• Latest

Ковачевски: Успеавме после 11 години комплетно недемократски режим да направиме голем исчекор во слободата на медиумите

October 14, 2023
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Успеавме после 11 години комплетно недемократски режим да направиме голем исчекор во слободата на медиумите

October 14, 2023 15:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на вчерашниот ден јас имав прес конференција, како што имам прес конфереција кога медиумите имаат желба да бидат присутни. И досега не се случило, видов натписи и одредени реакции утрово, досега не се случило да не одговорам на некое новинарско прашање. Не се случило на настан којшто е од јавен карактер да бидат присутни сите медиуми без никакви исклучоци. Кога зборуваме за слободата на медиумите и демократијата тогаш најдобро е да зборуваме врз основа на факти. Ние во државата успеавме после 11 години комплетно недемократски режим, кој одредени медиуми го поддржуваа, да направиме голем исчекор во слободата на медиумите и тоа се потврдува со рангирањето коешто нашата држава го има на листата на Репортери без Граници, изјави премиерот Димитар Ковачевски на народниот собир во Прилеп, с.Селце, во одговор на прашањето во врска со вчерашната скандалозна непријатност предизвикана од прашање на новинар.

Тој додаде дека сме биле држава која што беше на 120 место во светот според слободата на медиумите, денес сме 38 место според слободата на медиумите. Тоа е речиси сто места понапред.

„Сметам дека неколку работи се важни. Прво, во однос на слободата на медиумите имаме напреднато 100 места, второ дека одговорот не беше насочен кон новинар туку како што сега објаснив, насочен кон самото прашање и одговарање на концепт во однос на прашањето. И трето, што сакам да го истакнам дека во нашата држава постојат две политички партии кои во моментов се во опозицијата, тука мислам на ВМРО – ДПМНЕ и Левица кои единствена агенда во моментов им е ширење на тензии на национална основа која што го прават на секојдневна основа, тоа мислам ги става во прилично непријатна ситуација и медиумите со оглед на тоа што мора постојано да известуваат за се она што е кажано нормално од политичките партии“, потенцираше Ковачевски.

Тој заклучи дека тоа не води кон европски концепт на државата, туку води многу назад во концепт кој видовме како изгледаше во 2001 година, а го видовме и како изгледаше 11 години во време кога државата беше изолирани во однос на евроинтеграциите и интеграцијата во НАТО.

Tags: 11 години режимКовачевскинароден собирновинарствоПрилепслобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ