• Latest
Војо Маневски

Оглувување – огуглување

August 30, 2023

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Оглувување – огуглување

August 30, 2023 09:31
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Летово што полека одминува беше навистина жешко. Гуглведер, Акуведер или не знам уште каков ведер беа нај отворани страни на интернет, сите станавме метеоролошки експерти. Температурата на воздухот е мерлив податок и кога почне да се мота околу 40-ка, веќе почнува да не измачува. Но, жешко беше и во општеството, толку жешко што многу усвитени глави дополнително се прегреаја и ја прават состојбата уште помачна. УВ индексот ќе се намали и горештините поради сонцето ќе почекаат да се свртат три годишни времиња, ама општеството ми се чини дека ќе продолжи да се загрева, се плашам и дека ќе почне да клокоти. Глобалното затоплување со оваа наша појава нема врска, ова е наша посебност.

Се наслушавме анализи за историски моменти и цврсти одлуки, а од разумен општествен дијалог каде силината на аргументите ги одредува одлуките или општественото расположение, речиси ниту трага. Имаме некаков „разговор“ помеѓу две страни кои не се почитуваат ниту ги уважуваат аргументите на спротивставената страна, исто како разговор на глуви на кои некој од страна мора со знаковен јазик да им ја објаснува важноста и суштината на разговорот. Стопати заклучивме дека имаме длабоко поделено општество кое тешко доаѓа до заеднички консензус. Вистината е дека градиме систем во кој се дели општественото богатство а не истото да се создава и зголемува. Ете господа социолози, објаснете го овој феномен. Заснован ли е врз традицијата или врз транзицијата? Зошто домовите и дворовите ни се чисти а улиците полни со нашиот заеднички смет? Оглувеавме ли мои почитувани сограѓани од разговорите меѓу глувите или огуглавме и оглупеавме.

Да го тргнеме малку на страна мудрување околу уставните измени. Тие најверојатно нема да се случат онака како што рационалниот свет го очекува тоа од нас. Како ќе биде немам појма, ама изгледа и оние што треба да знаат не се разликуваат многу од мене.

Да ѕирнеме малку во секојдневниот живот и во некои реални показатели извлечени од релевантни економско социјални податоци објавени во фељтонот на новинарот Остоиќ, а се засновуваат врз истражување на Љубљанскиот економски институт.

Во тие анализи стои дека резултат од нерационалните (националистички) политики во земјите кои произлегоа од Југославија е дека живееме пет години помалку од просекот во 1990 г. или сега осум години помалку од европскиот просек. Пластично објаснето, тоа значи дека 28 % од жителите на овие простори на возраст од 35 до 70 години ќе заминат во вечните векови, додека таква судбина кај чесите ќе ги снајде 15 %. Недофатливата Швајцарија е со загуба од само 8% од своите граѓани за ист возрасен профил и за истото време. Иако се работи за показатели во просек, сепак не може да не нѐ загрижува дека дополнително 20% наши сограѓани и сонародници го напуштиле нерационалниот Балкан и тоа без Бугарија која има дури околу 30 % иселени граѓани.

Статистиката е само еден сегмент, а кога се работи за просечни вредности треба да се побара местото на својот субјект во границите на бројките.

Просечната поголема долговечност во останатите држави не се должи само на генетиката. И ние имаме сограѓани во поодминати години, Бог нека ги поживее. Но, на просекот влијае смртноста во сите возрасни категории. Двојно поголемата смртност кај луѓето кои се на работоспособна возраст е податок поради кои треба не да бидеме загрижени, туку очајни.  Ова покажува дека имаме сериозни проблеми во сите сегменти на животот – здравствената заштита, заштита при работа, квалитет на живот со помалку стресови, здрава средина, сиромаштија која исхраната ја сведува на преживување… Да не се правиме слепи и глуви, болеста кај граѓаните во голема мера е предизвикана од болеста на државата. А кој е вирусот што го заболува државниот механизам?

Ако статистиката покажува дека 28% од работоспособното население ќе го изгубиме додека е работоспособно, продолжувањето на животниот век на половината од нив би значело дека тие луѓе би создавале добра со кои ќе се зголемува БДП. Сега некој зајадлив ќе каже дека бројот на невработени би бил поголем, но да потсетам – можеби, ако државата е болна! Ако си поиграме малку со бројките, произлегува дека само поради оваа причина, Македонија губи над 7% од БДП. Ако се соберат сите БДП за годините од осамостојувањето до денес и се прилагодат вредностите на денешните цени, произлегува дека по овој основ, Македонија има загубено 25-30 милијарди евра! Милијарди евра, еееј! .Во текстот од каде ви ги пренесувам податоците пишува дека од почетокот на деведесеттите до крајот на втората деценија од овој век е изгубено по просечно 650 илјади евра  по секој граѓанин  на пост југословенските држави. Само го пренесувам податокот без да навлезам во методологијата на истражувањето зошто ме упатува на еден заклучок. Се она што е сметано за општествено богатство е прелеано ви раце на мал број на лица, домашни или странски. Тие се сопственици на богатството и нормално, ги диктираат процесите. Процесот ја зафати цела средна и Источна Европа како и Балканот. Само, резултатите не се исти ниту на национално ниту на поединечно ниво.

Словенија како најразвиен дел на Југославија, непосредно пред распадот имаше БДП двапати поголем од нашиот. Сегашните податоци кажуваат дека Словенија по жител има 4,5 пати поголем БДП. Хрватска е 2,5 пати над Македонија и 2 пати над Србија. Веројатно има нешто во европеизацијата, нели? А ние во 2023-та се занимаваме со бугаризација, без перспектива да престанеме, зошто така некому му е потребно да го продолжува процесот на користење на буџетот како бескраен низ на пљачкање на граѓаните.

Да завршам со прашањето, што ни беше темата за сите овие триесет години која ја подигаше температурата во општеството? Име, јазик, историја, народ, идентитет, разни меѓународни верификации… За тоа време не се изгради одржлив систем во ниту еден сегмент од општеството. Можеби само во банкарскиот сектор кој има двојна улога – и причина за слабостите во економијата и последица од истата слабост.

Сега ќе не замајуваат со исто така големи теми бидејки се неспремни за реформи кои можат да се прават под палката на преговорите со Европа. Тој процес изгледа не одговара на најголем дел од транзициските профитери кои и настанаа токму поради непостоењето на јасни правила и ОДГОВОРНОСТ кон заедницата и пред се државата Македонија со или без додавка. За жал, директно или индиректно, најчесто токму тие се јавуваат да бидат придвижувачи и реформатори на општеството – за да го спречат процесот!

А народот го ставаат повторно во проценти и статистики. За едно прашање 80% , 84% за друго. Милјарда евра изнесуваат субвенциите за земјоделие а храната ја имаме сѐ помалку по сѐ повисока цена. Кој добар домаќин нема да се замисли за последиците од ваквите политики кои се слични и во здравството и во образованието. Кои се политиките што ќе ги променат ваквите состојби? Како ќе се променат статистичките податоци во позитивна смисла? Тоа се прашања кои бараат одговор! Наместо тоа повторно ни нудат идентитетски прашања, историски личности и геополитички анализи. Не дека овие прашања се небитни, но дали тие се проблемот, затоа што според мое мислење идентитетот не може да се смени со никаков ферман? Повеќе ми стои дека е покривање на вистинските проблеми кои нашите „политичари“ не умеат а веројатно и не сакаат да ги решаваат. Ако и сега се фатиме на јадицата, мои почитувани сограѓани, нема вината да биде кај нив туку кај нас.

А, да прашам за етничкото потекло на богатите? Тие патриоти се или не? Ако се патриоти, како тогаш со преземањето на богатството и моќта не ја презедоа и одговорноста за својот народ и држава? Патриотизмот не е луксузна куќа, вила или автомобил. Тој е пат да се стигне до нив, тоа е модерната дефиниција. Ние оглувевме од дебатите ама и огуглавме на сѐ околу нас. Тие прогледаа, провидеа а огуглаа на нашите проблеми.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ