• Latest
Фото: МИА/Влада

Предлог-законот за амнестија не е правен за личности, вели премиерот

October 3, 2023
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Предлог-законот за амнестија не е правен за личности, вели премиерот

October 3, 2023 14:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: МИА/Влада

Фото: МИА/Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Предлог-законот за амнестија е испратен во собраниска процедура без европско знаменце и не е правен за личности, туку за дела од помал обем, со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети во затворот Идризово и во другите сместувачки објекти во рамките на Управата за извршување на санкции, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Законот беше изработуван неколку месеци од страна на Министерството за правда и откако беше изработен беше испратен до сите пратенички групи во Собранието, вклучително и до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и затоа не е точно дека не го виделе законот. Диверзитетот на различни мислења кои постојат за законот се добри и можат да се земат различни аспекти во однос на ефектите на законот, рече Ковачевски во одговор на прашање при денешната посета на ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ објект „Парк“ во општина Центар по повод „Недела на детето“ заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

За законот, како што кажа, има различни мислења од кои дел се водат од хумани, а дел од рационални причини.

-Ист вакво закон се донесе во 2018 година и тогаш сите го поддржаа. Сега предложениот закон е дури и порестриктивен. Бројот на места во затворите е околу 2.113 колку што во моментов има лица во затвори. На издржување на казна чекаат уште 2.200 лица што значи дека во моментов се потребни 4.000 места за да се сместат сите кои чекаат за издржување на казна, рече Ковачевски и додаде дека најголемиот центар за сместување во државата со сите хотелски места има токму капацитет од 4.000 места.

Сите тие, да ги направите објекти за осуденици, посочи, за една недела повторно ќе фалат места.

-Затоа дел од пратениците и министрите со кои сум разговарал велат дека треба да има стратешки пристап кој според мене треба да се состои од три дела. Првиот дел е инвестирање во нови објекти за што владата преку ЕБОР има обезбедено 24 милиони евра за изградба на нов објект во рамки на затворот Идризово со сместувачки капацитет од 900 места и за реновирање на постојниот затворски капацитет. Второ е користењето на пробацијата која беше воведена во 2017 година кога четири лица беа предмет на пробација, а денеска се 450, бидејќи веќе се отворени такви центри со вработени стручни лица во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Битола, Струмица. Третиот е воведување на електронски алки за оние кои може да издржуваат казна во домашни услови, рече Ковачевски и посочи дека веќе се набавени електронски алки и наскоро таква постапка треба да се спроведе во пракса.

Новиот закон за амнестија, како што кажа, не е правен за личности, туку е правен за дела од помал обем кои се наведени во законското решение.

-Во законот многу јасно е прецизирано кои дела не можат да бидат амнестирани. Со оглед на чувствителноста на одредени случаи кои се случиле во минатото во државата пратеничката група на СДСМ  ќе поднесе амандман. Диверзитетот на различни мислења по овој закон покажува дека можат да се земат различни аспекти за неговото функционирање и низ демократска процедура да се дојде до решение кое ќе биде прифатливо за сите политички партии и за јавноста. Може да се дојде и до решени кое нема да биде прифатливо, бидејќи има најава од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го поддржат, прецизира Ковачевски.

Финалната форма на законското решение, како и дали ќе се донесе, посочи, ќе зависи од начинот на кој ќе биде образложено во Собранието од министерот за правда и од различните мислења, идеи и искуства од претходно донесениот ист закон во 2018 година.

-Таквиот процес ќе ги соочи аргументите кои ги имаат различните политички партии, па и различни експерти и функционери во рамки на одредена политичка партија, рече Ковачевски.

Tags: Закон за амнестијаКовачевски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ