режимот за контрола на ракетната технологија (понатаму – РКРТ). Доставувањето иранско оружје на рускиот агресор сведочи за лажноста на ветувањата на владејачкиот ирански режим на ниво на меѓународно договорно ниво, на официјален Иран не може да му се верува за време на подготовката и спроведувањето на договорите кои предвидуваат укинување на меѓународните санкции.

Иранските дронови на воена вежба во 2022 (фото: Moustafa Tehrani, Wikimedia Commons)

Вмешувањето на Иран во војната во Украина на страната на земјата агресор рф е продолжување на опасните деструктивни активности на Иран кон европскиот регион, ја дестабилизира ЕУ и затоа бара силна реакција од водечките светски демократски земји, вклучително и САД, Велика Британија и земјите на ЕУ, вклучително во насока на зајакнување на режимот на санкции против Иран во областите на спречување на снабдување со современи технологии и компоненти.

Учесниците во меѓународните преговори со Иран со учество на претставници на МААЕ во Виена во врска со контролата на иранските нуклеарни програми мора задолжително да го земат предвид негативниот ефект од директното вмешување на Иран во војната во Украина, вклучително и можноста за користење на иранското оружје и воена техника против нуклеарната и другата потенцијално опасна инфраструктура на Украина, што може да доведе до глобални катастрофални последици.

Последици од рускиот терор со ракети и дронови, Одеса, 14 август 2023 (фото: Ukrinform.net)
Снабдувањето на оружје и воена техника од страна на Иран за водење на агресивната војна на рф против Украина може да доведе до проширување на конфликтот во Европа и другите региони во светот со нивна ескалација во Трета светска војна.

Снабдувањето на оружје и воена техника од страна на Иран за водење на агресивната војна на рф против Украина, со лажен акцент на наводното „спротивставување на НАТО“ го покажува фактот за продолжување на формирањето на глобалната коалиција „земји на злото“ со учество на рф, белорусија, Иран, Северна Кореја и нивните ситуациони партнери – НР Кина и голем број маргинални јужноамерикански и африкански земји од т.н. „Глобален југ“. Неопходни се итни решителни дејствија како одговор од страна на водечките земји од Западот, вклучително САД, Велика Британија, Франција, Италија, Германија и НАТО организацијата за да се спречи иранскиот фактор од зајакнување на оваа опасна „коалиција на злото“.

Формирањето на директен воен сојуз меѓу рф и Иран значи забрзување на мерките за создавање на иранско ракетно и нуклеарно оружје со учество на руски специјалисти и воени технологии, што може да доведе до влошување на регионалните конфликти на Блискиот Исток, вклучително и против Израел, до ниво на вооружен конфликт од големи размери со употреба на оружје за масовно уништување.

Ирански дронови и хеликоптери на јавна презентација во 2014 година (фото: Fars News Agency)

За можноста за почеток на значаен регионален конфликт како резултат на иранските нуклеарни и други програми за создавање на оружје и воена техника, вклучително и против Израел, сведочат обидите за започнување на програми за производство на ирански UAV од страна на сирискиот режим на Башар ал Асад со директно учество на специјалисти и набавка на компоненти од Иран, како и понатамошни планови на иранскиот режим за развој на нуклеарни технологии.

По испораката во рф на првата серија од неколку стотици ирански UAV со различни намени, започна забрзување на воено-техничката соработка меѓу рф и Иран, како во правец на производство и снабдување со UAV, така и во други насоки. Наведеното веројатно веќе се реализира со тајни активности на иранските специјалисти во рф, како и со снабдувањето со компоненти за склопување на UAV во рф „под руски бренд“ за да се скрие иранската интервенција во војната во Украина.

Со обезбедувањето на ирански UAV и други оружја и воена техника, опасно се зголемува потенцијалот на агресијата на рф против Украина и Западот, се провоцира активирање на руската злосторна агресија врз другите региони на Украина, се зголемува бројот на жртви на украинското цивилно население и се приближува реалната руска воена закана за земјите од НАТО.

(продолжува)

Олег Усатенко


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. Извор: ЦИВИЛ Медиа

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ирански дроновируски ракетен терор
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result