• Latest

Од денеска Армијата е побогата за 120 нови подофицери и 150 професионални војници

August 24, 2023
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Од денеска Армијата е побогата за 120 нови подофицери и 150 професионални војници

August 24, 2023 15:28
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ во Велес се одржа свечена церемонија за промоција на 120 подофицери и свечена заклетва на 150 професионални војници. На свеченоста присуствуваа и се обратија министерката за одбрана Славјанка Петровска и Заменикот на Началникот на Генералштабот генерал мајор Азим Нуредин.

Армиските припадници од редовите на професионалните војници кои ja поминаа тримесечна обука за подофицери во Командата за обука и доктрини, денес беа промовирани во прв подофицерски чин, а новите професионални војници ја положија своја заклетва.

Министерката Славјанка Петровска на новите подофицери им порача дека секој кој што пристапува кон војничката професија има единствена мисија, да и служи на својата татковина и на својот народ затоа што војничката професија претставува голема жртва но и највисока чест, а да се носи униформа на земја членка на НАТО е дополнителна одговорност.

„ Ви благодарам и ви честитам на сите вас, што нè правите горди како нација и како институција, и што сте нашиот поттик и инспирација да продолжиме да се соочуваме со предизвиците на времето во кое живееме и новата безбедносна архитектура. Вистина е дека секоја генерација има своја борба, но вистина е и дека изминатите неколку години се веројатно време на најголеми предизвици со кои се соочил светот во последните седумддесет години “, рече Петровска и порача дека учењето и личното усовршување никогаш не треба да запре.

Министерката истакна дека градењето на отпорност како еден од клучните концепти на НАТО Алијансата секогаш треба да започне со личен пример додавајќи дека подготвеноста брзо, ефикасно и одлучно да реагираме на секоја ситуација всушност ја покажува и нашата подготвеност да ги одбраниме вредностите кои ги споделуваме и да ги заштитиме државата и граѓаните.

„Токму затоа, и покрај сите предизвици со кои е соочено нашето општество, како министерка секогаш давам дополнителни напори за унапредување на армијата како целина, но се разбира и квалитетот на живот на секој поединец во неа. За релативно краток временски период како овозможивме двојно поголем буџет на одбраната, набавка на современа опрема и вооружување, реконструкција и ревитализација на објектите и инфраструктурата кои се од стратешки интерес, и пред се, ги продлабочивме врските со сојузниците, разменувајќи искуства и организирајќи заеднички вежби “, подвлече Петровска.

Заменик началникот на Генералштабот, генерал – мајор Азим Нуредин посакувајќи им успешен професионален развој на новите подофицери и новопримените професионални војници им порача со беспрекорно извршување на идните задачи и должности, достојно да ја преставуваат Армијата и државата.

На свеченоста им беше оддадено признание на тројцата најдобрo рангирани подофцери,водник Димче Вакадински, водник Филип Анѓеловски, водиник Александар Трајковиќ.

По повод произведувањето на нови подофицери и свечената заклетва на професионални војници на свеченоста присуствуваа и Началникот на штаб на командата за операци бригаден – генерал Мирче Ѓоргоски, претставници од кабинетот на Претседателот, командантите на Единици од Армијата, претставници од Командата за обука и доктрини, роднини и пријатели на професионалните војници и ново произведените подофицери.

Tags: АРМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ