• Latest
Љубомир Костовски, политички аналитичар

Да се победи робот во себе

October 27, 2023

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Да се победи робот во себе

October 27, 2023 07:30
in МЕДИУМИ, СТАВОВИ, ТОП 5
Љубомир Костовски, политички аналитичар

Љубомир Костовски, политички аналитичар

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Доаѓаат избори. Да, се гледа тоа и во утринската програма на МТВ, особено како што сум забележал во нивните вести. И покрај тоа што вообичаено, секаде во светот (сега со кабловскиве барам имаме прилика да видиме) тие се речиси санитарно исчистени од политичка пропаганда и посветени на она што ни носи новиот ден (каде ќе нема струја, дали се проодни патиштата, временските прилики, какви културни настани ни носи денот) уредникот на вестите одлучил тука да опонира нешто што власта го издвоила претходниот ден.

Најидеален метод се анкетите. Тука на некој начин се користи советската школа на монтажа на атракции – секако во помалку амбициозен потфат – па ќе ги издвоите оние сегменти од изјавите кои ви одговараат.

И самиот бев анкетиран она пладне кога државата ги зголеми стапките на оданочување на производи кои претходни имале минимални давачки. Не знам колку граѓани анкетирала екипата на МТВ но на крајот на екранот излегоа тројца „испрашани“. Една од нив, првата, снимена малку подалеку од маркетот немаше ни торби ни кеси ама беше добро опремена за одговорот – не носи „опрема“ бидејќи не може ништо да купи во продавниците?! Втората анкетирана држеше час по политичка економија против државата. И таа не видов дека нешто купила.

И јас и сопругата дојдовме трети на ред. Имавме торби, сме пазареле очевидно, но ја разочаравме анкетарката со одговорот дека не видовме нови цени кај она што ни го однесовме на касата. По ова се прејде на план Б – прашање е дали сепак продуктите се скапи (генерално). Од она што го одговоривме со сопругата излезе само дел од една реченица, моја, просто извлечена од контекст, дека високите цени на храната се светски тренд! Но не и зошто тоа се случува и каков е нашиот одговор на тој тренд, за што говорев, ама тоа не се вклопи во она што требаше да се најде на вестите. А на нив требаше да се излезе незадоволство од економската политика на власта.

Денес видов, наутро, во вестите во 9 часот слична анкета која требаше да биде пандан на изјавата на министерот за финансии за падот на инфлацијата (што е несомнен успех и во светски рамки а камо ли во однос на соседите). И одново анкети на улица каде што сите говорат дека им е тешко, иако на прашањето дека платите и пензиите сепак се покачени, што не можеа да го оспорат, барем овој пат.

И тука е неизбежниот критичар на економската политика на Владата – ексминистерот Хајредини со една реченица, дека Албанија успеала цела година да ги држи цените под контрола! Ако ова го докаже и образложи, би можел да добие Нобелова награда за економија. Ова би ги интересирало сите владини кабинети на планетата, нели. (Патем, инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци во Албанија летниве месеци се движи околу бројката 7,9 отсто.)

Онака како што се прават овие емисии и прилози, само покажуваат дека нашите уредници и новинарите не успеале да го победат „робот во себе“, да искористам еден израз на кандидатот за градоначалник на Белград, Владета Јанковиќ, умен човек кој објаснува конкретно зошто секогаш ќе гласаат за СНС и покрај тоа што таму пак има двојно поголема инфлација од кај нас, политичкиот систем е за никаде и слично. Исто како што кај нас гласачите во голем број се за ДПМНЕ, што и да преставува таа партија, и што се нејзините ефекти во владеењето. Да го земеме најсвежото – што донесе промената на градските власти во најголем број наши населени места!

Робот во себе го имаат секако и креаторите во нашите медиуми. Никако да се ослободат од своето слугување на Шампитата, нешто што дури има и патолошки белези.


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ