• Latest

Мишел со силна порака за Западен Балкан: Не дозволувајте духовите од минатото да ви ја попречат иднината

October 16, 2023
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Мишел со силна порака за Западен Балкан: Не дозволувајте духовите од минатото да ви ја попречат иднината

October 16, 2023 16:07
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Совет на Европа, Шарл Мишел, во обраќањето на Самитот на Берлискиот процес, што се одржува во Тирана, поконкретно се задржа неговиот прелог даден на самитот во Блед околу проширувањето на ЕУ во следните две децении.

Тој кажа дека е дојдено време ова ветување да се одржи и ги увери лидерите дека нема да чекаат толку долго и дека нема да бидат разочарани.

-Проширувањето е инвестиција во мирот и просперитетот и на ЕУ и на нашите идни членки. Оваа можност ја промовира нашата соработка со земјите од Западен Балкан. Вашето патување започна пред 20 години, но сепак беше бавно, сега знаеме дека дојде време да го одржиме ова ветување. Овој рок е дочекан со скептицизам во вашиот регион бидејќи толку долго чекавте, рече тој.

Мишел притоа потсети на изјава на албанскиот премиер Еди Рама.

-Знам дека Еди го спореди со невестата која никогаш не доаѓа на свадба, но ние ќе ја направиме оваа свадба. Нашиот план е сериозен за иднината на ЕУ. Не дозволувајте духовите од минатото да ви пречат во вашата иднина, порача Мишел.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја покажа намерата на унијата да му овозможи на Западен Балкан пристап до заедничкиот европски пазар.

-Поради оваа причина го претставив планот за раст. Сакаме да им овозможиме пристап до заедничкиот европски пазар. За ова ни требаат реформи во Западен Балкан и оние кои имаат волја за реформи ќе добијат средства од Европската Унија. Тоа е стимул за оние кои навистина сакаат да одат напред. Нашите врати се отворени, па ајде да работиме на ова напредување со овој план за раст, рече меѓу другото Лајен.

Таа во својот говор се задржа и на конфликтот во Украина и Израел.

-Какви приказни видовме на нашите екрани. Каква моќна порака е овој Самит денес. Ова е десетти пат да се сретнеме, а првпат тоа се случува во регионот. Ти (Еди Рама) објасни дека сме сведоци на страшна војна која Русија ја започна со својата агресија во Украина. Видовме и страшен терористички напад на Хамас во Израел, убивајќи жени, мажи, деца, повеќе од 1.400 луѓе станаа жртви на агресија и само затоа што се Евреи. Во овие времиња ни требаат најдобри можни пријатели. Затоа, ајде да работиме заедно за да станете дел од Европската Унија“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен.

Tags: ЕУЗападен БалканМишел
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ