• Latest

24 ВЕСТИ: „Гарантирани цени“ до крајот на годината; за граѓаните ЕУ е најдобра алтернатива; Северна Македонија се приклучи кон Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани

October 27, 2023
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ВЕСТИ: „Гарантирани цени“ до крајот на годината; за граѓаните ЕУ е најдобра алтернатива; Северна Македонија се приклучи кон Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани

October 27, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

„Гарантирани цени“ до крајот на годината, укината забраната за акции и промоции

До крајот на годинава ќе важи мерката за намалени цени на основните прехранбени производи и алкохолните и безалкохолните пијалоци што од 20 септември се продаваат со ознаката „гарантирана цена“, а укината е одлуката за забрана на акции и промоции од страна на производителите и дистрибутерите, одлучи денеска Владата.

– По вчерашната конференција и дискусија со трговците на мало и на големо и производителите, како и со помош на Стопанската комора на Северна Македонија за да нема заблуда во делот на трговијата, денеска, на предлог на Министерството за економија, укината е Одлуката во делот на акциите имајќи во предвид дека одредени трговци на мало ја толкуваа претходната одлука како неможност за давање акции и промоции. Тоа значи дека сега и производителите и дистрибутерите ќе може да организираат такви акции со цел да ги намалат цените за потрошувачите, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Николовски: За граѓаните ЕУ е најдобра алтернатива, стравот од губење на идентитетот е зачинет со дезинформации

Мнозинството граѓани во земјава сметаат дека влезот во Европската Унија е добра работа и дека Унијата е најдобра алтернатива за државата, и дека односот е два спрема еден, што е позитивна бројка на која треба да се задржиме, вели Димитар Николовски, извршен директор на Евротинк – Центар за европски стратегии, во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

 

„Имаме прилично добар невладин сектор што се бори против дезинформациите, меѓутоа се бори со едни чудовишта на пропагандата на кои и многу понапредни и подемократски општества од нашето не можат да се справат и да изнајдат решенија. Борбата против дезинформациите е еден долг процес и мора да се работи многу повеќе со граѓаните и со развивање на медиумската писменост кај граѓаните“, вели Николовски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ХИБРИДНИ ЗАКАНИ Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на официјалната посета на Финска, заедно со директорката на Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани во Хелсинки, Теја Тииликаинен го потпишаа Меморандумот за пристапување на Северна Македонија кон споменатиот Центар, со што земјава стана 35-та земја учесничка.

ОДБРАНА Следната година влегуваме во процес на набавка на дронови за македонската Армија, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска.

МИР Вкупно 76 европратеници испратија заедничко писмо до лидерите на Европската комисија и Советот на ЕУ со кое бараат од нив „да се заложат за итен прекин на огнот“ во Газа за да се овозможи хуманитарен пристап до цивилното население.

ГОВОР НА ОМРАЗА На мрежата Икс се појави фотографија од продавница за книги во Истанбул на чиј влез е истакнат натпис со антисемитска содржина на кој пишува дека влезот за „Евреите не е дозволен“. Ова потсетува на едно друго време, 1930-тите години од минатиот век и една друга држава (се мисли на нацистичка Германија), кога вакви натписи, со забрана за влез на Евреите, беа истакнувани на продавници, трамваи, училишта, и истите претставуваа злослутен предвесник на Холокаустот.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Руската агресија врз населените места во повеќе региони во Украина продолжува и изминативе 24 часа. Според извештаите на Укринформ, во текот на изминатиот ден во регионот Запорижја извршени се 133 руски напади на 19 населени места. Убиени и повредение во руско гранатирање на Херсон, врз градот истрелани 33 проектили.

*

Руската пропаганда во окупираните украински територии – Донецк: Информативен вакуум и тривијални вести

Локалните канали во окупираниот регион Донецк не гледаат терористи и страсно ги поддржуваат „социјално блиските“ до нив – ХАМАС. Руската пропаганда никогаш не виде проблем да се преправа дека е „антифашистичка“ и во исто време да биде отворено антисемитска.

АЛ-ПРЕС

Вчерашната средба на Курти и Вучиќ со европските лидери ( Макрон, Мелони, Шолц, Борел и Мишел) во Брисел, заврши без резултати. Средбата е прва од овој тип по нападите на северот на Косово на 24 септември. Европскиот совет денеска ќе расправа за односите меѓу Косово и Србија во текот на вториот ден од самитот на Европската унија, пишуваат косовските медиуми.

Во Албанија, Специјалниот суд ја одобри мерката за безбедност за Сали Бериша, а двајцата адвокати се откажаа од одбраната, пишуваат албанските медиуми.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа,  од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Доаѓаат избори. Да, се гледа тоа и во утринската програма на МТВ, особено како што сум забележал во нивните вести. И покрај тоа што вообичаено, секаде во светот (сега со кабловскиве барам имаме прилика да видиме) тие се речиси санитарно исчистени од политичка пропаганда и посветени на она што ни носи новиот ден (каде ќе нема струја, дали се проодни патиштата, временските прилики, какви културни настани ни носи денот) уредникот на вестите одлучил тука да опонира нешто што власта го издвоила претходниот ден.

Најидеален метод се анкетите. Тука на некој начин се користи советската школа на монтажа на атракции – секако во помалку амбициозен потфат – па ќе ги издвоите оние сегменти од изјавите кои ви одговараат“, пишува Љубомир Костовски во колумната „Да се победи робот во себе“.

*

„Група Палестинци од Газа ја преминаа границата на 29 април, 1956 година, за да ја ограбат жетвата на полињата на кибуцот Нахал Оз. Еден млад еврејски член на кибуцот, кој патролирал по полињата, Рои, се упати кон нив на својот коњ, мавтајќи со стап за да ги избрка. Палестинците го фатиле и го однеле во Појасот Газа. Кога ОН го вратиле, неговото тело било осакатено.

Моше Дајан, тогашниот началник на генералштабот на ИДФ, одржа посмртен говор на погребот следниот ден: „Да не ги обвинуваме денеска убијците. Каков аргумент имаме против нивната смртна омраза кон нас? Последните осум години живеат во бегалски кампови во Газа, додека ние, пред нивни очи, ја претвораме во наше наследство земјата и селата во кои некогаш живееле  нивните предци. Вината за смртта на Рои не треба да ја бараме кај Арапите во Газа, туку кај нас. Како се случи да сме толку слепи, да одбиваме директно да погледнеме во нашата судбина и да ја видиме судбината на нашата генерација во сета нејзина бруталност. Заборавивме ли дека оваа група млади луѓе кои живеат во Нахал Оз го носат товарот на портите на Газа на своите плеќи?“, пишува Славој Жижек во анализата „Кој е виновен?“.

*

„Нашите телевизии и мноштво медиуми може благовремено и да си се престројат пред двојната немилост што може да ги закачи со излегувањето на вистината како стојат работите. Не чукање по гради и нагаѓање од нигде ништо или од горливи желби да биде вака или така, оти малкумина знаат само малку повеќе од другите. Бидејќи, ако медиумите ги поддржуваат кочничарите и практично, ја закочат работата кон ЕУ – дали добро им се пишува меѓу сите останати, а ако успее работата со ЕУ и покрај нивното соучество во кочењето, пак – дали добро им се пишува наспроти сите останати“, пишува Емилија Целакоска во колумната „Друг ги испорача „добрата“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ