• Latest

Маричиќ: Меѓународниот ден на демократијата е повод да опстоиме во потрагата по демократски одговори на заканите во време на тензии и превирања

September 15, 2023

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ

Маричиќ: Меѓународниот ден на демократијата е повод да опстоиме во потрагата по демократски одговори на заканите во време на тензии и превирања

September 15, 2023 12:35
in ВЕСТИ, МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата посочува дека овој ден потсетува дека демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права се во основата на отпорните, инклузивни и сигурни општества, општества на граѓани на кои им е загарантирана слободата и достоинството, како и прогресот и одржливиот развој на нивната заедница.

Маричиќ на објава на неговиот профил на Фејсбук потенцира дека Меѓународниот ден на демократијата истовремено е и повод да опстоиме во потрагата по демократски одговори на заканите во време на тензии и превирања.

-Ова е време во кое имаме обврска силно да се вложуваме за да ги чуваме и развиваме демократските принципи на еднаквост, вклученост и солидарност, во кое посебно место имаат младите и идните генерации, како што порачува централната тема на годинешниот Меѓународниот ден на демократијата. Оттаму произлегува и нашата обврска на нашите младинки и младинци да им го обезбедиме исполнувањето на европскиот сон во својата држава. Да бидат Европјани, граѓани на ЕУ, во својата татковина, напиша тој.

Вицепремиерот Маричиќ посочува дека иднината на младите започнува денес и таа треба да им биде обезбедена со храбри одлуки кои, како што вели, треба да ги донесеме ние, политичарите кои имаме обврска да им обезбедиме подобро утре.

Tags: ЕУМаричиќ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ