• Latest
Мировен концерт на плоштадот Скендербег во Скопје по повод 22-годишнината од Рамковниот договор

„Заборавените“ куршуми, чизми и споменици го разгоруваат национализмот

August 15, 2023
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

„Заборавените“ куршуми, чизми и споменици го разгоруваат национализмот

Во пресрет на 22 години од Рамковниот договор, еднонационалните собири и журки воопшто не кореспондираат со идеалите и заложбите за праведно и еднакво општество за сите граѓан(к)и!

August 15, 2023 09:01
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Мировен концерт на плоштадот Скендербег во Скопје по повод 22-годишнината од Рамковниот договор

Мировен концерт на плоштадот Скендербег во Скопје по повод 22-годишнината од Рамковниот договор

Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

Во изминатите неколку дена партиските кујни ни готвеа и сервираа национализам и го служеа со добро декориран патриотизам.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска влезе во патриотски клинч со градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу околку надлежностите за изградба на споменик за десетте загинати припадници на македонската армија во конфликтот во 2001 година кај Карпалак.

Градоначалникот Сејдиу се амнестираше од одговорност за давање дозвола, велејќи дека прашањето најпрвин треба да се постави до ЈП за државни патишта, бидејќи споменикот би требало да се изгради на самиот автопат. Министерката Петровска му одговори да не мудрува и да постапи по иницијативата која е читко и јасно напишана.

„Споменици ќе има на сите три локации (Вејце, Карпалак, Љуботенски Бачила) за кои поднесов иницијатива и тоа ќе го направи Министерството за одбрана. Поднесувањето на иницијативите е само почеток, а не крај на постапката“, нагласи Петровска.

И додека министерката за одбрана и градоначалникот на Желино се препукуваат за споменикот кај Карпалак, градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обидува да искористи некој политички поен и веќе отпоча постапка за подигање споменик за 8-те убиени македонски бранители кај месноста Љуботенски Бачила во 2001-та година.

Меѓутоа ниту министерката за одбрана, Петровска, а ниту градоначалникот на Бутел, Костовски не им одадоа почит и ниту не ги спомнаа цивилните жртви во селото Луботен, Скопско, во кое биле убиени седумина етнички Албанци, десетици претепани и околу 14 куќи биле запалени. За овој случај, Јохан Тарчуловски помина осум години во затвор, со што отслужи две третини од 12-годишната казна што му ја изрече Хашкиот трибунал. Тарчуловски беше единствениот граѓанин на Македонија осуден за воени злосторства за време на конфликтот во Македонија, во 2001 година. Заедно со него, обвинет по принципот на командна одговорност, беше и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, меѓутоа тој беше ослободен од обвинението.

Така што се поставува прашањето – дали покрај трите споменици за загинатите бранители ќе се иницира споменик и за цивилните жртви од конфликтот во 2001 година? Или тие ќе останат „заборавени“.

„Заборавените“ куршуми од 2001 година го разгорува национализмот

Поранешниот генерал на „Тигрите“ и актуелен директор на Центар за управување со кризи, Стојанче Ангелов „распали“ по државата, затоа што според него, бранителот Миле со правосилна пресуда од Апелационен суд е „осуден на смрт со три годишна казна затвор, само затоа што во неговата викендица, веднаш по неговото пензионирање, му нашле 262 куршуми за автоматска пушка кои не стигнал да ги раздолжи во МВР и два куршуми од тежок митралез кои ги задржал како сувенир од војната во 2001 година“.

Генералот Стојанче го разгорува национализмот додавајќи: „Истовремено знаејќи дека некои наши сограѓани дома чуваат сандаци со муниција, пиштоли, пушки и митралези а можеби и топови. Но тие сограѓани се заштитени со Закон. За разлика од бранителот Миле. Бидејки бранителот Миле е Македонец од еден мал и мирен македонски град во кој граѓаните уредно си ги плаќаат своите даноци и сметки“.

Во друг Фејсбук статус по повод 22 години од Рамковниот договор, Стојанче меѓудругото пишува: „Нам не ни треба НАТО да нè брани од внатрешен вооружен напад. Нам ни е доволно НАТО да нè не ограничува и да нè остави на раат. Ние сами ќе си ја завршиме нашата домашна, патриотска обврска за одбрана на татковината, Македонија“.

Лидерот на политичката партија Достоинство и директорот на ЦУК како да не излегол од војничката униформа и се уште сонува за некое „второ полувреме“. За жал, и едните и другите ги имаат „заборавено“ куршумите, чизмите (на Шкодране) и други „реквизити“ во таван, подрум, визби, дворови, ниви… цели 22 години. А ние обичните смртници секојдневно 22 години+ (ќе) ги слушаме како си го билдаат политичкиот рејтинг играјќи на националистичка, или според нив „патриотска“ карта.

Од Чаир до Тетово

Косовскиот премиер Албин Курти пред три дена присуствуваше на преименување на улица во Чаир. Беше толку спектакуларно дочекан, чиниш, нова улица/булевар/автопат ќе пуштаат во Чаир, а не дека ќе се смени само таблата на улицата. Не навлегувам во тоа дали името на улицата е спорно или не, за тоа нека одлучат надлежните институции.

Ете и да речеме дека имаше „причина“ за посетата во Чаир, но, што бараше во Тетово? Всушност, што беше тоа во Тетово – концерт, собир, партиски митинг? И по три дена не сфатив која беше целта на посетата на Курти во Тетово, освен обидот да се зголеми рејтингот на албанската опозиција во Македонија и да се разгорат национал(истички)те страсти?

И на крај, еднонационалните собири и журки како Мировен концерт на плоштадот Скендербег во Скопје по повод 22-годишнината од Рамковниот договор, воопшто не кореспондира со идеалите и заложбите за еднакво и праведно општество за сите граѓан(к)и!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ