ЗОРАН ИВАНОВ
Ќе разберат ли, барем во оваа една реченица новинарите, посебно главните уредници, нели демек и интелектуалци, дека реална Македонија е мултиетничка, мулти конфесионална, мулти културна, мулти …, мулти …, и дека дали некој Албанец или некој Турчин или некој Србин или некој Ром или некој Бошњак, Египјанин, Влав, Хрват, …, сеедно, ќе бил претседател на државата и од истиот негов род некој истовремено и премиер па и собраниски спикер, па уште и куп министри и, што, во што ви е проблемот, во што, па нели мерит систем, па нели волја на гласачите, па нели пропагиравте “бугаризација”, а сега кон што целите, сега што пропагирате, србизација ли, албанизација ли, евреизација ли, ајде гукнете, што, покрај новинарскиот примитивизам што друго сега “проповедате”, туку баталете тоа медиумските шовинистички екливибристики, ајде малку поглед во сопственото огледало каде што, како по правило, одговорите се токму таму, во него, во секој од нас.