• Latest

Гир: Следните чекори за евроинтеграциите се на вашите политички чинители

October 18, 2023

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Гир: Следните чекори за евроинтеграциите се на вашите политички чинители

October 18, 2023 14:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска порача дека има многу силна поддршка за европската иднина на државава и изрази надеж дека државава ќе се придвижи напред со усвојување на уставните измени и спроведување на реформите.

Одговарајќи на новинарски прашања Гир рече дека следните чекори на евроинтеграцискиот пат се одлуки што треба да ги донесат политичките чинители во земјава, а не Советот на Европската унија или земјите членки на ЕУ.

-Има многу силна поддршка за европската индина на Република Северна Македонија  и од институциите на ЕУ, но исто така и од земјите членки на ЕУ. Како што знаете со последната одлука што беше донесена во јули 2022 година имаше еден европски предлог што беше усогласен и всушност беше можност за отворање на пристапните преговори со вашата земја. Од друга страна, ова беше можност земјата да се придвижи напред и се разбира за да се придвижи треба да се усвојат уставните измени. Навистина искрено се надеваме дека земјата ќе може да се придвижи напред со усвојување на уставните измени, исто и со спроведување на реформите што всушност се дел на европскиот интегративен пат на вашата земја. Што се однесува на следните чекори, се разбира дека тие се одлуки коишто треба да се носат од страна на вашата земја, на политичките чинители, не е на Советот на ЕУ, ниту од земјите членки на ЕУ, изјави Гир кој со премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерт за европски прашања Бојан Маричиќ беше во посетата на компанија во Скопје.

Прашан за коментар  за застарувањето на делото од предметот „Таргет тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, евроамбасадорот рече дека не може да коментира, но оти ставот на Европската комисија во однос на измените на Кривичниот законик не е сменет.  Потсети дека ЕК претходно изрази длабока загриженост во врска со импликациите што ги има принципот на неказнивост поради измените на Кривичниот законик, како и употребата на европското знаменце при нивното носење.

-Мислам дека ставот на ЕК е многу јасен. Нејзиниот став не е сменет. Се разбира, од наша страна ние можеме да кажеме само дека одблиску ги следиме сите случувања коишто се поврзани со судството, се разбира и сите измени или последици коишто произлегуваат од измените на Кривичниот законик. Ќе излеземе со нови оценки, со нови коментари во врска со понатамошни можни идни развои на ситуацијата, изјави Гир.

Tags: ГирЕУпроширување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ