• Latest
Фото: Влада на РСМ

Лазарова Трајковска: Политиката да ги тргне сите форми на влијание од судството

September 22, 2023
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: Принтскрин

Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Генералниот секретар на Советот на Европа загрижен поради протестите во Србија: Власта да го почитуваат правото на мирно собирање

August 15, 2025
Фотографија: МИА Архива

Министерот за одбрана на САД Хегсет ќе се придружи на самитот Трамп-Путин во Алјаска

August 15, 2025

ЗНМ: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

August 15, 2025

24 ЧАСА: Кривична за екс- претседателка на ДКСК – обвинува за притисок од власта; Путин на гости кај Трамп; судири, солзавец и демолирање на протестите во Србија; САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

August 15, 2025
Фотографија: МИА

Екс-антикорупционерката Ивановска доби кривична – обвинува за притисок од власта

August 15, 2025

МВР поднесе кривична против директорката од Демир Хисар за одземање или уништување службен печат или спис

August 15, 2025
Фото: УТМС. Скопје / Инстаграм

(РЕПРИНТ) Гордиевиот јазол – Антикорупциска, Цвета Ристовска и инкриминираната диплома на директорот на АНБ

August 15, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

August 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Лазарова Трајковска: Политиката да ги тргне сите форми на влијание од судството

September 22, 2023 14:24
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Фото: Влада на РСМ

Фото: Влада на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Ќе се гради интегритет на судството тогаш кога ќе се покаже силна политичка волја за тоа, кога политиката ќе ги тргне сите форми на влијание од судството и кога судиите ќе соберат сила јавно да ги детектираат проблемите и проблематичните меѓу себе. Мора да постои силно изразена политичка волја на сите чинители во општеството, на сите три власти, за респект на независноста на судството. Но, и судството мора да се охрабри и да зборува. Нам ни требаат одважни и самосвесни судии кои ќе знаат јавно да зборуваат. Судиите се се повлечени, се помалку подготвени за критички расправи и уште помалку за самокритика.

Вака Мирјана Лазарова Трајковска, судијка во Врховниот суд и поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права одговори денеска на прашањето, како да се врати довербата во домашното судство, што и го постави вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска на конференцијата „Зајакнување на жените и младите во борбата против корупцијата и во вградувањето на европските фундаментални права и вредности во регионот“.

Според Лазарова Трајковска, во овој момент главните оски на влијание на политиката врз судството се Академијата на судии и јавни обвинители и Судскиот совет.

-Регрутирањето на кадрите во судството оди преку овие институции. И ова е делот од каде политиката треба полека да се повлекува и да го остави судството само да се управува и да се самоорганизира, потенцира Лазарова Трајковска.

Таа порача дека без независно судство, нема придвижување напред и тоа, рече, не се тоа флоскули, туку се апели и повици за јасно почитување на поделбата на власта. Мора да се знае, подвлече Лазарова Трајковска, која е улогата на извршната власт, која е улогата на законодавната власт и каде и е местото на судската власт. Еден од проблемите, додаде, е и тоа што судовите не се доволно транспарентни и отворени кон јавноста.

-Не постои друг начин за да се врати довербата во судството. Претпоставувам дека ова е еден од најголемите предизвици пред кои ќе се соочиме со оглед дека со големиот број случувања и таа малку доверба во правосудниот систем, не само во судството, е силно разнишана. Јас секогаш велам дека мора да си повторуваме постојано дека независноста на судството е вистинската потпора на владеењето на правото и на демократските процеси. Без независно судство нема придвижување напред и тоа не се тоа флоскули, туку тоа се апели и повици за јасно почитување на поделбата на власта – да се знае која е улогата на извршната власт, која е улогата на законодавната власт и каде и е местото на судската власт. Ние во последните три децении сите гревови и грешки на извршната и законодавната власт сведочевме како се префрлаат и се одбиваат од плеќите на судството. И прстот постојано се упатува кон судството. Таквиот деградирачки и омаложувачки пристап кон судството, како имиџ се гради со години наназад и понекогаш и самите судии и судството учествуваат во тоа да се создаде претстава дека Судот не направил онолку колку што треба, истакна судијката.

Правдата, дополни, не треба да биде само изречена, туку треба да биде видливо изречена.

-За жал, во изминатите три децении, реформата на судството или градењето углед и доверба на судството, се сведуваше на носење нови закони, изменување, дополнување на закони. Тие уште не заживееле и одеднаш се пристапува кон нови измени. Кривичниот законик кој беше предмет на дебати и кој се уште е предмет на дебати, сменет е повеќе од 30 пати. И за судиите ваквата правна несигурност и ваквата правна нестабилност, претставува голем проблем. Замислете како е тоа за граѓанинот кој треба да има јасни и чисти правни очекувања од судството. Кога имате правна нестабилност, кога имате нестабилен правосуден систем кој постојано е изложен на промени, тешко може да очекувате предвидливи одлуки од еден суд. Одеднаш, со упад на измени на некој закон, се изместува цела една легислатива, се изместува цел еден систем на владеење на правото. Од друга страна, постојаните повикувања на судиите во предмети каде што се суди за лица од политиката или за политичарите, создава претстава дека судовите се занимаваат најмногу со такви предмети, а реалноста е многу поинаква. Пред судовите правда бараат граѓаните, најчесто во граѓански постапки, во управни постапки, а фокусот на јавноста е на казненото право, фокусот на јавноста е на кривичните постапки. И тука се гради јавниот имиџ или угледот на судството, рече Лазарова Трајковска.

За жал, предочи, во последните години и самите судии имаат перцепција дека нивниот интегритет е силно разнишан не само како последица на влијанијата и притисоците однадвор, туку и како резултат на процесите што се случуваат внатре во судството поради силната пенетрација на политиката.

-До пред неколку години имавме закон кој дозволуваше директен влез во високите судови, директно во апелационите судови, директно во врховните судови, и мерит системот на градење кариера во судството беше напуштен за еден добар временски период и сега ќе ги живееме последиците од тоа подолго време. И еден трет сегмент за кој не се зборува многу. Во последните петнаесетина години имаме шест закони за амнестија, имаме упади во кривичните закони, менување на кривичните постапки. Уште еден исклучително важен елемент е исто така подготвеноста на судовите транспарентно и отворено да ја информираат јавноста, да ја известуваат за начинот на работење. Се разбира тука постојат и голем број на сегменти коишто ќе влијаат за она што вие го нарековте ефикасно работење на судството. Ние се уште се справуваме со предмети, со списи во хартиена форма, а живееме во време на информатичко општество кога најголем дел од судовите во Европа ја користат максимално информатиката и комуникациските технологии. Но, тоа е една фаза која ќе зависи и од еден самостоен независен судски буџет, а не од буџет којшто е креиран и планиран од извршната власт, укажа Лазарова Трајковска.

Таа се осврна и на финансиската независност на судството на која, потенцира, исто така мора да се работи.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: врховен судкривични постапкиЛазарова Трајковскасудство
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ