• Latest
Фото: МИА

Фон дер Лајен: Се соочуваме со големи предизвици кои не засегаат сите и бараат наша соработка

October 25, 2023

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Фон дер Лајен: Се соочуваме со големи предизвици кои не засегаат сите и бараат наша соработка

October 25, 2023 19:28
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Пред 18 дена грозоморниот терористички напад на Хамас врз Израел предизвика уште поголем конфликт и страдање во регионот, русија води империјалистичка агресивна војна против нејзиниот помал демократски сосед Украина, ние сме во климатска криза и се уште се опоравуваме од Ковид пандемијата која уништи животи, средства за живот и трговијата, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во воведното обраќање на Форумот „Глобална порта“ во Брисел.

– Тоа се големи предизвици кои не засегаат сите нас и бараат наша соработка. Судбината на сегашните и идните генерации зависи, повеќе од кога било досега, од квалитетот и квантитетот на инфраструктурата што не поврзува сите нас. Инвестиции во прифатлива, чиста енергија. Инвестиции во дигитална инфраструктура. Инвестиции за подобро обучување на нашите работници со вештини кои одговараат на работните места за во иднина, истакна Фон дер Лајен во обраќањето пред претставниците на земји членки и партнери на ЕУ, на меѓународни организации, граѓанското општество, приватниот сектор и финансиски институции присутни на Форумот, пренесува МИА.

Од тие причини, според неа, ЕУ ја предложи најголемата глобална инвестициска програма во Европа досега наречена „Глобална порта“, која опфаќа 300 милијарди евра за финансирање и изградба на еколошки чиста инфраструктура.

– Глобалната порта има можност да направи разлика. Исто толку важно, Глобалната порта поставува нов пристап кон големите инфраструктурни проекти. За нас е важно што Глобалната порта е им дава избор на земјите – подобар избори, бидејќи за многу држави ширум светот, можностите за инвестирање не само што се ограничени, туку се многу мали и понекогаш и со многу висока цена, рече претседателката на ЕК.

Според неа, таа висока цена понекогаш ја плаќаат работниците, кои се лишени од нивните права, а во некои случаи таа го загрозува националниот суверенитет на државите.

– Ниту една земја не треба да се соочи со ситуација во која единствената опција за финансирање на нејзината основна инфраструктура е да ја продаде својата иднина, потенцира Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека ЕУ има јасен стратешки интерес за здружување на силите за надминување на глобалните предизвици.

– А има глобални предизвици. Вирусот не познава граници. Климатските промени не познаваат граници. Истото важи и за влијанието на тероризмот и војната. Знаеме дека нашата безбедност е изградена на вашата безбедност и обратно. Нашата конкурентност се зголемува кога вашите економии растат и просперираат. Нашата издржливост е посилна кога вие, нашите пријатели, сте исто така поиздржливи. Тогаш сите ќе победиме. Затоа Европа избра да соработува поблиску со нашите партнери. И две години откако ја лансиравме „Глобалната порта“, ги гледаме позитивните резултати, истакна Фон дер Лајен.

Како успешни приказни од програмата таа ги посочи изградбата на првиот капацитет за производство на вакцини против ковид, маларија, туберкулоза и ХИВ во Африка, како заеднички проект на ЕУ, Гана, Руанда, Сенегал и Јужна Африка, потоа отворањето фабрика за вакцини против грип во Мексико, проектите за производство на соларна, еолска и хидро енергија во Бангладеш и Виетнам, поставувањето интернет кабли со оптички влакна под Црното Море до Грузија и Централна Азија и поврзувањето на железничките и електричните мрежи на Западниот Балкан, Молдавија и Украина, за нивно доближиме единствениот европски пазар.

– Од лансирањето на Глобалната порта во 2021 година, Европската Унија веќе има одвои 66 милијарди евра за трансформативни проекти. Речиси половина од ова се грантови кои не мора да се враќаат. И ова е само од нашиот буџет на ЕУ. Има уште многу да се направи, но веќе денес можеме да кажеме дека Глобалната порта дава резултати, заклучи Фон дер Лајен.

Таа се осврна и на климатските промени, кои, како што рече, предизвикуваат огромна нестабилност и страдање, но нудат и економски можности.

– Затоа, чистата технологија и чистата енергија станаа приоритет на инвестициите на Глобалната порта. Се повеќе економии во развој се приклучуваат кон трката за чиста енергија, многу ми е драго поради ова. Тие сакаат да ја развиваат својата економија додека ги штитат белите дробови на светот. Тие имаат огромен потенцијал да го направат тоа: обновлива енергија и чист водород, критични суровини, богат биодиверзитет и млада работна сила. Така, економиите во развој можат да бидат клучен дел од решението за климатските промени. И ние Европејците можеме да ги диверзифицираме и зајакнеме нашите синџири на снабдување на тие растечки, динамични нови пазари. Тоа е причината зошто инвестициите на Глобалната порта функционираат: тие се водени од побарувачката и тие се вин-вин решение за сите вклучени партнери, додаде претседателката на ЕК.

Таа најави поддршка за изградба на стратешки економски коридори за поврзување на африканските брегови на Атлантскиот и Индискиот Океан, како и проекти во Колумбија, Мавританија и Казахстан

– Замислете само чист челик и бетон или чисти ѓубрива и хемикалии, чисти возови и бродови. Светот тоа го бара. Така ние заедно, ако го правиме тоа правилно и ако работиме напорно, можеме да станеме глобални лидери во чистите индустрии на иднината, истакна Фон дер Лајен.

Сепак, според неа, во реализацијата на сите овие проекти, клучна улога мора да има приватниот сектор за подобрувањето на брзината, обемот и влијанието на инвестициите на Глобалната порта.

– Ни треба приватниот сектор. Затоа блиската соработка со бизнисот е еден многу важен столб на Глобалната порта. Ја мобилизираме финансиската моќ на водечките европски компании. Магијата е во оваа јавно-приватна тимска работа за да можеме да обезбедиме долгорочна предвидливост што им е потребна на приватните инвеститори за да започнат амбициозни проекти. Решени сме да ја надминеме секоја пречка што ни е на патот. Ние можеме да го направиме тоа заедно. Ако ги здружиме силите, можеме да поместиме планини и да успееме. И затоа, вашиот придонес и совет се многу важни за нас, нагласи Фон дер Лајен во обраќањето.

На Форумот учествува и македонска делегација предводена од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој престојот во Брисел го искористи и за повеќе средби со претставници на Европската комисија со кои разговараше за процесот на пристапните преговори на земјава во ЕУ.

Tags: БриселФон Дер ЛаjенФорумот „Глобална порта“
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ