• Latest

Силниот економски развој во земјите од големото проширување во 2004 е мотивација и за земјите кандидати за членство до 2030 година

October 2, 2023
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025

ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња, најдолгото ливче половина метар

October 16, 2025

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Национална прес конференција (08.10.2025)

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Силниот економски развој во земјите од големото проширување во 2004 е мотивација и за земјите кандидати за членство до 2030 година

Со фондовите на ЕУ, земјите членки од проширувањето во 2004 обновија и изградија модерна инфраструктура според највисоки европски стандарди

October 2, 2023 09:55
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Нашиот влез во ЕУ го финализираше огромниот напор на полската трансформација и во исто време беше почеток на нашата заедничка одговорност за Европа. Животот ја покажа мудроста на одлуката што ја донеле Полјаците интегрирајќи се во Европа. Речиси секој ден можеме да видиме дека можеме да направиме повеќе кога станува збор за поефективно решавање на проблемите, ако ги решиме заедно, како 28 земји-членки на ЕУ, а не да дејствуваме сами“, оценува европратеничката Данута Хубнер, полска министерка за европски прашања за време на проширувањето во 2004 и прв полски еврокомесар.

Денеска Полска, со сите противречности во однос на стратешките политики на ЕУ, од земја која ја перципираше ЕУ како средство за остварување на сопствените интереси, се претвори во земја која сега улествува во обликување на иднината на ЕУ. Нејзиниот извоз на стоки се зголеми за три пати, а на услуги за околу 160%, додека вредноста на странските инвестиции во Полска порасна речиси за половина до 46% од полскиот БДП.

„Големото проширување на ЕУ во 2004 година придонесе, спротивно на некои очекувања, за подлабока, поцелосна и подинамична, политички и економски посилна Европа. Знаевме уште тогаш, кога во 90-тите преговаравме за пристапувањето на Полска, дека проширувањето ќе донесе промени во нашата земја, промена на подобро, враќајќи нè во срцето на европскиот континент. Денес не можеме да замислиме да не бидеме дел од ЕУ и ние, Полјаците, сме горди што придонесуваме во обликувањето на нејзината иднина“, оценува некогашниот европратеникот Јацек Сарјуш-Волски, кој во 2004 година беше прв главен преговарач за полското членство во ЕУ.

Од исток кон југ, придобивките да се биде дел од ЕУ станаа опипливи. На пример, Малта, благодарение на пристапувањето во ЕУ, доби место на масата на исто ниво со големите и влијателни држави како Германија, Франција и Британија. Нејзините бизниси станаа способни да се натпреваруваат во новата и предизвикувачка средина каква што е деловната заедница и пазарот на ЕУ. Малта го усвои еврото во јануари 2008 година и од пристапувањето во ЕУ, Малтежаните почнаа да ги имплемнтираат европските вредности и стандарди. ЕУ ги подигна стандардите за здравје и безбедност и здравата храната. Им овозможи на студентите од островска Малта да се вклучат во програмите Еразмус.

Како и сега, и тогаш, во 2004 година, пристапувањето во ЕУ беше строго поврзана со европските вредности на демократија, владеење на правото и основните слободи и права.

Зајакната со овие искуствата од нејзиното минато проширување, ЕУ ги споделува овие вредности со своите партнери и соседи и ги остави вратите отворени вратите за сите оние европски земји кои се стремат да се приклучат и се подготвен да ги исполни сите услови.

Со фондовите на ЕУ, земјите членки од проширувањето во 2004 обновија и изградија модерна инфраструктура според највисоки европски стандарди

Во Брисел и на сите земји членки им е јасно дека војната во Украина покажа дека на ЕУ, повеќе од кога било, ѝ треба нова и ефикасна заедничка надворешна, безбедносна и енергетска политика заснована на солидарност, но и на новите околности од геостратешки аспект кои силно ја наметна итноста од следно проширување и тоа колку што е можно поскоро.

Целта е поставена во годината 2030, а процесите почнаа.

Европската унија ја помина првата фаза од проектот за реформи на блокот за да може тој да прими нови членки со измена на некои одредби за одлучување, како и финансирањето.

„Во Литванија, финансирањето на ЕУ ни помогна да спроведеме многу значајни проекти, вклучително и арените Паневезис и Сиаулиаи, спортското училиште во Пасвалис, западната обиколница Вилнус, кружниот премин Јакаи во Клаипеда, како и изградбата на една од најголемите и најмодерни библиотеки во балтичките земји. Центарот за научна комуникација и информирање на Универзитетот Вилнус. Парите на ЕУ, исто така, придонесоа за реновирање на повеќе од петстотини згради од јавно значење, како што се училишта, библиотеки и болници, за реконструкција и развој на повеќе од 150 системи за третман на вода и управување со отпадни води. Друг дел од поддршката на ЕУ ја добиваме индиректно преку отворање нови работни места и зајакнување на конкурентноста на компаниите, развивање на компетенциите на вработените, развој на здравствени и образовни услуги, зачувување на нашето културно наследство“, оценува по повод членството на Литванија во ЕУ, вели европратеничката Радвиле Моркунаите-Микуленије.

Таа дополнува дека „ слободата на движење низ ЕУ ни овозможува слободно да патуваме, да работиме, да учиме и да летуваме не само во Литванија, туку и во другите земји на ЕУ. ЕУ обезбедува неограничено образование и можности за превозници во Литванија. Над 20.000 литвански студенти веќе имаат корист од краткорочните студиски програми во различни земји на ЕУ“.

Оваа недела, на состанокот во јужниот шпански град Мурсија, министрите за европски прашања на ЕУ ги усвоија заклучоците за кои ќе одлучува самиот на европските лидери на 6 октомври во Гранада под шпанско претседателството, кога се очекува да бидат презентирани многу појасно контурите за реформи и подготовки за ново големо проширување.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУинтеграции
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ